1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Трошоци за бебиња до 1год.

Дискусија во 'Бебе' започната од captivating, 17 октомври 2013.

  1. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.935
    Допаѓања:
    48.109
    Пол:
    Женски
    @Mnik малце си контрадикторна ама океј, нема да продолжам дискусија, едноставно премногу сте исфрустрирани мамички, чил малце:beer::beer:
     
    На Starchild му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Tess36

    Tess36 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2022
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    1.169
    Пол:
    Женски
    Ја зачитав темава од досада, чисто колку да споредам дали мојата планирана математика ќе се поклопи со останатите ×2 и дали нешто не сум зела предвид или со друго сум претерала (беблаци уште не се родени, ама математика мораше да се направи за да преживееме во кризава). И тука забележав дека воопшто не се пишува реално, туку настанал натпревар на две нивоа, докажување кој може најмногу и кој може најмалку да потроши. И уште сè измешано, не прочитав дека тука се разликува колку е навистина реален месечен трошок, самостојно, без помош од страна. Значи повеќето не се свесни дека немаат сите тетки, стринки, баби, другари што носат поклони и обезбедуваат еден куп неопходни работи, дека не цицаат сите бебиња, дека не успеваат сите да ги запишат во државна градинка и немаат сите баба сервис за да поминат со 100 евра месечно. Еве како пример кај нас кога се откри дека ќе имаме близнаци, сите се истрчаа со не се секирајте, се што имаме ќе ви дадеме, вие само потрошни работи ќе треба да купувате и еве нè, за нецел месец ќе се породам, но никој веќе не спомнал ништо за давање, иако сите се со израстени 2,3 деца. Ама затоа што си ги знам и домашните и блиските, сами си се организиравме со маж ми на време, направивме списоци со неопходно и приоритетно и купувавме на акции за сега да сме смирени и спремни за се. А кога купуваш сè сам од свој џеб, без подароци и користени работи, трошоците се ооогромни, особено за првата година затоа што сè треба да се купи наеднаш и сè се менува за многу кратко време, никој не може да ме убеди во спротивното, колку и да се докажувате. И јасно ми е дека како што ќе растат, трошоците и ќе се зголемуваат, ама ќе биде постепено, веќе ќе сме научени дека сме побројни и ваљда ќе знаеме подобро да ги менаџираме финансиите. Плус секако нели за нив живееме отсега понатаму, само да се здрави прави, за се друго ќе се снаоѓаме.
     
    На MarijaMi90, Kaja991, MilaSs12 и 11 други им се допаѓа ова.
  3. Pacient srna

    Pacient srna Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2015
    Пораки:
    6.411
    Допаѓања:
    9.013
    Пол:
    Женски
    Mislam deka temava trebala da bide info za novi majki a ne da se meri tuka....sekoj so trosi kolku saka i kolku moze i se e toa ok.
    Mene me nervira koa kozmetikata ili sto god da e za bebe e skapa, a za mama moze da e tolku i da ima mama 100 sminki i kremi toa e ok...za mene toa ne e ok jas od kade kupuvam za mene od tamu i za bebe. Ako jas ne turam najeftini uloski nema ni na bebeto najeftini peleni ili najskapi seedno
     
    На MilaSs12, Coco31, mariz и 11 други им се допаѓа ова.
  4. macalavica

    macalavica Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    3.197
    Допаѓања:
    4.885
    Пол:
    Женски
    Моето бебе е само на доење, месечно купувам капки за него околу 2500 ден плус памперс и влажни 3000-4000 и витамини за мене 1000.Козметика купив кога се роди уште со тоа го бањам еве 4 месеци има.Алишта користам 90% од постарото синче и од внуците од сестра ми, купувам по нешто ново за кога ке излеземе да го облечам.Е на контроли го носам во Ремедика тоа ме кошта околу 3500 ден со се патни трошоци.Значи околу 10000 груба математика е трошокот само за него.Е сега кога ке почнеме со каши ке се зголеми, како раснат децата така си раснат и трошоците.Јас повеќе пари трошев бремена едвај излеговме на крај, мн лекарства пиев, чести прегледи, клексани ама тоа е, што мора мора.
     
