Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Трошоци за бебиња до 1год.

Дискусија во 'Бебе' започната од captivating, 17 октомври 2013.

  1. Freckles.

    Freckles. Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2020
    Пораки:
    1.870
    Допаѓања:
    4.824
    Во право си, ги заборавив пробиотикот, и витамините. Тоа му доаѓа 1500 ден плус.
    Го бањам со маслена купка на Биодерма од 1литар,мислам дека до лето ќе имам. Не е трошок кој нон стоп го имам.
     
    На nevermet18, cresa-jagoda и нина122 им се допаѓа ова.
  2. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.869
    Допаѓања:
    13.505
    И јас сакав ова да го пишам, ама ај. Членката си кажа дека не може да се заштеди зашто цела натпросечна плата и одела за бебето, а после пу пу не важи ( читај не пишала така), не прави слепи и будали.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  3. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.535
    Допаѓања:
    251.700
    Има разлика помеѓу реални трошоци и луксузни.
    Реалните се тие, ви дадов пример, повеќе од 100 евра не се месечно.
    Туку приметив дека јас не давам пари за вит Д оти го добивам на рецепт.
    Пробиотик по потреба давам, втор пат купувам досега. Не давам омега, не давав за греви.
    Истите трошоци ги имав и со синко.
    Инако Тото овде се 5 ипол евра. И ја бришам со влажни.
    И зошто менувате постојано пелени? Јас ја чекам да се наполни, па менувам.
     
    На dunika, Neda997, bertold и 3 други им се допаѓа ова.
  4. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.618
    Допаѓања:
    2.472
    Оти вреска, а се измочка или искака сака чиста пелена. Најмногу за тоа плаче, ако му е малце извалкана пелената. Кога е гладен не плаче колку за пелена :sweat:
     
    На tina2018, JuLleE и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  5. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.464
    Допаѓања:
    48.564
    Пол:
    Женски
    Ова ме потсеќа на муабет со другарка пред некој ден што го правевме, термин и е во април па ме прашуваше во просек колу идат пари месечно за бебе.
    1.пелени на почеток бејбилов користевме т.е првата година, сега се префрливме на Бекутан и топ ни се покажаа. Пелени мењаме на секој саат до два брз разлика дали е мочкана/какана или не. Ако треба и милиони нека се грев ми е да штедам на тоа и да чекам пуна пелена за да и ја сменам. На свекрвица и беше тоа муабетот, да чекам да ја напуни па тогаш да и мењам али нема шанси.
    Во просек месечно ни одат 4 до 5 пакети (90 пелени во еден пакет) х 700 денари
    2. Влажни скоро и да не користиме така да смешно е да ги бројам зашто гзот и го миеме на чешма на секое менање пелени без разлика дали сме дома или на гости.
    3. Шампон последно земав на Чико 270 денари а предходно Корин де фарм исто околу 300 денари кој што трае со месеци. Купки, масла и други раб не користиме по совет на педијатарот.
    4. Е МЛЕКО е трошокот у куќа. Не е доена така да од сам старт сме на Холе. На почеток поише идеше ама и поефтин беше ќецот. Сеа е на Холе 3 и во просек ни пие по 4 до 5 кутии во месецот х 800 ( 700 и нешто е) денари кутија.
    5. Козметика од сам старт бев олд скул и ја мачкав со јекодерм (220 денари - не се здрави со ценава на времето беше 100тина денари сеа е ко злато на гз да ставаш) и павловичева 250 денари. Јекодермоот идеше ко алва а скуп па се префрлив на бекутан (исто ко јекодерм само дупло поефтин) у просек 10тина туби месечно и Павловичева 3-4 месечно од големите.
    Јекодерм/ Бекутан нека се 1000ка месечно и Павловичева нека е 1000ка месечно.
    6. Витамини 600 ден месечно, биогаја, еспумисан и факинг Колиев кои се 700 денари а траат 3 дена. Среќа па немаше мн грчеви и не ги користевме долго.
    7. За месо, зеленчук и овошје е смешно да зборам бидејки истото и за нас го купуваме, не дека гнете ко стока па да ја бројам како трошок.
    8. Облека и играчки не е ги бројам пошто тоа е индивидуално и во границите на можностите за секој различно.
    9. Еднократни трошоци од типот количка (летна, зимска точак), хранилка, дубак, релаксатор, подлога за играње и сл не ги бројам пошто еднаш се купуваат.

