1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Трошоци поврзани со децата

Дискусија во 'Дете' започната од Ariel, 21 декември 2011.

  1. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.744
    Допаѓања:
    130.759
    Сите знаеме дека животот е скапо задоволство, а просечните плати едвај ги покриваат основните трошоци.

    Како се справувате со трошоците поврзани со децата? Децата секако влијаат на домашниот буџет, но дали мислите дека драматично го оптоваруваат, или можеби разликата е занемарлива.

    На страна од храната и облеката кои се неопходни, дали имате дополнителни расходи - градинка, школо, жена за чување, воншколски активности итн, и како се справувате со нив?
    Колку изнесуват вашите месечни трошоци поврзани со децата?

    Темата ја отворам непријатно изненадена од последната сума што ја слушнав за воншколски активности - за кошарка, во салата во училиште - 1800 ден месечно, а се оди 2 пати неделно. Истата сума е и за балет.
    Дополнително, вчера морав да и купам на ќерка ми квалитетни чизми кои чинеа 3300 денари, а следната зима веќе ќе и бидат мали.

    Последниот период ни се случува едвај да го истераме месецот поради големите трошоци поврзани со децата, па сакав да слушнам дали истото се случува и кај другите.
     
    На Shana му/ѝ се допаѓа ова.
  2. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Во последно време гледам да сведам се на минимум а да не биде лишено од нешто за кое сметам дека треба да го има.
    Имам трошок градинка месечно 1500ден (не е голема сумата земено во обзир дека детето е таму по 8 сата дневно и јадење), 500ден росица и 100ден физичко месечно.
    Има 4 год. и мислам дека е ок, противник сум за англиски јазик на таа возраст затоа што уште македонски не знае добро да зборува а и на 4 годишно дете да му земеш пажња за учење англиски :x . Знам дека предавањата се кроз игра и песнички али во глобала сега сме ,,радознали Џорџ,, :) кога се прашуваме и учиме.
    Облека и обувки (гледам да се квалитетни, летоска му зедов сандалки со +1 бр. за следно лето а исто правам и со патики и чизми) купувам на попуст за следна сезона. Облеката гледам да е малку покомотна за да може и сл.сезона да се носи ако е возможно.
    Трошок ми е Мустела колекција која морам да ја земам на секои 2-3 месеци и е скапа. Има проблематична кожа и само таа му одговара и прашок за перење течен Персил кој е 340ден, ама само тој нема конзерванс. Е затоа јас се лишувам од мојот Ариел :) и земам некој друг прашок за нас.
    Едно дете е па не го чувствувам многу трошокот поврзан со него (али затоа други безброоој :D ) сега за сега али уште од сега мислам на школување и штедам ;)
     
  3. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    867
    Допаѓања:
    13.216
    Пол:
    Женски
    Па, нормално дека трошоците се големи, со две просечни плати не стигнува...но,
    Да се биде родител значи да се откажеш од многу лични задоволства и некој личен комодитет кој си го имал преходно како сингл. Трошоците околу детето барем мене лично ми се приоритет. Кога сум била во финансиска криза, сум одела и пешки по километри, сум јадела по едно геврече, но него од основните работи не сум го лишила.

    Да му се овозможи квалитетна храна на детето не е трошок, тоа е основна потреба и вложување за неговото здравје и иднина. Да се вложи во образование, спорт, исто, но само ако истото е во склад со интересите и потребите на детето. Син ми тренира тенис, што за наши услови е релативно скап спорт. Месечно тренинзите чинат околу 2300 ден, плус опрема, квалитетни патики, еднаш годишно рекет ( од летоска купениот HEAD уште го исплаќам).
    Но, најважно е дека детето тренира со љубов, а со сила - тоа е веќе би било друга приказна.

    А и детето ми е навистина скромно, не пребараува премногу, секогаш прво прашува дали можам да му го купам нештото.

