Членката пишала дека зема 500 евра плата и дека не може да заштеди зашто ја трошела цела на детето. Јас имам поголеми примања па никад не ми паднало на памет 500евра да речам дека трошам на бебето. Да земам 500 евра сигурно нема сите да ги трошам па да кукам дека не можам да штедам ради детето. И јас живеам во Скопје и 1500 ден плаќам во државна градинка. Тврдењето дека 500 евра се трошоци месечни за бебе до 1 год е нереално. Некој може и 5000 троши ама да тоа не е реален трошок.
За секој еден од нас е различно што е неопходно, исплатливо итн... Кој има нека троши и повеќе, дај Боже сите да имаме.
Мене не ми е јасно како може да ми влијае на психа без разлика дали позитивно или негативно туѓиот начин на живот. Темава воопшто не е mom shaming како што ја претставувате напротив има различни искуства во поглед на трошоците кое секое семејство со деца го има. Кога бев трудна ми текнува на муабетот на еден колега од работа коа не спремаше со маж ми за тоа колку многу имало трошкови околу дете и не знам што, чак едно време не фати паника како ќе се носиме со тоа а и двајцата сме добро ситуирани. Кога се породив се изненадивме од трошоците а пустите спремни дека леб и сол ќе јадеме дете ко ќе дојде. Моја одлука беше да купиме количка од 12.000 наместо од 30.000 иако во Енци Менци тие од 30.000 прво ни ги нудеа и маж одма се фати за џеб таква да купи, или да купам релаксатор од 6.000 наместо Мама Ру од 20.000, или крема од 200 денари наместо од 1.000 денари. Ниту осеќам mom shame зашто не ја возам у скапа количка ниту па ми се за потсмев мајките што ги возат бебињата во скапи колички. Ептен си зимате се при срце и го гледате како напад према вас како жени а пред се како мајки се она што е поразлично од вашето мислење. На крајот од денот секој родител прави се за своето дете и гледа да му овозможи се на своето дете без разлика дали е играчка од 100 денари или од 2.000. Децата ниту ја знаат вредноста на парите ниту им е битна во животот. Мојата на пр на милион скапи играчки дома најмногу си игра со едно тркало на буткање од 100 денари купено у парк од уличен продавач. Ама ете на мене и татко и ќејф ни е да ја двориме и размазуваме што не не прави подобри родители од оние што не трошат колку нас исто како што не не прави лоши родители затоа што трошиме некогаш и неразумно на нејзе.
Коментариве во стилот "се луксузира, дава цела плата за скапи работи за бебе, а после се жали дека нема за друго и не може да заштеди" не само што одат во прилог на mom shaming однесување, туку се и непотребно зајадливи. Многу слично на муабетите за породување во државни и приватни болници. 500 еур можеби не е месечен трошок за бебе (btw јас сум сигурна дека членката што го пиша тоа не мислеше дека БУКВАЛНО троши 500€ за бебето на месец, иако сите до една ѝ се фативте за тоа ко слеп за стап. Јас поинаку ја сфатив, дека сака да каже дека детето е приоритет и секогаш прво за него се купува, макар тоа значело за мама да не остане ништо освен за основни потребштини за месецот). Но, да не се лажеме, месечни трошоци за бебе не се 100€. Можеби основните трошоци се 100€, ама на тие секој месец (бар ние со партнерот) калкулираме што додатно е потребно да се купи. Бодиња, шпихозни, лигавчиња, по некое комплетче за облекување купуваме СЕКОЈ МЕСЕЦ - јеби га, малиот многу брзо расте, за 3 и пол месеци ја има дуплирано родилната тежина и ги надраснува брзо работите. И секој месец нешто ново се додава на основното - еден месец му требало скафандер, друг месец кенгур пошто во количка вришти и неќе да се вози, па мораме да најдеме друг начин кога мора да излеземе, па следен месец требало столче за хранење, па после тоа на ред е прибор за јадење па бејби кукер, потоа еден месец играчки, да не редам сега што сѐ имам на список и тој список цело време се дополнува. И кога тоа ќе го додадеш на пелени, креми, влажни марамици и витамини односно основни работи, есапот испаѓа многу повеќе од 100€. Пред да скокнете и на мене - да, признавам, му имам купено и по некое поскапо парче облека или играчка онака од мерак, количка од 650€ иако знам дека има и за 200€, најскапа органска козметика иако знам дека можам да поминам и со Babylove, ама па имаме и позајмено многу работи од блиски (релаксатор, подлога за пресоблекување, транспортер и ред друго), па пак на некој начин