    На Freckles., kikikikirika и hello-kitty.90 им се допаѓа ова.
  5. Stressed Out

    Stressed Out Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2018
    Пораки:
    2.716
    Допаѓања:
    14.520
    Пол:
    Женски
    Ама првичните трошоци не ги спомнавме за доаѓањето на бебе,големи се и пак зависат од буџетот,индивидуално е,дискусијата е за месечни тековни околу бебе,капки се првите 2 3 месеци,еве ние ни толку не користевме бидејќи џабе беше.
    Верувајте се зависи од бебето.
    А и муабетот погоре за пелените најефтини вака така,не е се ни до цената,еве нас pampers не ни одговараа, многу брзо се полнеа,babylove се поефтини ама многу ни се погодија,така да ни тоа "за детето се најубаво и најскапо" не држи вода.
     
    На Alexandrite, JuLleE и Mnik им се допаѓа ова.
  6. Cherry79

    Cherry79 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 март 2021
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    1.638
    Пол:
    Женски
    Баш така. Ако бирам за мене , бирам и за неа. Јас гледам на пример од потребите и од практичен аспект. Сите пелени сум ги пробала и пак завршувам на памперс. Со сите математики тие ми се најефтини. Што и да и ставам неа и протекува. Не е можно да знам да ги наместам памперс , а да незнам други марки. Навечер само премиум памперс и издржуваат, актив не , па тие и ги ставам само навечер. Да ја ограничувам вода да не пие пред спиење немам намера. Да менувам пелени и да ја будам во текот на ноќта и тоа немам намера. И давам АД сеуште пред спиење и покрај тоа што веќе ќе прави две години. АД со оглед на тоа што не ја топлам водата ми е практично и брзо и за пред спиење и за шетање ако треба. Козметика и комбинирам Бекутан и Биодерма. Ако користам нонстоп Бекутан и пука кожата, вака комбинирано и е супер. Витамин Д3 и давав на Бабитол, ај реков да сменам на пливит има разлика 20 ден и 600 ден, ама еве ја не ги сака го брише јазикот или повраќа, на Бабутол им се радува. Епа поефтино ми е да користам такви отколку да бришам повраќаници. Се што можев да позајмам сум позајмила, сум вратила во беспрекорна состојба. И не смо од најблиски туку и од комшии и колеги, ич не ми беше срам. На братучетака ми и понудив тоа што е мое да и позајмам, ми рече нема шанси, за бебе сакам се ново, а и дајцата не работат, ама ќе речам нивна желба нивна работа. Затоа велам секој според потребите и можностите и желбите, и никој не е за осудување. Кој колку сака и како сака.
     
    На Серотин, Coco31, Freckles. и 6 други им се допаѓа ова.
  7. Калатеа

    Калатеа Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2021
    Пораки:
    2.087
    Допаѓања:
    6.902
    Те цитирам пошто ниедна друга членка не кажува кој и колку глуми лудило, ти најпаметната овде се најде да прозиваш.
    Со што ќе храниш и мачкаш дете ич не ми е гајле, не кажувај другите со друг избор освен Бекутан дека глумеле лудило.
    Ја сфати поентата или па ќе се фатиш дека се жалам?
     
