Мене па не ме чудат сумите што ги пишувате со оглед на тоа што гледам што постирате во темата Последно што купивме за бебето...Тоа за мене се луксузи. Облека не купував, имам од бато, од мерак некоја ситница купив и ми требаше скафандер со оглед на тоа што бато беше пролетно бебе и немав. Дел од гардеробата не ми се поклапа сезонски, ама сите што се понудија да ми дадат, прифатив. Количка со оглед на тоа што беше нашата уништена земав на користење од јатрва. Креветче од внука ми и мм, кога ќе го нарасне од внука малото ќе оди во големото од мм. Работи како персонализирани ствари немам услови, не купив, преслатки ми се ама немам услови и не купувам, крај, не ми се неопходни. Цица, ненкупувам АД, ама ако не цицаше ќе купував од ДМ на Бејби лав, прво зошто сум истражувала и е во топ 5 млека по квалитет, одма зад Аптамилот ( за кој освен ако нема медицинска индикација, као најквалитетното, најкалоричното... стварно не знам што би ме натерало ете стрикно тоа да го одберам), зошто не е само бебето да пие млеко од 1100, имам и поголемо дете кое треба да јаде, а и јас и маж ми треба некако да функционираме, нели? Со големото бевме го страшна криза, па се молзев 1г зошто не ми беше опција да давам за ад грдна пара. Ете и сега купив 1 кутија ад за секој случај, на Бејби лав, не купив Аптамил. Марамици не купувам било какви, исто на Бејби лав купив со вода и хартиени се, не се платнени, 300 и нешто се 4 пакувања од по 80 броја, мислам дека ќе ми истеруваат месецот, со тоа што кога ќе се стопли ќе го мијам на чешма. Сега е преладно да го мијам. Козметика купив на Бејби лав, немам потреба од скапа козметика, која секако не се троши брзо ама зошто да ја купувам скапа, крема за газе купив исто на Бејби лав ама уште неупотребана ми се расипа, стана вода, па земав друга од 300ден големо пакување, павловичева мене ми е најголема глупост за црвено газе, кај веќе иритирано, па уште и масна крема да му нашлапаш да се затнат порите... на црвенило се става цинк, не маснотии, масна крема се става на сува кожа ( и тоа е дискутабилно, пре би нешто хидратантно), пудра не користам, големото ми е алергично на бебешка пудра, се исфрлаше со пликови, и тоа ми е дискутабилно да ставам пошто затвара пори а тоа бебешко нежно кожиче треба да дише. Уље мачкав и кај големото, се родија и двајцата со сува кожа, се љуштат, малово со јекодерм на Бекутан го мачкам засега, да го потрошам ќе го префрлам на уљето, ќе го потрошам и толку, не планирам да купувам повеќе ако нема потреба. Досега се што набројав што сум купила е лоу баџет значи, колекцијата Бејби лав заедно ме фати 300 и нешто ситно, 300 влажните, млекото е под 300, мада тоа нема да биде постојан трошок, имам млеко ако треба ќе се молзам, ќе оставам за секој случај. Пелени, ги купувам исто Бејби лав, ќе ги мењам во зависност од тоа цените како ќе ми одговараат, засега овие ми се баџет френдли, помалку од 300ден за мало пакување, пак е поефтино од Памперс премиум, засега ми е и Слипи во игра, кога овие ќе ми го надминат буџетот. Шишиња земав на Твистеншејк, со попустот од 30% ми доаѓаат ефтини, 2 имам за чај и млеко за навечер ако дадам молзено за да поспијам малку. Планот е да продолжам со нив. Засега не ми е во буџетот ама среќа има попусти и тетка која ништо не и е скапо за внуците и инсистира да помага финансиски. Цуцла лежалка имам една на Wee и една Бејбилав, повеќе јас инсистирам од него да ги фати за малку да ми одморат рацете оти второво за разлика од првото е поќенкаво засега. Место Шумиш од 3000 имам друго едно од 1500 што иста функција има и плус