нешто и сме искомензирале. Цела среќа и благослов за мене е што живеам во држава со уреден здравствен систем, каде нега за бебиња и деца е на највисоко можно ниво и при тоа е комплетно бесплатна, па ете, парите што во поинакви услови сигурно не би имала многу избор и би ги дала за приватни педијатри и ортопеди, или пороѓај во приватна болница, јас ги давам за некоја плус (макар ненеопходна) ствар за бебето. И кажа некоја членка погоре, она што јас сметам дека е неопходно за моето бебе не значи дека е неопходно за друга мајка. Некоја ќе купи обично тенџере со додаток за пареа за правење храна или евтин блендер, јас за мене сметам дека е неопходно да купам мултикукер од 150€. Храната секако ќе биде подготвена и детето секако ќе биде најадено и задоволно. Не бидете зајадливи една кон друга, сите сме различни, сите имаме различна перцепција за она што ни е потребно да ги растеме децата и секако различни можности. Она што нѐ обединува е што сите си ги сакаме децата исто - најмногу на цел свет и подготвени сме да има пружиме сѐ за да ништо не им фали. Јас лично, толку време го чекав ова бебе, толку солзи исплакав за да го добијам и толку крв поплукав, ич, ама ич не калкулирам и му купувам што ми душа сака, макар не останало ништо за мене за тој месец освен да си купам основна козметика. И не ми е баш пријатно да прочитам коментари од типот дека "се луксузирам", "се фалам", "изводам". И јеби га, знам дека можеби не сум најпрагматична особа кога се работи за него, и знам дека мајчинството не се мери во материјални ствари што на едно бебе ништо не му значат, ама од пусти мерак за првенче што сум го чекала со години, ќе си дозволам некогаш и да не калкулирам за секое едно нешто, него едноставно да му земам. Од друга страна пак, никогаш не би се осудила да давам коментари за обратната ситуација и имам почит кон секоја овде што пиша и генерално, зашто знам дека секоја мајка дава сѐ што има за своето дете и со секој атом на своето тело прави сѐ за да ништо не му фали и да расте безгрижно и среќно.
Реално, претходно и ни остануваа пари повеќе. Сега бебе на пат значи уште немаме месечни трошоци ама за неколку недели, само да сме двете здрави, живи ни почнуваат, па ќе видиме. Среќа и што ни заостанувал некој денар бидејќи скоро целосни препреми и прегледи и лекови си ги плаќаме сами. Не дека очекуваме од други. Свекор и свекрва нека се здрави, живи, едно парталче немаат купено, туку само добиваме коментар си земате, ќе си купите или детето е најбитно нема да штедите. Е сега за почеток можеби и трупаме работи, можеби и поголем дел ќе ни останат, посебно гардероба ама пак купуваме релативно евтини. За месечни трошоци, освен памперс и влажни засега немаме друго земено ама сигурно првиот месец би надминале па и 100+ евра за кремчиња,масти, капки, можеби Ад млеко ќе е потребно итн.
Тие што немаат врски за во државна градинка или немаат кој да им ги чува децата дур чекаат да им ги примат децата, мора да најдат решение и ите како ако некој мора, ќе избере приватна градинка. И упорно и го извртувате муабетот на членката. Никаде не пиша "леле немам пари, а трошам 500 евра за дете", туку си пиша за себе дека неможе да замисли да заштеди на тие трошоци, а зошто ги има она си знае. Не зборам за членката, ама има разноразни ситуации и мајки што ве читаат што трошат куп пари за разно разни прегледи, разни испитувања, разни состојби кај деца и замислете ова да и го пишувате на некоја мајка во таква ситуација. Мислам малку осет не е на одмет.
Темава трошоци за бебе смешки е, да не ги рачунаме количка, креветче…не се воопшто големи трошоците за бебенце до 1година па и понатаму, уште па ако е на доење уште поубаво до 6м рает, само за пелени пари и козметика, шампонче, креми мада и тоа што помалце хемија тоа поубаво, облеката и онака брзо се израснува може да се позајми од најблиските, потоа неколку месеци кашички до годината и по годината тоа што готвам за нас тоа и за него, се останато е глумење лудило, цела плата да ја фрлиш на бебенце тоа е би рекла и себичност, подобро стави ја таа сума на банкова сметка од бебето секој месец. Ако се големи трошоците за бебе до 1год ам каде се трошоците за поголеми кога ќе се средношколци, студенти
Значи ние што не зајмиме алишта од други, на АД сме, користиме поскапа козметика *со хемија*, глумиме лудило?