    Од прилика тоа е горе доле.
    Мислам дека секој иден родител е свесен дека ко ќе дојде нов член во семејството е дополнителен трошок но не е толку страшно како што го претставија. Со маж ми и шопинг си дозволуваме, и одмор и зимување сега кратко, па фала богу не сме страдни за ништо.
     
    На pamelche, bubabuba, Neda997 и 18 други им се допаѓа ова.
  6. Anturium

    Anturium Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    2.945
    Допаѓања:
    6.187
    Пол:
    Женски
    Едвај ве дочитав. Јас живеам во една од “најскапите” држави па пак не трошам 500 евра. :^) Добро, облека голем дел имам од сестра ми и од золва ми, купивам и јас од ќееф ама не го есапам тој трошок. Друго се користам од поскапото и воопшто не штедам на бебе. Памперс, влажни и козметика веледа 100 евра, млеко 100 евра, здравство 100 евра + преглед на педијатар плаќам некои 30-40 евра (овде спаѓат и капки, лекови, чепчиња кога треба, зашто на рецепта ги зимам бесплатно). Ова се неопходните трошоци, друго се е лукзус според мене. Еве пример денес платив 60 евра на пат пат за облека за бебе, тоа не го ни есапам зашто не морам да го плаќам
     
    На nevermet18, Tiny Love и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  7. Proletno

    Proletno Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2016
    Пораки:
    487
    Допаѓања:
    571
    Пол:
    Женски
    Јас не сум сеуште мајка, ама цениве се плафон и сепак 6000 ден се премалку за бебе месечно.Ќе споделам набрзо :)
     
  8. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.803
    Допаѓања:
    12.323
    Пол:
    Женски
    Плафон се ама големите пари одат на почеток, после тоа е тоа освен повремено што ќе купуваш по нешто ново (хранилка, тротинет, точак) и нова облека како што расне.
    Прост пример, бебе почнува да јаде цврста храна. Има мајки што ќе се улетаат по најфенси приборот и лигавчиња, а има мајки како мене што ќе почнат со метално лажиче. После маж ми го фати жал, па купи 3 силиконски лажичиња што не коштаат повеќе од 300ден.
    Има мајки што ќе варат во тенџере и има мајки што ќе купат готвач на пареа.
    Д витаминот ме кошта 2 евра месечно, камо сите капки да беа толку, 700ден пробиотик, лудаци.
     
    На Anaroz1, le.soleil, mssuniquee и 6 други им се допаѓа ова.
  9. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.229
    Допаѓања:
    13.204
    Пол:
    Женски
    6000 ден сигурно не стасуваат, ама не достигнуваат до 30 000 ден трошковите. Сега веќе е над годинка, ама трошоците се скоро па исти. Најмногу во аптека ги оставам парите. На памперси трошам доста. 3 до 4 кутии во месецот (1000 ден од кутија). Пакет памперси за градинка исто 1 000 ден Виолета 94 парчиња (не иде редовно, па на 2 месеци купуваме пакет). Марамици горе долу околе 1500 ден и за градинка и за дома и за надвор. Вит Д препишани од матичен, скоро па ич пари. Витамини демек за имунитет Самбукол 500 ден. Чашки, шишиња, и тоа не се купува секој месец. Често се разболува, па тука цената за лекарства и доктори варира во зависност од тоа шо му е. Облека не купувам секој месец, и не купувам од скапи брендови. Можда еднаш на 3-4 месеци купувам по повеќе пара тренерки или сл. Значи тоа ми се фаќа како еднократен трошок. (до кај 50е) Играчки до сега немам купено поскапи од 600 ден (тобоган со топки, книги, сортер, коцки, кутии за редење, сложувалка, а кога беше помал по некоја тропка, меки мечиња доби еден куп како поклони), не знам какви се тие играчки над 1 500 ден што ги спомна една членка погоре. И секако дека не му купувам секој месец играчки, туку по 2 3 наеднаш и со сите си игра цело време.
     