    Само нека се се здрави и живи, а наше е да трошиме на нив, но без аздисување, нели.
    Нема ништо потешко од тоа кога родителот неможе да му ги задоволи основните потреби на детето.
     
  4. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.717
    Уште ми е мало детето, немам толку големи трошоци по него. Памперс, влажни, павловичева, понекогаш кашички готови и тоа е тоа.

    Еве ќе коментирам за децата на чичо ми. Со нина ми работат во конфекција, земаат мали примања, исплаќаат три кредита, плус имаат ќерка тинејџерка. Трошоците поврзани со децата гледат да ги намалат на секој начин. Нина ми и шие на братучетка ми фустанчиња за излегување, блузички и сл. Носат ист број чизми, па се менуваат (нина ми е млада и модерно се носи). Плус и мала помош од дедо ми имаат со неговата пензија.
    А за помалото дете (5 годишник), освен што плаќаат градинка, друго не. Не можат да си дозволат повеќе, а сакаат. Ма кој родител не сака да му купи на детето? Играчки ретко му се купуваат. Едвај издржуваат до наредниот месец. Срце ми се кине кога ги гледам така. Татко ми им помага колку може.
    Инаку кредитите се земени поради малото детенце ( а не за луксуз или било што друго), имаше проблеми со здравјето и мораа кредити да земат за да се среди детето. :(
     
  5. Shana

    Shana Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    1.505
    Лелееее околу трошоците не ја чепкајте работата :D
    Неможе да се смета вака бидејки има директни и индиректни трошоци...
    Конкретно градинка 2 х 1500; до градинка и од градинка си иде бензин во колата. Книга математика, слики, театар, пакетчиња... Гардероба секоја сезона бидејки си растат дечињата, нека ми се живи и здрави, плус женско и машко се па неможе да носат едно од друго. Немаме други деца во фамилијата и многу тешко ми паѓа кога треба да им купувам алишта и за дома. Се трудам да купам неутрална боја тренерки да може и синчето да ги носи догодина ама кај нас се трешти розе со циркони :puke: И така есента морав да им купам по 3 пара, 6 пара тренерки само за дома! Лани летото и на двете дечиња стапалцата им пораснаа 3 броја од март до септември па моравме во август да купуваме други сандалки. Козметика мустела на 2-3 месеци, витамини, сирупи, лекарски прегледи кои неможеш да ги предвидиш. Индирекно, сметката за струја е поголема бидејки повеке грееме преку ден а нивната соба ја грееме и преку ноќ бидејки се откриваат. Млеко трошиме 10 литри неделно, си бараат и си пијат децата. Разноврсно овошје мора да има во секое време, сок најчесто цедиме портокали, ретко купуваме од готовите ама и да купиме некогаш, земаме 100%. Телешко мевце е 520 денари килограм во Веро, свежи стекови од Цекин се 360 денари. Ние може би купиле и од поефтините ама децата несакам да ги хранам со смрзнати мутирани бразилски батаци :( Што се однесува до играчките, ЕЛЦ го пренесовме од Гр со ММ :worried:hock: и повеке не купуваме без повод. Од лани од Нова година имаме купено само пластелин преку лето, боенки и некои други потрошни материјали ама затоа сега Дедо Мраз ке биде дарежлив ;)
    Неможам да кажам прецизно колку средства месечно одат за децата ама сумата не е занемарлива во никој случај! И да, и ние едвај сврзуваме крај со крај, посебно бидејки нема кој да ни помогне ни со еден литар млеко а не па нешто повеке. И со иста плата како лани, годинава ни е каде каде потешко...
     
