Ме замисливте. Бебе 3 месеци. Ад - 6000ден Пелени - 2000-3000ден не сум сигурна колку трошам месечно, имам залихи Влажни и остала хигиена - што знам да речеме 1000-1500ден Суплементи нека е 1000ден Контроли - 2000 просек ќе ставам Облека и играчки исто ќе ставам некој просек од 3000 ден зашто има се од поголемиот. Е искрено, за првото трошев повеќе зашто first time mama, сакав да има се можно што ќе видам, немав од кого да позајмам и си купивме се ново. Сум трошела и јас надпросечна плата зашто приватно се лечи, скапа облека купував, приватна градинка, козметика и секако еден куп други непотребни глупости, а на доење беше. Можат да се трошат и 2000е месечно на бебе од аздис ама далеку е од реалната потрошувачка.
Ти зборуваш за реални трошоци. Ти зборуваш за луксуз. Дај бе читај Џули првичниот пост, што е со тебе? Ова е затоа што во другата тема ти замерив и сега нешто ќе се натегаме? И добро, некој со тие одгледува фамилија, а некој 500 евра троши само на чевли во месецот.
Во која тема ми замери? Тоа не е замерување, тоа си е мислење твое и врска нема со оваа тема. Јас пак, не ни памтам кој што ми возвратил. И пак вртеш муабетот. Ама ок, да не се натегаме. Еве да ти кажам и јас претерав со тој коментар во таа тема, малку невкусно од мене, како што ти сега претера.
Ти паметуваш. Читај го насловот на темата, не глуми лудило. И самата си кажа, ова е форум, ќе те цитирам и ќе кажам мислење. Ако не сакаш да те цирира некој, оди во темата Испукај се.
Ништо не сум претерала. Сум заслужила, сум си ја заработила таа плата. Ќеиф ми е цела на детето да ја трошам. Не почнав на темава да пишувам и не знам ни кој ме преместил за да дискутирам. Мојот муабет и овој тука се дијаметрално различни. Дека може со помалку да поминеш, може. Дека не е ничива работа што правам со моите пари, и тоа стои.
Еве и тебе ќе ти напишам. А со тебе и ќе заврши мојата дискусија затоа што најмалку заслужуваш да ти вратам. Не пишував во оваа тема, моето мислење беше преместено. Ниту пак сакам да дискутирам на оваа тема. Ме праша некој? Не. Игнорирај ме и не ме замарај.
Со мислењата претера. Платата ни ме интересира, ниту пак нејзе ја коментирам кај ја трошеш. Коментирав за трошоците, реалните, не индивидуално кој колку има и колку сака. Не го врти муабетот оти никој ама баш никој не ти брцна во џеб. Напротив, ти возвраќаше дрско. Да не се натегаме дополнително и да се расправаме. Нема потреба. Кога виде дека си преместена, немаше зошто да продолжуваш со таквите коментари. Еве разјаснивме и нека си служи темата за споделување искуства, а не за кавги.
Друг пат кога ќе преместувате мислење за оф топик, подобро избришете го. Целиот пост беше во друга конотација, ме ставивте во друга тема каде се е извадено од контекст. @RainBow Испаѓа како сама да сум си пишала на темава и со тоа да изгледа како фалење, а всушност пишував дека не можеш со дете да заштедиш за стан, бидејќи цела плата ми оди на него. И некој како онаа форумче ми се залепи и не може да се одлепи, па се дозалепија уште толку.