    На Starchild, tina2018, Lavica2602 и 4 други им се допаѓа ова.
  10. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    4.547
    Допаѓања:
    8.842
    Пол:
    Женски
    500 евра месечно може да се потрошат на бебе ако го седнеш на сепаре со флаша џони блек бебето, секој месец.
    Година ипол е ќерка ми шанса нема да сум потрошила повеќе од 100евра месечно од кога е родена.
    За пелени околу 2500, влажни 500 ден, павловичеви 2, 500ден. Ова се месечни стандардни трошоци. На 2 месеци мултиомега 600 ден. На 3 месеци шампон хип 250 ден. Витамин д на рецепт земам, пробиотик не давам.
    Трошкови за храна не рачунам.
    Облека се купува повремено и играчки. До душа 90% ни се од поклони.
    Најголеми трошкови се пред да се роди бебето и ја купиш цела опрема.
    За АД пари не сум давала, на цицка беше до година. Луда работа колку е скапо.
     
    На bubabuba, Kaja991, tina2018 и 6 други им се допаѓа ова.
  11. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.034
    Допаѓања:
    36.346
    Пол:
    Женски
    Јас за второво дете во Германија трошам 22 евра за памперс 1300 денари и 4 евра за марамици 240 денари. Само тоа ми е фиксен месечен трошок.
    Се останато, облека, каши, креми… ако го поделам на 12 месеци би дошло максимум преку сила по 20 евра месечно.
    Значи 3000 денари преку сила трошам.

    И посебна козметика да треба па и таа се купува еднаш и трае со месеци.
    Каши ако се скапи некому, домашна капа е поефтино и поздраво.

    Облека може да се купи поголема и да се носи подолго.

    Играчки може и да се измислат, играчка е и лажица, пластична чаша.

    Мене посебно ич не ме лаже маркетингот на играчки и “потребни” работи за бебе. Знам дека некој од мерак си купува ама тој па не се ни жали. Јас цело време им смислувам нешто од тоа дома што имам? баш маж ми искоментира дека се радуваат ко којзнае што да сум им дала.

    @SuperGirl24 Зошто се користи јекодерм? Јас ни павловичева немам користено ни за првото ни за второто.
     
    Последна измена: 7 јануари 2023
    На bubabuba, tina2018, mal.ecka и 8 други им се допаѓа ова.
  12. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.450
    Допаѓања:
    38.498
    Пол:
    Женски
    @gjoker4e дури се помали и најскапа играчка да купиш пак ќе играат со тенџериња, даљинска, лажици итн. :D

    За второ се троши помалку дефинитивно, ем знаеш дека некои работи не се користат и не се купуваат пред да се роди, ем поголемите работи се користат од првото ако се ко што треба.
     
    На Серотин, tina2018, mal.ecka и 11 други им се допаѓа ова.
  13. le.soleil

    le.soleil Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.562
    Допаѓања:
    5.537
    Тоа што ти не си потрошила, не значи дека не може да се потроши. И ако некој има и сака негово право е да си ги троши.

    Не знам што и се запнавте на членката, како да ви е крива што она има некој нема. Фалење било, сноб била...глупости.
    Се согласувам со @Калатеа и @Emotional123
    Различни бебиња, различни потреби.