  6. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.744
    Допаѓања:
    130.759
    Јас основните трошоци како храна и облека и не ги сметам, бидејќи мислам дека барем кај нас не се големи. Децата го јадат истото што и ние, особено последниве 2-3 месеци кога решив да ја стегнам работата. Не од финансиски причини, туку многу пиеја млеко - и ние трошевме по 10 литри млеко неделно, а тоа не е здраво, а да не спомнувам разни глупости како вафли, слатки во 1001 варијанта, и слично, кои комплетно ги укинав :D . За облека, искрено, и не трошиме многу - овој дел го покриваме преку родендените. Најблиските секогаш ме прашуваат што да им купат, па гледам да купат тоа што им недостасува. Порано и роднините од странство праќаа цели пакети облека, иако последнава година нешто слабо, а за сезоните кои не можам да ги покријам со родендени гледам колку што можам да се снајдам од другарки - јас им давам смалени алишта од моите деца - тие ми даваат од нивните. Многу малку останува за купување, сега на ќерка ми и купив чизми, а веројатно ќе треба и јакна, ама откако е родена не знам дали воопшто сум и ги купила овие работи, или само ги добивала на подарок. Исто е и за играчки, многу малку сме им купувале ние, речиси сите ги добиле.

    Мене ме мачат другите трошоци кои знам дека можам да ги скратам, ама некако не ми се презема таков чекор. Одат во градинка и училиште, и тоа вкупно чини околу 3700. Росица, Другарче, Хелоу кидс, пари за превоз за на претстава, зоолошка, музеј и слично се мали ставки кои не ги ни сметам.
    Најголема ставка ми е жената што ги чуваше до лани, а решив да ја задржам, затоа што тие завршуваат во 3, а ние пред 6 ретко се враќаме дома. Порано многу често и се разболуваа, па најмногу ја задржав затоа што мислев дека често ќе бидат болни, иако позитивно изненадија оваа година :) . На жената и ја оставив истата плата - 11000, со тоа што доаѓа порано, пегла и потсредува - што во моментов многу ми значи, ама финансиски едвај издржуваме.

    Друга ставка што не е за занемарување е логопед - месечно по 3200-3600 (400 ден час, зависи колку часа ќе има во месецот, ама во принцип оди 2 пати неделно). Државно не можам да го носам поради работното време, ова го правам попладне, и немам избор. А многу споро му оди, веќе година ипол одиме.

    Оваа година морав да ги запишам на некоја спортска активност - премногу време се дома, а немаат можност да растат со трчање на улица како што растевме ние. Почнавме со базен, за кој на мое големо изненадување и не чинеше 3000 месечно, за смене и нив двајца, ама сега го затворија, па сакавме да побараме алтернативно решение. Сакав ќерката да ја запишам на балет и на кошарка - неа што и да и кажеш - сака, никаде не оди со сила, а и јас сакам да има основа од што е можно повеќе спортови.
    СИнот е многу статичен, и морам да го запишам на нешто, мора да се движи, па сакав и него на кошарка, а и самиот тој изрази желба, и кога слушнав дека кошарка е 1800 месечно, а исто толку е и балет, и дека тоа ќе бидат дополнителни 5400 месечно, глава ме фркна.

    И кога ќе удри човек математика стигнува до извонредни 400 евра месечно - таман станбен кредит. Веројатно еден ден повеќе би ценеле стан од колку сегашните можности. Мора да ги средам трошоците!
     
  7. soco

    soco Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2011
    Пораки:
    418
    Допаѓања:
    184

    jas zemam plata 9.000 denari ! имам керка тинајџерка и син осмолетка ! разликта од 250 евра само бог знае како ја надополнувам !
    П.С. то ти се викат Македонска снаодливост :x само да кажам дека после 11 -12 година децата нема да сакаат да носат туги алишта ! па мислет ему ја !
     
  8. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.592
    Ве читам... и искрено страв ме фаќа.
    :(

    Кои се овие вртоглави суми, освен онаа за градинка да речеме.
    Времињата очигледно е дека премногу се смениле, трошоците пораснале до небо, тродупло. :|
    Да му е страв на човек дете да си има, онаа старата "абе само да е живо и здраво" doesn't cut it.