    На MilaSs12, Mnik и le.soleil им се допаѓа ова.
  8. Noranora

    Noranora Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    2.376
    Допаѓања:
    4.058
    Пол:
    Женски
    Абе зошто секоја тема кавги и натпревар која од вас е по мајка?
    Зошто мора да се докажувате?
    На кого?
    Бог ќе ти знае секоја од нас позади никовиве која е и како е навистина приказната....
    Секое дете си е приказна за себе со свои потреби кои што се прилагодуваат во зависно од буџетот.
    Сечив буџет е различен. Ако денес имаш утре може да немаш и обратно. Посекако ќе пораснат тие деца и сл мустели и со бекутан. Што не ви е јасно?
    Земавте да пишувате по колку пари ви се количките... Сериозно? Ќе мериме која поише потрошила на детето?
    Мене ми е срам и не згодно да пишам пошто знам дека има и со повеќе од мене тука и со помалку.
    После се чудиме зошто децата ги исмејуваат децата ако патиките не се адидас.
    Кога слушнав пред некој ден внуче на баба како и вика бабо да ми купиш патики ама ја само адидас носам ми се згрози нешто во желудникот да ви кажам право. Ама сега читам овде и зошто е тоа така и од каде.
    Поздрав до сите и дај боже сите да имате и повеќе од што ви треба. Материјалното е минливо и релативно запамтете. Децата ви се гледаат по тоа како сте ги научиле и воспитале а не што носат и во кои колички се возат 6 месеца.
     
    На Kaja991, azelea, Maca Macka и 9 други им се допаѓа ова.
  9. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.896
    Допаѓања:
    132.655
    Аууу многу сте трошеле.

    Ние само пелени купувавме Памперс, ни еднаш не ги сменивме, се погодија.
    Крема не стававме на газе, совршено мазно и беше, никогаш не се осипа. Почнавме, ама на секое ставање Павловичева вриштеше и прекинавме.

    Д3 беше евтино, околу 300 денари мислам.

    Алишта зимавме редовно, брзо растеше, ама не скапи, оти за две недели мали и беа.

    Кашички сами правевме, само блендер купивме. Значи мноооогу мал трошок месечно.

    Нас трошок ни беше само приватна градинка. Ама тоа беше покасно.
     
    На AngelOfArh, Anie93, Freckles. и 4 други им се допаѓа ова.
  10. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.408
    Пол:
    Женски
    И децата на 14 години ќе се дружат и ќе се караат какви пелени имале ко бебиња и каква купка за бањање...
    Ко чив татко е посилен :rofl:

    Не.
     
    На oblace1, MarijaMi90, AngelOfArh и 14 други им се допаѓа ова.
  11. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.935
    Допаѓања:
    48.109
    Пол:
    Женски
    @Калатеа душо јас не прозвав никого пишав ти си ме цитиралаа можеби и не разбираш што сакав да кажам, да трошиш цела плата од 30.000ден а да не можеш да му тргнеш од таа сума заштеда е глумење лудило, да убедуваш дека растење на бебе до една година чини богатство и тоа е глумење лудило, жално е што идни мајки читаат тука па си мислат којзнае колку треба да се одвои, препрочитај уште еднаш пред да ме цитираш со глупости, со тебе не ни вреди да продолжам дискусија, јер не се ни жалиш за трошоците околу твоето бебенце ама молиш бога во иднина да се намалат(facepalm)
    Немој толкава нервоза, знаеш дека и бебето осеќа.
    Секое добро
     
    На cresa-jagoda и minne992 им се допаѓа ова.
  12. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.074
    Допаѓања:
    9.670
    Пол:
    Женски
    Каде тоа јас сум контрадикторна? Тоа што не се мешам во туѓ џеб ме прави контрадикторна?
     
    На Alexandrite и Калатеа им се допаѓа ова.
  13. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.935
    Допаѓања:
    48.109
    Пол:
    Женски
    И не терав луксуз, алергија ми пројави од кравјо морав да терам со ад, 1000 ден кутија ми беше, месечно само за ад до годината дававме близу 9000 ден.

    Самата пишуваш дека си продолжила со ад јер ти пројавило алергија од краво, после пу пу не важи на година и два месеци му дадов кравјо(facepalm). Па потоа бебето од самото раѓање имало дерматит од мачкање на ефтини креми, па ако си забележала дека бара посебна нега требало доктор да те упати а не да експериментираш со ефтина козметика. Добронамерен совет смени го приватниот џабе парите му ги даваш.
    Остало, желудничето му го оштетиле на девојченцето на струшката педијатрија… ова ако е вистина како преминаа родителите преку тоа смирени, да се некои други има све во медиуми да излезе ко и многу други скандали.
     