Околу 8 000-10 000трошиме Пелени и влажни се најголема ставка, тука одат 6 000 сигурно (не поднесува ни после мочкање да е во иста пелена, така да пелени се трошат мнооогу) Козметика, имам уште кога е роден, а сме веќе 4 месеци Суплементи -околу 1300-1400(пробиотик околу 600,д3 300, д3 и омега 600) 1 кутија АД - 1000ка Аптека, физиолошки, прашак,цуцла,лекарства,
Од ко го пишав ова горе ми текна дека имам запишано ќерка ми кога беше 3 месеци и само на млеко колку ми одеа основни трошоци за нејзе месечно. 6000 денари за млеко 1600 за пелени, сум зимала 2 џамбо пакети 1000 за витамини + Пробиотикче, +гел за хемангиомите што ги имаше Основното, секојдневното. Облека, играчки башка. ЗЛАТНА ЦИЦКА
Со првото секогаш се троши повеќе. Леле на секое мочање менував пелена Зимавме на 5 дена џамбо. Да не му бидело нешто хахххах , омг. Навечер на секое будење пелена прво менував , може 5 пати ќе стане , 5 пелени. Сега гледам да се преполни, па ќе сменам Еве ќе ставам два пакета пелени оди реално еден и пол -2500 ден. Аптамил една кутија 1100 Влажни 1000 ден. Суплементи 2000 ден. Перидов давам доста пари за козметика ради дерматитот ама ајде нека биде 1000. одиме на матичен , па трошок немаме за ова. Каши+кутии житарици ставам 1000 ама помалку ми е -сега за сега. Е сега облека, кој колку има толку си троши . Можам да купам боди од 1000 но можам и од синсеј за 100ка. Тука нема дискусија , тоа реален трошок не е . Толку е врти сучи 10.000 Леле многу ви оди на АД. Јас кутија две што земам па неможам да ги прежалам тие 2000ки. Треба да го намалат млекото . премногу е ама за жал се иде горе
Да ти кажам пресреќна бев ко почнавме со оброци. Како и да звучи, многу пари одеа само за млеко. Сега трошоци со едно годишно дете околу 6000-7000 веројатно се. Не сум седнала да пресметам Пак без облека и играчки, тоа башка. И не дај боже да се разболи. Ај шо е жално, мачно за гледање и тоа е трошокче плус, се за бебе/дете е скапо Едит: на горното мислење сум ги заборавила влажните. Изглеа список за пазарување ми било тоа. Ама економични сме таму, 300-400 денари месечно
Првите 6 месеци трошев 15.000 ден . Ова само за адд , пелени , влажни , Еуцерин козметика , вода Бебелан , и секој месец по едно -две шишиња . Сега веќе намали на млеко па за адд ми одат околу 2000 ки и сега давам ефтина обична купечка вода . Месо , овошје и зеленчук имаме домашно скоро све , па и таму немам трошоци . За житарици и тропски овошја + батат околу 3000 месечно Гардероба ретко купувам , појќе од узур земам . Играчки земам секоја недела по нешто, ама некако не го занимаат баш сеуште играчките. Сумо сумарум појќе од 10.000 не трошам. Немам идеја како би потрошила над 30.000 месечно за бебе освен ако секој месец не му купувам по 10 пара тренерки и тоа од поскапите
Баш ме натеравте да направам некоја математика. Не ги ставам инцидентите купувања. Пелени неделно по едно трошиме од ~880 ден. За 4ипол недели тоа се ~ 4000. Тото марамчињата пошто влажни не користиме исто 4 месечно ќе ставам, накај 600-700 фаќа. Облека по 2к у просек. И Биодерма лосион 1200 мислам беше. Е сега никој не го пиша трошокот за струја, зашто секој ден работи машината.
Не е толку.. Каде е крема, каде е шампон, каде е пудра бебешка, играчки, каде се подлоги за пресоблекување, па осип имало од пелените, па купи крема, па се нафрлало од нешто друго, купи синопен, го укасал комарец, купи крема, па настинало, па треба инхалатор да се купи, па не може да се искака, купи му капки, фатило запек, па го боли мешето, купи му чај, па фатило пролив, пробиотик, ова она, реално бебе си има многу трошоци кој што понекогаш не можеш ни на почеток на неделата да ги предвидиш за цела недела, а не пак месечно.
Годинка наполни моето и пупу ништо од ова немам купено . Освен две подлоги што имав земено за пресоблекување , од тие за повеќекратна употреба . И три недели што давав капки за грчеви . Е тие беа скапички , памтам 3000 ки дадов за 4 шишенца мислам
Како не зборуваш за реални трошоци кога муабетот ти беше дека со дете е невозможно да се заштеди затоа што цела натпросечна плата одела за него. Сега излегува дека може да се помине и со помалку а со тоа и да се заштеди ама ти не сакаш да поминеш со помалку што се две различни работи. Ако некој живее во заедница и тврди дека не може да заштеди и да се тргне на страна (затоа што во тој контекст беше муабетот) а при тоа троши 500 евра месечно за бебе дека така му е кејф, онда тоа е тешка глупост.