    Гледам по дечињата на моите пријатели, ако ја изоставиме нормално храната, најмногу пари им одат дефинитивно на облека; на дадилката која ги зема од школо и градинка и ги причувува додека родителите се вратат од работа, на играчки, на англиски јазик.
    Другар работа е тоа што имаат можност да си дозволат се' во моментов, но зборот ми е... поголемото има веќе 8,5 години и на моменти реалниот свет и е буквално фантазија, јас на мои 6 години седев сама дома, со клучот на врат, сама си подготвував јадење и никој немаше потреба да ме причувува, да ме носи на училиште, да ме враќа...
    Гледам дека претераната грижа денес ги прави децата не само разгалени, туку и неснаодливи и тотално пластични (се надевам нема да се најде никоја мајка тука навредена, јас дефинитивно зборувам за тие 3-4 парови кои ги познавам, а секаде скоро го гледам истото).

    И дефинитивно голем минус оди на сите тие дополнителни активности, кои се движат од 1500 ден. нагоре.
    Тоа е време во кое децата треба да уживаат, да се развиваат или да учат, и треба да има симболична сума, да може секое едно кое сака да земе учество, а не да биде систем крава-молзница преку кого некој ќе се богати.
    И како некоја мајка со 150 евра плата ќе одвои за двете деца 3000 ден. за кошарка или балет, или играорна?

    Се' што имам да кажам е дека - ви се восхитувам на трпението и умешноста, но после она што го гледам и ова што го прочитав, сериозно сум уплашена воопшто да размислувам за деца.
    :|
     
    На senza.parole, pamelche, JuLleE и 7 други им се допаѓа ова.
  9. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.345
    Леле, кога прочитав 400 евра ќе се задавев пиејќи вода :o И тоа без многу трошоци околу облеката и храната :o
    Сега кога ќе размислам, моите и немале многу трошоци околу мене искрено. Во градинка не одев зашто не сакав, единствено имаа трошоци за курс англиски кој беше 900 денари месечно и тенис околу 1000 денари. Имам постара сестра, па затоа ни за облека не се трошело којзнае колку.
    Ама кога станува збор за сестра ми, е тоа е друга приказна. Покрај сите редовни трошоци, памтам дека многу пари се дадоа за протези и леќи за очи. Нормално, тоа е се за здравје, ама се на се кога ќе собереш огромни трошоци се. А во тоа време цените беа пола од денешните.
    Со толкави трошоци, а мали плати, не останува ништо за родителите, а за заштеда која е многу битна уште помалку :worried:
     
  10. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    Кој колку има, толку и ќе троши...Има трошоци за работи кои се морални за едно дете, но има и разлика во цена на истите а со тоа и квалитет...Облеката кај нас е скапа за наш стандард, во однос на некои други земји за кои отприлика знам како се движат цените...Ако не се бабите, дедовците, тетки, стрини и остало... :x
    Моето уште е малечко и освен пелени, храна и сретства за хигиена (во градинка двапати тргнавме па се вративме |( ) немам други трошоци. За облеката кажав, во најголем дел се ''задолжени'' бабите и дедовците но има и други ''ситници'' како дубаче, креветче, количка, релаксатор, играчки, лекови...Се на се, едната плата оди само за неа. Затоа и планирам да му ја здувнам оттука, не сакам во иднина кога ќе побара нешто од мене да речам-биди среќна што не си гладна и боса :|
    А трошоците можат да бидат мали, можеш да не го запишуваш детето на ништо, нека си игра на улица, не мора на курс по англиски-нека гледа филмови па ќе научи (така научив и јас), балет може да гледа само на тв и да се занесува дека во душата е балерина, може да носи стара облека од братучеди, за јадење ќе си јади што има дома-тоа, една јакна или чизми ќе си ги носи дури не се скинат итн. итн...но тоа не е живот кој јас го посакувам за моето дете...
     