свети како прожектор. Дали врши функција, ехееее... Ќе вршеше и телефонот искрено, ама ова ни го купи тете за коледе. Е сеа, ве читам витамини, вакви, онакви, капки, не знам што... Зошто витамини? На бебе мало особено што цица, не му требаат витамини уопште, на мајката да, на бебето не, освен ако доктор не кажал поинаку поради медицинска потреба. Д капки има и поефтини, не мора да се Бебитол, трендов со се давање не ми се допаѓа, и омега и не знам што и не знам како... Пак ќе речам, ако педијатар доктор ми рече треба поради таа и таа медицинска потреба земи се ова, ок, ама за негови поени и ливчиња со печат и потпис, е нече мочи. И јас добив едно туце ливчиња од Чаир, земав само Еспумисан зошто има грчеви и пробиотик зошто е царски и прематурче се води ради развојот, другото ќе чекам насоки ид педијатар, ако ми рече земи од се по едно ќе земам зошто му верувам максимално, ако не ќе си земам тоа што ми каже. Исто и прегледи на приватно во Систина или Ремедика за мали бебиња на кои им треба само добар педијатар кој ќе ги фати од старт и ќе им ја знае цела историја за да знае секогаш што да даде и што ќе делува. 3000ки за преглед во Систина, само ако е некоја озбилна медицинска индикација, болест или состојба. И ние бевме во Филип 2 за ехо на срце а можеше и на државно, ама беше потреба не за рутина. Ортопед, за мене едно од најважните нешто, за тоа не штедам зошто знам дека на државно не ги гледаат како што треба, за тоа ќе дадам ако треба и 100е за преглед, ама тоа е 3-4 пати во првата година и толку. Сума сумарум најмногу се слагам со на @SuperGirl24 мислењето, најреално ми е некако. Ама ич не ми е гајле кој колку сака нека троши, ама нереални мислења ствараат нереална слика. Нит 100е стигаат нит 600е се трошат на основни намирници, а основни намирници не се играчки од 50е ( не вадам од контекст мислење туку од сликите што ги гледам во темата за купување за бебиња), ќеси за пелени фрлање специјални и специјална канта за истите, машина за млеко правење и вода специјална која ама ич не е специјална со доказ од доктор и тоа туку е обична вода спакувана со Бејби назнака... Се знае што се основни намирници. Ама од друга страна секој сам си одговара за својот буџет и тоа на што ќе ги троши и нема споредба едно со друго, тоа што за мене е потреба за некој луксузи и обратно. Мое е да лајкнам ако ми се допаѓа ако не да одминам и ајт на здравје!
Off topic...откако почнавме со каши, почесто бараат млеко него пред тоа, мене стварно не ми е јасно зашто!? И многу подраматично манифестираат глад, а бе штом ќе огладнат во истата секунда почнува вриштење. Додека да спремам млеко цел град не разбрал...се вративме на периодот кога бебиња беа и бараа на 2-3 часа. На темата, да додадам на списокот детергент, омекшивач, сјај, средства за флеки, гелчиња за заби, работи што сезонски се купуваат а влагаат во буџет да не спомнувам, вреќички за спиење, јакнички, скафандери, не дај боже да се разболат секакви сирупи, спрејчиња, лепенки, прегледи на приватно итн. Мојата машина за сушење намалува алишта па кај они растат уште тоа ми фали. Секој месец купувам шпикозни и бодиња. Е сега, без голем дел од работите ќе преживеам и деца ќе пораснат ама јас сакам да им обезбедам се што можам макар тоа значело да не остане ништо за мене.
Е трошокот кога ќе тргнеме на работа за жена за чување или градинка нигде не е спомнат Тоа кој нема баба сервис. Јас не сум за баба во ниеден случај, така да градинка ќе биде. Здравје
Приватна градинка не е основен трошок. Ако ставаш приватна градинка во трошоци да ставиме и бејби спа.
