1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Трошоци за бебиња до 1год.

Дискусија во 'Бебе' започната од captivating, 17 октомври 2013.

  1. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.074
    Допаѓања:
    9.670
    Пол:
    Женски
    Исто и јас, само Д3 од Пливит. Во болница ми препорачаа на тоа ливчето нели Еспумисан, ама благодарние на золва ми што не е во МКД не дадов. Она ми рече дека се јаки за бебе и дека некои бебиња од нив уште повеќе грчеви добивале. Само Ваја пробиотик давав, итоа едно шишенце неколку дена и толку, совет од неа и се консултирав со доктор и он ни рече може. Ако сам не прашаш овде освен Бејбитол и Еспумисан друго не ти кажуваат.
    На моево дете топла тетра на меше и држење на ноџињата свиткани за да си прцне, да се олесни, најмногу ми помагаше и Вајата 1 недела или нешто така, толку.
    Се е маркетинг, безобразни
     
    На nevermet18 и Kolache na mama им се допаѓа ова.
  2. doubleinfinity

    doubleinfinity Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    2.295
    Допаѓања:
    4.474
    Пол:
    Женски
    @JuLleE немам читано никаква дискусија претходно ама ме интересира за пробиотикот...можеш и ЛП да ми пишеш...моето има скоро две години, јас цело време давам, со мали прекини...пред 2 месеци после примање антибиотик имаше проблем со какање, совет од фармацевт ми беше прекини го пробиотикот, прекинав и се среди столицата па пак продолжив...Најмногу давам бидејќи е склон на алергии и има атопична кожа а досега сите доктори кај што сме биле, а сме биле кај доста, ме советувале да давам пробиотик баш за атопијата...Ама ме интересираат и надворешни информации
     
  3. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.334
    Допаѓања:
    249.327
    Штом има потреба тогаш ќе си слушаш доктор. Кај здрави бебиња, без никаков проблем нема потреба. Колку што е добар, толку може да се навикнат цревата на него. Знам дека се дава најмногу до три месеци. Пробиотик е за регулирање на цревната флора доколку има потреба.
     
    На doubleinfinity му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Em4e711

    Em4e711 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    382
    Не ја читав цела тема но ќе искоментирам за пробкотикот. Породена бев со царски, ни во болница ни педијатарот ми рекоа да давам пробиотик на бебето, и го прашував секоја контрола но секогаш ми викаше дека нема потреба, а му верувам, важи за најдобрите педијатри во Ск.
    И сега давам само кога пие антибиотик, или ако има проблем со какањето што мн ретко се случило.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  5. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.028
    Допаѓања:
    4.534
    Пол:
    Женски
    +1 што давам само д витамин и ништо друго.

    За пробиотик ми рече докторот само за грчеви да пробаме ако сакаме, а не за запек. Место тоа купував тие две три недели Хип комбиотик млеко, што има некакви бактерии за цревата во него, ама бебето нејќеше да го пие и така остана. Ми рекоа до три дена ако не кака нема потреба од давање ништо. Од пробиотик станувале мрзливи цревата, па затоа не му дадов, а и немаше потреба.

    Од бебешка аптека дома имам само :
    - парацетамол чепчиња што ги добив на рецепт
    - гел за смирување на непцата од заби 10 евра е некаде ама брзо се троши
    - капки витамин Д што и јас си ги користам за да не стојат долго отворени дека бавно се трошат.
     
    На nevermet18, cresa-jagoda, mssuniquee и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Autumn Love

    Autumn Love Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2020
    Пораки:
    1.902
    Допаѓања:
    5.202
    Темава реално нема никаква смисла.
    На пазарот денеска има производи за сечиј џеб, апсолутно не може да се генерализира.

    За храна и козметика на дете не планирам да штедам, ако за мене бирам креми и читам со денови состав, истото и за него. Исто и за седиште за во кола.
    За облека и обувки преферирам квалитет пред квантитет. Најчесто купувам на попуст унапред со план, и ми испаѓа поефтино. И за играчки ја имам истата политика, не се затрупуваме со еден тон.

    Иначе пред да се роди од мерак се купија многу ствари, речиси ништо не искористивме. Така да и без релаксатор се може и без количка и без гнездо и без креветче, не е дека нештото е морален трошок.
     
    На Калатеа, Freckles. и lovely91 им се допаѓа ова.
  7. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.473
    Допаѓања:
    201.285
    Пол:
    Женски
    Од пробиотици цревата не стануваат мрзливи, кој ти го кажал тоа?
    Здрави црева и цревна флора се многу важни, а пробиотиците помагаат да се обновува цревната флора. Има пробиотици во исхраната, ама реално, не е доволно, оти самата храна е претежно индустриски произведена и преработена, па не овозможува доволен внес на она што е потребно за добро функционирање на цревата.

    Јас лично, на деца давам д3 редовно, омега повремено и пробиотик почесто. Друго ништо.
     
    На Eli23, GirlRose, Freckles. и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Lavica2602

    Lavica2602 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2017
    Пораки:
    1.873
    Допаѓања:
    3.213
    Пол:
    Женски
    Mozebi ke vi zvuci smesno ama sepak da prasam. Dali e dovolno majkata koja doi da prima probiotik mesto da dava na novorodence? Jas se spremam za poroduvanje pa ve citam redovno vo site temi, i primetiv deka nekoi davaat a nekoi ne. Dali bi bilo dovolno dokolku zemam probiotik samo jas?
     
    На Снегулк@23 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.473
    Допаѓања:
    201.285
    Пол:
    Женски
    Слободно. Може и за малото, ама не мора од старт. Јас подоцна почнав да давам пробиотици, кога почнав да ги дохранувам со цврста храна.
     
    На Снегулк@23 и Lavica2602 им се допаѓа ова.
  10. Maca Macka

    Maca Macka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2022
    Пораки:
    1.237
    Допаѓања:
    2.857
    Пол:
    Женски
    Анат не ти одговорила целосно.
    Во бременоста ако пиеш пробиотик има бенефит и за бебето, особено ако е со ризик за алергија и егзема.
    Но преку доење нема да го добие пробиотикот кој ти го пиеш.
     
    На Снегулк@23 и Lavica2602 им се допаѓа ова.
  11. Miss_S

    Miss_S Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    2.624
    Допаѓања:
    5.402
    Пол:
    Женски
    Со бебе сега отприлика ова се нашите трошоци

    - Адаптирано млеко - со моменталните дози кои ги пие - 3000 денари
    - Памперси - околу 2000 денари
    - Влажни марамчиња, капки, креми и слично - дополнително околу 2000 денари


    Гардероба имавме купено од претходно, плус трошоци како пумпа за молзење (рачна) и други работи кои ги направивме еднократно не ги ставам. Сигурно понатаму дел од трошоците ќе се зголемуваат.

    Ова за првиот месец само
     
    На Eli23 му/ѝ се допаѓа ова.