    На EleMental, srcekrsacka, Shana и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. ANGEL1

    ANGEL1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2011
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    84
    Пол:
    Женски
    Постарите не веруваат дека сега е дотука дојдено времево а само знаат да кажат е ние како пораснавме...но не е работава само роди дете и после нека те боли глава цел живот зошто неможеш да му пружиш многу работи и срцето да ти се кине кога ги гледа другите деца. А да не зборувам за тоа што денес децата се разгалени и од мали ги правиме материјалисти и се приметува таа разлика богати-сиромашни :( факт е дека порано било така ама сега времињата се сменија, сите работеа на државно и земаа понормални плати за тоа време, имаа нормално работно време а сега немаме време за приватен живот од што сме по цел ден на работа а пак пари немаме ;( Јас имам едно детенце да е живо и здраво и сега засега само заради трошоците не планирам второ, нека дава Господ кај што треба.
     
    На EleMental и Shana им се допаѓа ова.
  12. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    И јас како Трендафилка, малце ко потресена сум од вашиве одговори, 400 евра месечно само за децата, па има семејства на кои 400 евра не им изнесува целиот домашен буџет а имаат деца, како ли тие врзуваат крај со крај, јас искрено незнам.

    Во право е Трендафилка, човек треба да си стави прст на глава и добро да размисли пред да прави деца.
    Зошто како што Мскорпионка кажа, можеш да минеш без многу трошоци, но верувам дека не постои родител кој не го сака најдоброто за своите деца.
    Знаев дека одат многу пари за раснење деца, ама овие суми навистина ме запрепастија, и ме натераа да си го оправадам планот кој го имам во глава, дека нема да раѓам деца додека не се вработам, и не створам пристојна заштеда.

    Знам дека нема да имам помош на која би можела да се потпрам, ниту финансиска ниту облека, играчки и сл., па пред да имаме деца јас и Петко очигледно ќе треба да ги испотиме газовите и ослабеме стомаците, зошто денес опшетствово те убива ако не си доволно способен и спремен да се носиш со него.
     
    На eloves, srcekrsacka и Trendafilka им се допаѓа ова.
  13. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.744
    Допаѓања:
    130.759
    Немојте сега муабетот за 400-те евра, и да ви влијае на одлуките дали и кога ќе имате деца. Кажав и сама дека сите тие се екстра трошоци кои можеи и не се неопходни. Или барем изгледаат така.

    Детето мора да се раздвижи, денес децата по цел ден се во училиште. Мене работното време не ми дозволува после работа да ги однесам негде надвор (а наслебава во која живеам е одвратна, и нема каде, треба да запалам кола и да отидам во парк), па во тој случај и не би морал човек да плаќа се и сешто. Веројатно тука има и еден друг момент - јас сум антиталент за спортови (главно за оние со топка), па веројатно тоа влијае децата да ги праќам на спортови :D

    Исто така работното време не ми дозволува да го носам малиот на логопед државно, па морам да плаќам приватно попладне. И да, немам право да земам слободен ден ако ми се разболе детето, па затоа и имам дадилка, која ќе доаѓа најдоцна до јуни, ако не решам и порано, затоа што станува неиздржливо. Мислам, ако е болно еден ден и нема да е проблем, ќе земам ден од одмор, ама моите до лани беа многу често болни и тоа со сериозни болести - пневмонии, лежења по болници - по 3 недели биле тоа, а мислам дека веќе и во државно незамисливо е три недели да бидеш дома, особено ако се случува секој втор месец, може и почесто. Да имавме барем една баба пензионерка на располагање друго ќе беше.

    До пред година - две истите овие трошоци ми изнесуваа помалку, т.е. ја плаќав само жената. малиот беше мал, па не одеше на логопед, не одеа во градинка, мали еа за дополнителни активности... Ама сега некако нагло ми рипнаа трошоците, особено од септември навака - едвај врзуваме крај со крај, со релативно добри примања за наши услови. Поголеми прмања вообичаено наметнуваат убиствена динамика, па мораш да плаќаш за се и сешто и на крај пак се сведуваш на исто.

