1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Трошоци за бебиња до 1год.

Дискусија во 'Бебе' започната од captivating, 17 октомври 2013.

  1. Hatula

    Hatula Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2017
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    497
    Пол:
    Женски
    И мене ме зачуди ова со витамините и Омега за новороденче. Јас памтам за ќерка ми, само Вигантол ми рекоа да давам и на прва контрола на 1м педијатарот ни препорача пробиотик. Јас давав Биогаја, не ми наметнал тој кој стриктно.
    Овде Омега или мултивитамини никој не дава на бебе без потреба. Омега прв пат дадов на своја рака, кога имаше 4 год веќе ќерка ми Молерс.
    Бидејќи многу малку јадеше и претежно беше на доење (кога имаше веќе 2год.) сама го прашував педијатарот за некој суплемент или сирупи за апетит, одговорот беше “батали ги тие, освен маркетинг за ништо друго не се”. Затоа и ме чуди што во МК толку се претерува, ама како што објаснивте бизнис си тераат.

    Инаку за влажни салфетки, јас до ден денес ги купувам Babylove од ДМ мислам сензитив беа во белата опаковка. Сум купувала и на Памперс, Пуфис, Waterwipes ама овие најмногу ми се погодени.
     
    На cresa-jagoda, kikikikirika и sani99 им се допаѓа ова.
  2. azelea

    azelea Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    3.574
    Допаѓања:
    15.590
    И мене ми беше чудно после раѓањето на втората ќерка пред две години кога докторите кажуваа да се дава бејбитол и омега ,затоа што за големата ќерка ништо од тоа не давав пред осум години освен вигантол.Земав само едно пакетче бејбитол ама ужас тоа капсулите пола од течноста истекува не знаеш ни дали цела доза ја примилот,така да баталив тоа и си нарачувам само вигантол и тоа давав/давам еве веќе две години.Омега исто не земав од наведената фирма , на своја рака така решив како претходно не беше потребно омега за бебиња ,е сега веќе им давам на двете Молерс со години го користиме и за големата и сме задоволни.
    За фирмата истава афера ја паметам и мене ми беше сомнителна и шубе да купувам од тие ,така да од старт си терам со вигантолот.
     
    На cresa-jagoda и JuLleE им се допаѓа ова.
  3. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.824
    Допаѓања:
    13.391
    Исто и јас за првото дете не сум давала Бејбитол. Со второво се породив во приватна болница и одма ми ги препишаа овие, уште терам зашто не ми кажаа да сменам. Сакам да почнам со Пливит д3, но не знам по колку капки, пет месеци е. Знаеш? Извини, малку оф топик отидов.
     
  4. anngelique

    anngelique Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    2.663
    Допаѓања:
    6.424
    Пол:
    Женски
    По 200ие е една капка на пливит, пишува на упатството
     
  5. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.824
    Допаѓања:
    13.391
    Фала. Се чудам што сите доктори го препишуваат Бејбитолов, плус многу скапи се. Јас омега на големата не сум и давала.
     
  6. azelea

    azelea Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    3.574
    Допаѓања:
    15.590
    Искрено не знам ,не сум давала никогаш пливит ама мислам дека се дуплираше дозата за разлика од вигантолот оти една капка има 200ие а во вигантолот 400 ие и во бејбитол мислам беше така,ама најдобро со ортопедот да се консултираш оти јас витамин д давам колку ми кажува ортопед.
     
  7. anngelique

    anngelique Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    2.663
    Допаѓања:
    6.424
    Пол:
    Женски
    Ние на почетокот дававме бејбитол, после матичната ни ги препиша пливит д3 на рецепта 20 денари, во консултација со ортопед одредивме доза според килажа. Јас давам 4 капки ама и 400 ие давам со омега и вкупно ми доаѓа 1200
     
  8. LiquidLuna

    LiquidLuna Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    4.902
    Допаѓања:
    20.118
    Пол:
    Женски
    Оф јас па од слипи пелените ич не бев задоволна. Мочка пропуштаа, за каки шо да кажам. На крај се и потпари, целиот газ рани и беше (facepalm)
     
    На AngelOfArh му/ѝ се допаѓа ова.
  9. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.163
    Допаѓања:
    102.125
    Пол:
    Женски
    Есприко има и сируп за помали. Внука ми и нарачуваа од Америка дури немаше тука и нарачуваа. Најдобар препарат е.
    Па затоа барав мало пакување. Вака од Бејбилав сум презадоволна, а мислам и со цени ќе бидат ок со новиве цени на пелени од други производители.
     
    На JuLleE и LiquidLuna им се допаѓа ова.
  10. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.679
    Допаѓања:
    174.606
    Пол:
    Женски
    И ја вака исто се осеќав за првото. Кога во коментари ќе почнеа да редат што се даваат си набивав грижа на совест. Ама одамна више не ми е гајле. И за првото и сега давам само витамин Д кој што е навистина битен.