Основен е ако нема кој да го чува и немаш врски за во државна. Од 2 месеци поднесов, никој ми се нема јавено, барам врски ама сегде е хаос, нареден месец веќе треба да почне, и што да праам?
Имаш за приватна затоа ќе дадеш. Некој не може да помисли. Чудно ми е. Кај мене во државна градинка за брзо ми се јавија, немам врски.
Не знам колку трошоци имаме околу бебето ниту пак гледам за неа не ми е важно колку ќе потрошам. Од новата па наваму не знам колку сме потрошиле бидејќи настина, инхалатор купивме за него сите потребни работи, сирупи, витамини, почнавме и со кашички и сите оние секојдневни работи.
Искрено додека цицаше ми беше полесно, ама пак пиев чај за лактација или таблети за лактација. Чајот се движи од 90 ден па до 200, апчињата 900 ден месечно. Сега давам Ад, 5 дена кутија Аптамил. Значи над 100 евра за Аптамил. Вода флаширана литро на ден ми оди скоро. Сега почнавме со кашички ама една каша ја јаде 2 или 3 дена, така да немам голем трошак сеуште, а и доста готвам. Пелени трошиме многу, некогаш и до 10 на ден, значи 4 до 5 пакети Бејбилов. Подлоги трошам 2 или3 паковки. Влажни марамици едно пакетче максимум 2 дена. Козметика трошам поефтина или последно Мустела на акција. Значи 750 мл гел за бањање е 671 ден, споредбено со Хип пената за бањање која е 250 мл околу 300 ден. Исто му доаѓа. Знам да купам и бејбилав купка и е супер. Плус витамини, пробиотик. Алишта купувам поретко, тоа што имам реално потреба. Може по дома розево од дада му да се облече хахаха. Верувам над 10000 трошиме.
Со кои работи се претерува и по кој критериум? Не можеш да кажеш дека тие што трошат 100 евра се во право а тие што трошат повеќе макар на според вас луксузи не се во право. Секој троши онолку колку што има/сака и доста со овој mom shaming.
Одприлика 2 кутии пелени од бејби лав, со апликацијата имам секогаш 20% попуст и кутија ми испаѓа 9€ месечно 18€или 1100 денари За влажни и тупфери околу 7 € (400 денари) месечно. Оброци, шмукалчиња , каши и бејби смоки околу 20€. Јаде исто што и ние, за лекарства,витамини, специјални креми за газе се што и било потребно сум добила на рецепта бесплатно. Козметика користам на веледа ама ми трае со месеци, крема не и ставам секогаш, само по потреба п не би било повеќе од 10€ месечно. Млеко никакво не прифати, пие јогурт и јаде млечни производи. Значи околу 50€ месечно. Цениве се во Германија.
Апсолутно никој не цитираше никој и нема никаков mom shaming овде.Како ти што мислиш дека е тоа што ја се сложувам со Ангел mom shaming така може и јас да кажам дека ти им праиш mom shaming на оние што немаат/неможат/несакаат да трошат над 500 евра месечно на дете.Сите имаат право на мислење и секој си знае дома колку му е математика.
Па ти рече дека со повеќето работи се претерува. Не јас. Што е тоа ако не mom shaming? Едно е имање мислење, друго е отворено критикување дека некоја мајка претерала со купување. Слободно цитирај ме каде викам дека треба некој да троши 500 евра.