    Во однос на она Трендафилка што го кажуваше - од 6 години со клучот на врат - тоа најтешко ми паѓа, што денешниве деца ги упропастуваме со ваквиот начин на чување и воспитување, ама јас барем сега за сега не се чувствувам спремна да го пуштам детето само, пред се заради сообраќајот. Живеам на едно тесно уличе, што би требало да е непрометно, ама луѓето го користат за кратење и избегнување некој семафор, па ај што е прометно, туку и ненормално возат. Особено периодот кога треба да одат на училиште, тоа е ужас. Дома можеби и можат веќе да седат сами, сум ги оставала на пола саат, а мене моите на пола саат ме оставале сама од две години. Им викале на комшиите да ме припазат, а јас моите комшии не ги ни знам.
    И кога ќе им кажам дека ќе бидат сами, паника ги фаќа. Страшно!
     
    На srcekrsacka, Annath, Trendafilka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Shana

    Shana Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    1.505

    Е да си жива и здрава за муабетов. Ние веке подготвуваме документи за странство и се надевам дека ке успееме да заминеме од тука. И така нема кој да ни помогне, барем да одиме некаде каде имаме повеке шанса да успееме со сопствениот труд. Јас со две дипломи седам дома. Фала му на Бога што ММ има пристојна плата. Мојата професија не е ценета кај нас, за жал. Ми понудија работа со плата од 13000 денари со работно време од понеделник до сабота од 8 до 21, во смени. MM работи во друг град и патува, излегува сабајле во 7 од дома, се враќа во 19 часот. Моите деца се мали 4 и 2.5 години и повекето се болни и дома отколку во градинка. Од тие 13000 илјади јас треба да дадам на жена 10000 за чување па зарем за 3000 да одам на работа?

    Имаме само една баба со пензија 8000 денари, со кои неможе сметките да си ги плати а не па нас да ни купува подароци, згора на се ние и помагаме понекогаш. Во фамилијата се се луѓе технолошки вишоци или вработени за минимални плати па кога ке дојде време за роденден, срам ми е да ги поканам дечињата во игротека бидејки знам дека им правам додатни трошоци, а децата се радуваат.... Друг момент е што децата ми се родени на сред лето и среде зима па неможам да чекам до роденденот за алишта. Најчесто пазарам во Грција на попуст, земам поголеми броеви и се надевам дека кога ке дојде времето за носење, ке им биде точно.
    Ги воспитувам уште од мали да не се материјалисти ама џабе, како ке растат ке гледаат од другите деца. Посебно во мојот град се е збеснато, со изместени вредности и пореметени слики за реалноста. И да сакаш неможеш да го двоиш детето од одредени активности бидејки нема да го дружат. Мене ова многу ми пречи и беше еден од пресудните моменти за да се обидеме да заминеме од тука. Не сакам на децата да им ускратувам основни потреби и да ги растам во ваква токсична средина.
    Може малку забегав од темата ама пак муабетот ми е дека крај со крај не се врзува....
     
    На senza.parole, EleMental и MSkorpionka им се допаѓа ова.
  15. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Се сложувам со ова, АМА порано беше друго време, едноставно мирно и имаше безбедност.

    Ти немаш дадилка туку куќна помошничка (штом, пегла, потсредува, сигурно и готви за тие пари). Јас би го намалила надоместокот за жена а сама би пеглала и потсредувала по дома, СДК дека би направила олеснување околу финансиите


    Децата се скапа инвестиција и правиш да им овозможиш колку што можеш повеќе, ама правиш во рамките на тоа што ти е на дофат-реално. На крај краева кој колку може.
     
  16. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.366
    извинете ама морам да се надоврзам од искуството што го имам...

    ако одите во странство со своите деца мислите дека рози ќе цветаат? таму капиталистичкото општество е дури и поизразено, најпрво нема да имате време да ги гледате своите деца и да ги воспитувате од преголема работа, а второ, пак ќе можете да им дозволите само нормални работи.

