10000 плус за Ад Ама секако не прави 30000 вкупно. На членката поради која започна дискутијата бебето ѝ е на доење, така барем сум ја читала. На ад да е тогаш 40000 според нејзиниот есап ќе биде
Кога најмногу пиеја млеко трошев на 6 дена голема кутија од Hipp, 1000-1100ден. Такви ми требале 5 во месецот, 5000-5500. Плус пакети вода, 1 шише на ден. 30 шишиња 900-1000ден. 100е месечно. Периодот кога сеуште пијат многу млеко, а почнуваат и кашички мислам дека се најголеми трошоците. Кога намалуваат со млеко и почнуваат да јадат наша храна, се намалуваат трошоците.
Мислев да си дискутираме за трошоците, не да се прозиваме. Затоа е и темава нели, кој сака кажува, кој не, не мора. Ме интересираа искуства, бидејќи ја читав дискусијата во друга тема.
Ај намали малку со снобизмот, може? Какво е ова потценување на пари и тоа на 500 евра? Ич не се малку. Дебатираме за реални трошоци кои никако не се 500 евра. Ти ако имаш и ако сакаш троши и 1000 евра, овде никој не ти брца во џеб, ама реално не се толку и нема ни да бидат. Еве мене ќе ми текне дека сакам да и купам на пример блуза 50 евра на Томи. Тоа е веќе луксуз и имам па ќе купам. Реален трошок не е. Со ваквите коментари стварате непотребно искривена слика за одгледување на бебе во НОРМАЛНИ услови. Се додатно си е по желба. И не, немаш право да се жалиш и споделуваш освен ако не сакаш да се фалеш.
За мене е малку. За тебе е многу. Ќе се убедуваме? Сите исто не живееме. Да си гледате сите по дома, најдобро ќе биде. Ниту се пофалив, ниту се пожалив. Го ставив како сума. После другарка ти ми се запна. Што се однесува до мене, може да си дискутирате меѓусебно за вашите трошоци. Готово сите престанаа секс да имаат, бидејќи Александрит напиша колку кошта месечна грижа за бебето.
Како бе вака? За некои се и преголеми пари. Ти ни се испофали дека имаш и многу повеќе. Браво. Во секоја тема си најпаметна, ти најмногу трошиш, најтешко ти е да си мајка.
Ти се пожали и кога виде дека твоето прикриено фалење не помина, ја смени реториката колку имам толку ќе трошам, не ми брцајте во џеб. Во ред е, секој троши колку има. Патем и јас затоа купувам поскапи пелени и козметика. Но темата е за реалните трошоци, колку навистина е потребно и убаво е да се споделат искуства. Но тебе друго ти беше целта.
Реков намали со снобизмот оти пиша дека 500 евра јаки пари се. Не сфаќаш дека некој со толку гледа цела фамилија? Мораме некогаш да припазуваме што пишуваме, оти има овде жени со секакви примања и не знаеш како се чуствуваат кога читат вакви коментари. Особено мајки, кои не можат се да си дозволат за децата.
Реално машала… Не знаев дека тоолку пари идат на дете Мада бев свесна за цените на кашичките пошто знам некогаш да си купам И си викам како ова чудо кошта 80/90 ден Мало тегличе, поготово за кобила како мене
Форумот за што служи? Која си па ти да ми кажуваш каде и што да пишувам. Среќа па не се сите како тебе. Што ако се жалам? М? Животот ти го афектирам како?
Тоа не е снобизам, туку согледување дека со 500 евра не се живее комотно. Или и тоа не смеам да го кажам? Децата немаат вода за пиење во Африка, споделувате за вода колку ви одат пари. Малце почнувате глупости да пишувате.
Ај сега не ја врти темата, знаеме што напиша. Точно со 500 евра веќе нема комфорт, ама за жал во Мк тоа се смета за се’ уште солидна плата. И стварно некој со толку одгледува фамилија. Ти, пак ќе кажам можеш слободно да трошеш колку сакаш, тоа се твои пари. Ние овде зборуваме за реални трошоци, не за луксузни. Секако дека јас доколку имам можности ќе трошам. Она што е потребно и основно, без ад, не е повеќе од 100 евра.