    На темата, со близнаци сум што пијат ад. Што да кажам повеќе за моите месечни трошоци. Сноб и пол :D
     
    На tina2018, Autumn Love, Coco31 и 6 други им се допаѓа ова.
  14. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    4.547
    Допаѓања:
    8.842
    Пол:
    Женски
    Па ја не викам дека немам. Викам дека е нереален месечен трошок од факинг 500 евра за бебе.
    Плус членката вика дека не можела да штеди зашто толкав и бил трошокот за бебе, не вика дека има пари на претек.
     
    На bubabuba, cresa-jagoda, LiquidLuna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.535
    Допаѓања:
    251.700
    Како си задоволна од Пат и пат? Многу фенси работи има.
     
  16. Anturium

    Anturium Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    2.945
    Допаѓања:
    6.187
    Пол:
    Женски
    Нема воопшто квалитет. 2 перења и за фрлање се. Ама со оглед на цените не ми е криво и по еднаш да ги носи, многу убави работи имат
     
    На JuLleE му/ѝ се допаѓа ова.
  17. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.008
    Настрана стварите што сме ги купиле пред да се роди, како креветче, количка, облека, итн; мене најголемиот трошок ми беше/е АД. Одприлика од 3ти до кај 6ми месец пиеше 6 Аптамили месечно, значи 6600 само за млеко давав. Додека да наполни годинка, стигна до 3 млека месечно. За млекото купував Ладна 5 литарка, не се сеќавам колку шишиња месечно, ваљда до кај 8, значи 500че за вода. Од 10ти месец ставив филтер на чешмата и не купувам веќе вода. Витамини и пробиотик, некои си 1300-17000, зависно од месеците. 3 пакетчиња Дајперс (од почеток на 3ти месец почнав такви и до ден денес тие ги користам), околу 1800. Влажни пробав и користев секакви, со ниту едни немав проблем, па втората половина од 1вата година користев 3 за 100че влажни, ете 300 месечно за нив. Во моментов на 16 месеци ја користам тек 3тата крема од кога е родена, ставам само ако има црвенило, некогаш може и 2-3 дена да не ставам. Среќа па не сум имала проблеми со црвенила, кожа, здравје. Не ги ставам во месечен трошок кога сум купила 2 само додека да направи година. Шампони разни имам пробано, по 150 од шампон, ама и тој трае со месеци. Масла, лосиони, млека, пудри, никогаш немам користено. Само една крема со фактор во втората половина од првата година. Спреј и креми за комарци немам користено. За преглед немам платено до сега, освен за 3 крвни слики. За храна во првата година исто не би го спомнувала ко посебен трошок зш претежно јадела готвено. Колку трошок е половина јаболко, половина круша и 2 лажици гриз? Каши сме купувале 10тина месечно, и тоа во последните пар месеци пред да наполни годинка, зимавме претежно од Стокомак, тие се 40. Еве 500 месечно за каши и една кутија Чоколино.
    Играчки во првата година се преефтини зш игра со глодарки, тропалки и меки сликовници.
    Облека се наоѓа поефтина по маалски бутици, а и се добива бајаги на подарок.
    Во градинка примаат од 9ти месец (ако не се лажам), така да за тоа дадеш плус последните 3 месеци.
    Според мене неизбежните трошоци се пелени, евентуално влажни, витамини, козметика и АД ако мора. Храна не ја ставам зш не осетив некоја разлика, освен ај еве кај месото, ама пак не многу зошто многу мали количини јадеше.
    Горе-долу една половина од годината, месечно трошев околу 10000, друга половина околу 7000.

    Сè останато е личен избор и кој колку може.
    И јас сакам да купам 3 пара патичиња за на лето да мења со outfit-и, сакам и вакво фустанче, и онакво, и кожна јакна, и тексас, и ова, и она... ама ако немаш пари за сè и сешто, ќе се преживее и без толку избор на облека, играчки и тракатанци.
     
    На JuLleE, Alex08, cresa-jagoda и 5 други им се допаѓа ова.
  18. Калатеа

    Калатеа Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2021
    Пораки:
    2.183
    Допаѓања:
    7.232
    Работи како количка, транспортер, креветче итн, односно сѐ од опрема за бебе се навистина индивидуални, неопходни се ама секој одлучува колку ќе потроши - ова за прво дете.