Ја не се жалам дека се превисоки, моите трошоци за моето бебе се неопходни и се такви какви што се. Твојов муабет горе вика дека ако си позајмиш алишта, не користиш козметика многу многу, му даваш на детето храна ко ти што јадеш е ок - а се останато било глумење лудило, што е неверојатно неточна изјава, поготово за некој со погорните фактори спомнати.
Сериозно цела тема испишавте ради коментар, од зајадливост? До mom shaming, глумење лудило и слични глупости стигнавте? Аман бе. Купете му на бебето утре една купка од 3000, да ви помине зајадливоста, да не се осеќате помалку мајки.
За синко немав толку можности, ама пак прво него ќе го намирев, после себе. И тогаш користев Памперс, козметика поефтина, ама на храна многу пазев. И тогаш купив поскапка количка, и сега зедов. Еве мојата количка е 750 ев, ама го користам креветчето од синко. Добив 4moms од внукот, за подарок добивме столче ново, душек, кадичка и постоља за капење, добив и пари. Јас купив само количка 3 во 1. Другово е подарок. Сега ми остана да купам седиште. Јас за овие работи внимавам и гледам да се од добри брендови. Облека исто купувам. Што на акција, што од што морам, за синко имав доста поклони, ама за нејзе немам. Некогаш од мерак знам да купам и поскапо. Козметика купив органска, играчки купив поскапи. Оти можам. Не ми пречи на буџетот, не ме оптеретува. Ама тоа не се реални трошоци, тоа е се од мерак и од според можностите. И многу битно, јас за прегледи не давам пари, користам само вит д кој го добивам на рецепт. Само ротата ја платив. Не давам додатни витамини, освен ако доктор не ми каже. Сметам дека е маркетинг, но не навлегувам понатаму во дискусијата. Не осудувам ако некој троши повеќе. Дискусијата беше за реалниот трошок, а тој без АД не е голем. И не е над 1000 евра. Јас сметав со Премиум пелени и Валеда козметика.
Па ако не се жалиш зошто ме цитираш, дете ко дете ќе си порасне и со облека од најк и со облека од пазар, и со твојата ‘скапа козметика’ и со бекутанче, секој според сопствениот џеб, не знам како да ти објаснам за да сфатиш, за се има алтернатива секој до кај му е чергата само не давајте лажна слика дека трошоци за бебенце се превисоки. После годината не знам ти што му даваш за јадење ниту ме интересира, тоа педијатрите кажуваат, чиниш дома пластични кеси вариме па тоа му давам на детето и за тебе е сасвим неокеј
Тема што не може да се генерализира, може само да се прочита туѓото искуство, се се базира на различни услови, приоритети, ставови.... Не сум размислувала колку чини месечната бејби кошничка, но генерално на месечно ниво се трошат 3-4 кутии од големите АД на хип (сега воведуваме вкусови, но планирам да се што поздрави и органски во иднина), пелени Џамбо слипи од 1000 ден х 2, марамици немам осет колку се трошат месечно исто слипи, чајче пие, флаширана вода, биогаја, бејбитол омега, д3 на рецепта од матичната, козметика веледа и Павловичева за газето и можам да кажам дека си трошиме солидно, се чудам кога ќе слушнам како едно шампонче од 200мл им трае 8 месеци . Го перам со персил бебешки, пеглам. За садови фрош, имам и стерилизатор подарок но ретко го користев зошто просторот ми е тој . Кога искочивме од болница мислам за месец потрошивме 2к евра... Немав земено АД, витамини за него, туфери за градите, улошки, клексами, апчиња некои, Чаеви за лактација, таблети за градите - 5 таблети употребив а кутијата беше 900 ден, пари за часови за доење, реквизити за доење, храна готвеше мајками добри 2 месеца.... Од друга страна, немаме земено 1 капки против грчеви, научен е да спие во темно и тишина, џабе ми се тропалките над креветот кои ги купував во жештина во 9ти месец Од бејби опрема, распределив уште пред да се роди, количка зимска 500еврс поклон, седиште за кола исто поклон, храналка поклон,кенгур поклон, пресоблекувално, креветче меко имаме, летна количка -ние , и сите се или бебе хоме или чико. Шише имам едно др броумс, цуцли поклон беа, ситни реквизити си докував и докупувам (на пример сега за нова ми дадоа пари роднини, му земав прибор за јадење,каши,лигавки,играчки, секогаш наменски земам од пари што ќе му дадат. Собра солидна сума кога се роди, здравје после 1 роденден ќе му отвориме штедна). Облека доста надобив кога се роди, сега за нова доби, добива и без повод, секако и нешто ситно што ми треба си докупувам, претежно од мк квалитет памучни