    Ние сме држава на суплементи и репер за ништо. Зошто вештачки да се бустаме кога балансирана исхрана е лек и превентива па за скоро се. Во Македонија се потребни кампањи за менување на животниот стил односно лошите навики и преминување кон поздрав и побалансиран начин на живот. Ама во длабоко корумпирана земја некои работи се тешки за менување. Впрочем како иначе фармацевтската индустрија што “посебно постои” само во сиромашни земји ќе праи пари.

    Бамбусовите чинии по некоја логика нели би требало да се здрава варијанта на бејби/детски производи?! :?: Ама без никакви контроли и мислејќи само на заработка добиваме само афери каде за пари се нешто ќе ти шитнат.
     
    На kikikikirika, ladystardust, Mnik и 4 други им се допаѓа ова.
  11. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.408
    Пол:
    Женски
    Не е ни за пари, пак е до државата и регулативите.
    Прост пример ќе земам - за извоз друг е Кафетинот, друг е за домашен пазар.
    Кај нас се проаѓа.
    И да, може бамбусовите се океј сегде ама кај нас завршиле тие со грешка...
     
    На eli25, Yowannty и JuLleE им се допаѓа ова.
  12. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.334
    Допаѓања:
    249.327
    Не знаев дека ги има за помали. Јас лично видов ефект и топло ги препорачувам. Нам доктор ни ги препиша. Сега се мислам пак да ги земам.
     
  13. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.679
    Допаѓања:
    174.606
    Пол:
    Женски
    Тоа е исто друг голем проблем. Ми текнува на муабетот во 40ка за Винчини и како еден рецепт е за ЕУ, друг за дома. Со се е така. Ко ние да сме небитни.
    Проблемот е многу длабок.
     
    На cresa-jagoda и JuLleE им се допаѓа ова.
  14. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.408
    Пол:
    Женски
    Така е, со се.
    И со работата можам ова да го увидам со свои очи.
    Се може да влезе и пројде у државава. Ама се.
    Не зборам за дрога, таков криминал, туку производи. Што по мене е уште поголем криминал.
    Еве конкретно, 4УФарма произведува 90% само за деца и бебиња... продава тука, зашто само тука и ќе и купат. Никој во ЕУ земја нема да препорача тоа.
    Се надевам само не не трујат.
     
    На JuLleE и Yowannty им се допаѓа ова.
  15. Kolache na mama

    Kolache na mama Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 декември 2020
    Пораки:
    1.348
    Допаѓања:
    2.848
    Пол:
    Женски
    Еден плус во клубот на ненормални :D.
    Давам Д3 само. Од омега поголемото ми се исфрли само што му дадов и прекинав. Кога читав тука како е добро за мозокот, а јас не давам грижа на совест имав. Па имаше една мајка од Грција даваше топ совети и кога кажа дека не се дава, а сите мајки и рипнаа дека треба, одма сфатив дека правилна одлука сум добила. Нешто слично како @JuLleE кога се објаснуваше за пробиотикот, па прекинав да давам, бебе се прероди и почна да си кака.
     
    На JuLleE, Yowannty и TeddyGrey им се допаѓа ова.
  16. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    4.399
    Допаѓања:
    33.691
    Пол:
    Женски
    Ние сме држава на таблетомани, сирупомани итн др ма(а)ни :D
     
    На fashion-addict му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Anturium

    Anturium Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    2.900
    Допаѓања:
    6.125
    Пол:
    Женски
    И јас давам Д3, препишан од педијатар, ништо друго. Давав 1-2 недели биогаја пробиотик по совет на патронажна, ама му правеше запек и тоа фрлив. Кога ве читам што се давате се мислам дали јас грешам, ама па тука никој нема спомнато за никакви други витамини. Мајчиното и адаптираното не содржат веќе доволно количина од нив? Зошто ги додавате плус?
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  18. anngelique

    anngelique Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    2.663
    Допаѓања:
    6.424
    Пол:
    Женски
    Мене повеќе педијатри ми рекоа д3, омега и пробиотик да давам. Омега не давам редовно а другово да
     
    На Anturium му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Amora

    Amora Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2022
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    274
    Пол:
    Женски
    И јас исто давам само Д3 по препорака на неговата матична, додека ве читам и јас бев цела во прашалници каде грешам што не давам друго ништо :?:
     
    На Anturium му/ѝ се допаѓа ова.
  20. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.334
    Допаѓања:
    249.327
    За пробиотик знам што зборувам, оти сум искусила и сум консултирала специјалисти. Мора да се остават цревата сами да почнат да работат. Но лошо заврши дискусијата.
     
    На kikikikirika, Anturium, Kolache na mama и 1 друга личност им се допаѓа ова.