    Трошоците до 3 месеци се исто така поголеми, воглавно заради купување облека која брзо ја надраснува, капки, сирупи што коштаат 2000 месечно, а неретко ги купуваме сите капки и пробиотици во надеж да намалиме грчеви нели.

    Најголема и стварно отежнувачка работа е АД, неверојатно колку пари се даваат на тоа, првите месеци сума стигаше до 10.000, не дека бебе толку пиеше секогаш, направи - фрли беше често ама неискуството си го прави своето.

    Околу козметика, мојата има атопична кожа и исто така сменив куп козметики во надеж дека нешто ќе функционира, и дури сега на 7+ месеци е ок кожата па можам да речам дека ќе терам со една Веледа гел и лосион 2 месеци. Крема за газе ставам секој ден, исто Веледа, просек ми трае 2 месеци.

    Иако почнавме со каши па се тешев дека ќе намалиме со млеко, почна да ВРИШТИ за млеко на 2 саати, така да таа константа си остана иста.
    Каши готови имам секогаш зошто не сите состојки ги има свежи, и редовно купувам овошје и зеленчук па комбинирам.

    Облека секој месец мора да се земе бејзик пошто се исфлекало, собрало, скусило, да не зборам што прљаме по 3 бодиња на ден:drunk:
    Фустани, кошули не купувам пошто ми се непрактични и реално не се износуваат ич.

    АД - 7100
    Пелени - 1650
    Д3 - 500
    Бебивит - 1000
    Менување шишиња пошто пребрзо се умирисуваат, околу 5 шишиња по 150 денари на Бејбилав - 750
    Лажливки Бибс исто така на 4 недели се менуваат, за жал други не прифаќа никако - 600
    Марамици - 500
    Каши - 3000
    Житарки - 500
    Месо - 1000
    Зеленчук, овошје (некогаш бирам органско, нарачувам по луѓе) 2000
    Бодиња, хеланки, лигавки - околу 2000
    Вода - 500

    500 евра не одат, ама не ми одат ни 100 евра. Верувам од година натаму ќе се намалат трошоците:?:
     
    На Anaroz1, Forbidden, le.soleil и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.074
    Допаѓања:
    9.670
    Пол:
    Женски
    Имам пишано поназад пак ќе пишам, што ако ете плаќа приватна градинка од некој 15000 ден? Тогаш и 500 евра се малце
     
  20. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.464
    Допаѓања:
    48.564
    Пол:
    Женски
    Добра е и како заштита и за залекување на површински оштетувања на кожата. Јас ја користам за изгореници за мене и супер ми е. Маж баш не ја сака дека мириса на рибино масло али не е дека смрди туку он се лигави. У главно мене ми е ок и како што кажав погоре олд скул сум, не верувам многу во новиве модерни козметики кои коштаат иљадници а се сити копи пејст едни на други.

    Меѓу другото повели во прилог објаснување за кремата.

    Јекодерм во својот состав содржи рибино масло богато со витамин А кој е неопходен за правилно формирање на епидермот.
    Јекодерм го убрзува и олеснува процесот на регенерација на иритирана и оштетена кожа, ги обезбедува неопходните хранливи состојки за сува и перутава кожа правејќи ја кожата да изгледа мазно, сјајно и поеластично.

    Јекодерм се употребува за третман на:

    – Кожа оштетена од различни надворешни влијанија (топлотни, хемиски, механички и УВ зрачење)
    – Сува испукана кожа
    – Иритација и јадеж, особено на препони кај деца и возрасни настанато од прекумерно триење и потење.

    Се нанесува 3-4 пати во текот на денот на местото каде што е оштетувањето
     
    На Lavica2602, gjoker4e, AngelOfArh и 1 друга личност им се допаѓа ова.