Се сложувам. Еве мене ми падна незгодно што не купувам скапи играчки и облека,што купувам поевтини пелени и козметика согласно буџетот. Целиот муабет тука почна од тоа дека не се тргаат пари на страна со бебе оти цела надпросечна плата оде за бебе. Јас и мм земаме подпросечни плати и праќаме две деца во градинка и пак успеваме да заштедиме и да ги носеме децата на одмор според можностите. Ама затоа не ми е приоритет играчка од 1500 денари и скапи брендирани облеки. Колку можам толку ќе дозволам, ама нема да кукам дека не се тргаат пари на страна, а да купувам скапи играчки и облека за децата и да трошам надпросечна плата за луксуз
Каква глупост, незгодно ти паднало, ај и мене да ми е незгодно што Кардашијан троши милиони на децата. Couldn't care less. Колку имам толку ќе трошам и нема срам. Него ти посебно тргаш од сопственото искуство и очекуваш дека ако ти можеш да заштедиш со две потпросечни плати секој може. Исто како што мислиш дека ако ти трошиш 100 евра треба секој толку да троши. Во спротивно е лажење, фалење, непотребно кукање. Јас само кажувам секој да си гледа во својот двор. Неумесни се коментари како мајки претеруваат со купување скапи и непотребни работи исто ко што би било неумесно некој да каже дека не си ги сакате децата доволно за да им купите поскапи работи пошто штедите да си напраоте нокти.
Еве мојата е 1 година и 2 месеца ама нема везе па ќе си пишам. Трошоците се реални да бидеме големи. Како сакаш врти го. Креветчиња, колички, транспортери, релаксатори тоа не рачунам тоа се во неопходни и не се секој месец. Мојата кога не е болна јаде секој ден по цел ден. Значи покрај доручек ручек вечера има сигурно уште 3-4 меѓу оброци не сум броела у пари колку е ама дека е така така е. Пелени дајперс, еуцерин, мустела, судокрем и павловичева се маст хев, витамин д, витамин ц и дефендил, ваја пробиотик.... Алишта? Секое едно парталче од чорапче до јакни сме и купиле ние, некои ситници само поклон што добила а да не се лажеме сега и е точно за 2-3 месеца е кнап. Па ајде јово наново бодиња колку купувам поише толку поише ми се чини дека нема. Од летото до сега купив 2 пара патики за породување и 1 пар чизми само. Јакната? 3,000 а кај е другото? Играчки? Какви сакаш купувај 100 ден сигурно не се а не е дека и најскапите и ги зимам... Средно... Млеко уште пие рачунај бебелан на секој 4-5 дена макс. Такада... Ептен е ефтино да се гледаат деца... Ама ич не ми е криво и не се жалам и не гледам на пари... Месецов ако нема за играчка наредниот ќе има за 2. А па уште ако се разболи.... Брисеви, крвни слики, антибиотик па уште и ако не иде на фонд... Па па па.. Па дај овој пробиотик па не бива па дај оној, па чекај сеа инхалавии со ова па со она па чек пробајте со овие капки па ај со оние па не ај ипак хлорофеникол. Па уште како моево ако иде у градинка и една недела не врзуе здрава? Со среќа
Не е глупост што некогаш се осетам глупо што не им купувам поскапи работи на децата како што имаат другите деца,особено во ова време во кое за децата мора да има,па макар и последните пари да се дадат. Барем многу пати имам слушано од некои родители дека за децата се мора да е нај нај. Да не зборувам за булинг поради тоа што некои деца немаат и затоа се исмеваат. Ама друга тема е тоа. Не правам нокти Не е работа дали некој купува скапи работи за децата. Туку жалењето дека не се заштедува јер цела надпросечна плата се дава за дете. Реалните трошоци еве пишаа сите кои се. Се останато е ствар за избор. И најскапата козметика да се купува и основните работи да се поскапи пак не се троши една надпросечна плата,како сакаш врти. Патем јас не ги осудувам родителите кои купуваат се најскапо за децата. Само ако некој има за секој месец да купува играчки од 1500ден не знам зошто би се жалел дека не му стигнуваат пари
Леле глупости тропање. Особено во Скопје приватна градинка е основен трошок, мада членката нигде не напиша основен трошок или не. Си кажа дека толку троши за детето месечно.