    таму утре кога ќе оди на пример на правен факултет детето на нотарот ќе доаѓа со мини купер и лаптоп и ќе седи во првите редови а обичните смртници ќе патуваат со трамвај и ќе фаќаа забелешки во тетратка...

    јас сум да им се овозможи на децата основното и нормалното нешто и да не им создаваме идеја во главата дека они мораат да имат се и да прават се што сакаат па нека научат на потешкиот начин дека неможеш да имаш се во животот... јас сум навистина загрижена бидејќи планирам во скоро време да имам дете и доколку станам од оние мајки кои децата на 4 години ги носат на англиски на балет, флејти и триста чуда и кога еден ден ќе забележам дека ќерка ми е тешка шмизла или синот носи шишка на страна ќе се фрлам од некој мост, најискрено ви кажувам загрижена сум...
     
    На eloves, EleMental, Bibko и 13 други им се допаѓа ова.
  17. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    64.623
    Пол:
    Женски
    ^Зависи и во која држава се оди, ама 100% ќе им биде подобро него во Мк

    Гледање на деца во странство е многу полесно од Мк, прво немаш стресови околу тоа дали можеш или неможеш нешто да си дозволиш.
    Син ми е уште мал за некои поголеми трошоци а и тие што ги имам ми ги покрива капиталистичката |(
    држава, која ми исплатува $200 на две недели (околу 270 евра месечно).Кога се роди уште додека бев во болница исполнив формулар (нема дремење по шалтери) и наредниот ден на сметка имав $7000 еднократна помош, доволно да ти ги покрие сите трошкови околу бебето.
    Кога ќе тргнам на работа (работам 8 часа, не од сабајле до вечер |( ) на работа имам градинка која работи во 3 смени и е бесплатна за сите вработени, така и за тоа нема да имам трошкови.
    Храната е дупло поевтина од Мк а за облеката не сакам ни муабет да правам, патики најк за деца во Скопје беа 100 евра, тука се 10 евра и секој може да си го дозволи, затоа не се никаков статусен симбол.
    За воншколските активности трошковите исто не се којзнае колкави, на другарка ми ќерката оди на балет и ја чини $30 месечно, синот оди на тенис и тоа ја чини околу $50 месечно а со оглед на тоа што сатницата на работа и за работник во фабрика е $22-28 ово не преставува дупка во буџетот.
    Основното/средното образование е бесплатно единствен трошок е униформата, книгите, превозот и екскурзиите се бесплатни, факултетот е само доста скап меѓутоа и за тоа постојаат студенски кредити по многу поволни услови, стипендии итн.
    Здравството е исто бесплатно и за сите исто, нема потреба од врски како во Мк, каде иако се плаќа здравствено осигурување скоро сите се приморани да одат на приватен лекар, односно дупло да плаќаат.
    Немам некои стресови околу трошоците поврзани за детето, знам дека ќе бидам во можност да му пружам се што е неопходно на син ми.
     
    На slobodka, srcekrsacka, femina90 и 5 други им се допаѓа ова.
  18. sweet25

    sweet25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    317
    А каде живеете?
     
  19. Shana

    Shana Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    1.505
    Da pretpostavam, Canada :)

    Se izvinuvam za latinica, od telefon pisuvam
     
  20. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.893
    Hие и немаме баш многу големи трошоци околку малата,памперс,млеко,влажни марамици,и кога нема кој да ни ја чува викаме бејбиситерка што кошта 20$ на саат е тоа за малку поголем трошак го сметаме :wasntme:
    Oблека и не купуваме многу,нон стоп ни пуштаат од Mакедонија,и имаме за цела година,плус од крштевката колку ни донесоа :x
    A овде морам да потврдам дека битер се што напиша околу облеката е точно,има преефтини работи што секој човек може да ги дозволи,мислам и на курсеви такви работи :wasntme:
    Mоментално не ја носам на никаква активност,затоа и мала е уште а и возачка немам како без нозе сум :@