шпихпзни, редовна сум во неколку познати такви продавнички. Играчки доста добива, нешто ситно му земам, едвај чекам книги да му читаме. Прегледи ортопед одиме во Дебар маало, сега треба на втор, матична имаме преку фондот иако плаќаме паушал годишен... За него имаме дупло греење дома, прочистувач. Друго не ми текнува. Сумирано, приливите се тие, јас барав нова работа кога дознав дека сум бремена, платата ми е како на почетокот, ама се трудам да водам домаќински есап. Се зависи од потребите, ако ми треба нешто знам како и каде, беспотребно не трошам пари на облека и козметика, нокти и сега во породилното и лани во бременоста, затоа годинава ќе сменам работа и професија Нека се само живи и здрави, се што се печали сега и во иднина е за него Мислам дека додека се помали можеме повеќе да заштедиме, после со школување, екскурзии, спорт, курсеви, дружења - повеќе ќе треба од веледа шампонче и кутија АД
Како бе, како вакви мислења? Ја морав Еуцерина да купувам итоа до скоро, како можеш да кажеш дека дете и со Бекутан ќе порасне и со скапа козметика, кога детево рани живи ми се направи и од Бекутан и од Косили итн. Еве јас од золва ми од старт имав се и сешто од облека, жими едно елече како бебе што му купивме и два пара патики, после само патики, трењерки, фармерчиња нешто што му фалат, јакна годинава прв пат му купивме итоа од мерак, иначе има од братучет му, ама пак бе до година ипол под 15000 не бев. И не терав луксуз, алергија ми пројави од кравјо морав да терам со ад, 1000 ден кутија ми беше, месечно само за ад до годината дававме близу 9000 ден. И високи трошоци се, зошто тогаш бев пријавена на минималец за 12, 500 ден после покачија плата. А ја од мојата плата имав и кредит, значи мене шо се вика плата ипол скоро за дете ми одела. Луксузи терав, ај важи. Прегледи одевме на приватно, и тоа кошта. Немам доверба во доктори и сестри во Струшка педијатрија. И ден денес другар на мм доктор го прегледува, таму не го носам.
Леле ете еуцерината тебе те осиромашила, се фати за кремата стварно жално ако се нафрла детенцето од Бекутан, на твое место ќе ги тужам…. Немала верба во струшка педијатрија тоа е твој проблем,а цел Охрид децата таму ги носат на лечење, не е ни чудо што ти пројавило алергија јер тој приватниот требало да те научи дека кравјо млеко до година не се дава.
Човек многу добро ги знам што прават затоа дете не носам. Тие од Охрид што носат, носат деца дека немаат избор,не дека сакаат. На внука на мм и втераа инфузии без никаков лек во инфузијата за заштита на желудник, девојчето два месечи пробиотик пие неможе да и се среди желудникот после јадење плаче, киселини има и го оштетија желудникот. Не е тоа тема, јас зошто знаев дека има атопична кожа, уште од бебе тоа го увидовме благодарение на тие производи што ја сушат детската кожа, не давав кравјо до година и два месеци. И пробав и видов проблем. Ако толку имаш критика за приватниве, распрашај се која е Лиле педијатар во Струга и прочитај која е жената, па збори. Пиши што сакаш, ајде и мене суди ми дека луксузи терав со 15000 месечно. Една да има различно искуство, одма напаѓате. Иначе не реков дека мене Еуцерината ме осиромашила, извртуваш муабети
Само да се надополнам, истечено е времето за редактирање. Да имам од кој да земам солидно исчувано облека и опрема, јас ќе земев. Земав од блиски облека, супер со радост што да не, но се разочарав и навредив малку... Се беше со флеки, дупки, мали за бебуш работи, излитени.... Здиплив, вратив, фала. Моети работи ќе се сочувани, ако е дотолку оштетемо нема да дадам, но да дадам и да кажам испери ја флеката мислам е заебанција од другата страна. Дај боже да имам второ, се ќе имам од првото, нема потреба истото да се прекупува.
Трошоците околу бебе се релативни и мислам дека најмногу зависат од детето,дали цица,каква му е кожата,колку често се разболува,што и како јаде... се друго е веќе според вкус и желби на родителите. Количка,релаксатор,седиште за во кола,играчки,облека се купуваат според буџетот. Ние не сме имале големи трошоци,цицаше до 18 месеци,пелени од babylove,козметика hipp,каши многу кратко домашни јадеше бидејќи многу брзо почнавме со blw,стварно од овој аспект не ја осеќаме како преголем трошок,максимум 100 евра месечно,сега можеби и помалку,облека купувам од Ваики,Зара,H&M,Картерс (од САД и ми ги носат овде,многу поефтини се) и тоа е тоа.