  14. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    16.203
    Допаѓања:
    111.856
    Пол:
    Женски
    Обавезен трошок за бебе е само АД и пелени. Се друго кај потполно здраво бебе е глумење лудило.
    Не, не ти е трошок уријажот козметика. Ако бебето нема проблем со кожата ти сама си избрала да му ставаш најскапа козметика. А постои поефтина, а квалитетна козметика.

    Алиштата од окаиди и картерс исто не ти се трошок, ти сама си избрала да го облекуваш од таму, има поефтини а притоа убави алишта.

    Количка во износ од постар половен автомобил исто не ти е трошок, сама си избрала таква да купиш, а има поефтини. Многу зезнато е што може бебе нема да сака ни една минута да се вози во неа.

    Релаксаторот нема потреба сам да лула свети пее и да кошта просечна плата, не е тоа трошок, твој избор е има и поефтини. Зезнатиот момент ко кај количката стои и овде.

    И така ...
     
    На oblace1, dunika, AngelOfArh и 22 други им се допаѓа ова.
  15. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.408
    Пол:
    Женски
    Со мојот коментар погоре сакам да кажам, дека е до нас родителите, НИЕ трошиме... не бебето.
    Бебе највеќе ќе си игра со даљинско, шише, тенџере ... макар и играчки од 100евра да купуваме...
     
    На oblace1, dunika, АнеАце и 18 други им се допаѓа ова.
  16. Proletno

    Proletno Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2016
    Пораки:
    487
    Допаѓања:
    571
    Пол:
    Женски
    Сметам дека ги потценувате трошоците за бебе. И ние возрасни можеме без многу работи ама сме си ги приуштиле.
    Зошто паста за заби..кога може со сода бикарбона..
     
    На le.soleil му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Noranora

    Noranora Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    2.376
    Допаѓања:
    4.058
    Пол:
    Женски
    Мислам дека не ја сваќаш поентата.
    Мора паста за заби ама не мора нај скапата.
    Колку нозете толку чергичката.
    Тоае поентата
     
    На cresa-jagoda, Pacient srna и Mnik им се допаѓа ова.
  18. Proletno

    Proletno Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2016
    Пораки:
    487
    Допаѓања:
    571
    Пол:
    Женски
    Ја сваќам многу добро поентата...Секој има различна перцепција за работите..ама да се тврди дека само со пелени е завршена работата...или позајмена облека..
     
    На Tess36 и Mnik им се допаѓа ова.
  19. Noranora

    Noranora Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    2.376
    Допаѓања:
    4.058
    Пол:
    Женски
    Јас баш пред некој ден реков дека тие што имаат од каде да позајмат им е многу полесно. Јас немам едно парталче земено за ќерка ми се е ново. Е сега има и од 2,000 има и од 200 денари. И не не ми е срам да кажам. Не ја гледам потребата по дома да седи во алишта од картерс или џорџ. Ќе седи во нешто поефтинко. Надвор никогаш не била не средена. Такада тоа е тоа. Така мислам така правам.
     
    На Proletno и Mnik им се допаѓа ова.
  20. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.074
    Допаѓања:
    9.670
    Пол:
    Женски
    Леле па јас ти кажав кога приметив дека пројави алергија, а ти пишав до година 9000 ден, зошто повеќе јадеше цврста храна после годината и намалив на ад, а не дека пред година и два месеци прв пат дадов кравјо. Да не се изразам ко што не треба, ќе ти речам само дека читаш како ти одговара.
    Иначе од прв ден го бањав со Бекутан и се направи цел лом и педијатар ми препорача Еуцерина.
    Иначе не сум јас родител на тоа дете па да се мешам, знам дека се карале таму, што е точно случено незнам одпосле. И си имам и други причини поради кои несакам да го носам таму, тоа воопшто не е твој проблем. А не е ни тема