1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Трошоци поврзани со децата

Дискусија во 'Дете' започната од Ariel, 21 декември 2011.

  1. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    64.623
    Пол:
    Женски
    ^Не е Канада, во Мелбурн живеам.
    Австралија е за нијанса подобра за живеење од Канада, и што е најважно (барем за мене) нема зима :lol:
     
    На sweet25 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.970
    Е на сето ова што го напишавте, пишете таму некаде и трошоци за факултет. Знам дека ви изгледа далеку, нереално и дека има време да се мисли, ама ќе ве фркне главата ако ви кажам колкави трошоци имаат студентите. Јас како студент НАЈДОБРОНАМЕРНО ви препорачувам да почнете од сега да си штедите за тој период, оти како што тргнала работава, не е на арно.

    Арно вика тој Маријан, Војна и мир ќе ја исфотокопирав досега. Тек сум први семестар, да. :D

    п.с. И ако може битерсвит да ме посвои, посовреме, не јадам многу. :rofl:
     
    На srcekrsacka, bittersweet, wolf4e и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    Е кај мене (англија) цела година е есен па после дојде зима :lol:

    Ама и тука можам да речам дека има многу добра подлога на помош од државата за деца. Од еднократна помош па до месечни додатоци до полнолетство. Законот ги штити бремените жени во однос на нивното работно место, си добијат платено породилно, ако сакаат подолго си земаат и неплатено ама работното место им стои. Системот за образование функционира и секој може да си го дозволи, бесплатно здравство за сите кое не е баш беспрекорно ама има и приватно кој сака и може да си дозволи приватно здраствено осигурување(на вработени многу компании им го даваат ова осигурување како бенефиција на вработените и децата се вклучени во шемата за мал додаток). Попладневните активности не се скапи, има детска облека, обувки и играчки со висок квалитет кои можат да се најдат за ниски цени, еве ја чека тетка распродажбата за после божик. :)
    Моја другарка што тука живее со мало детенце, си дојде со него во Македонија на одмор и се има самата изначудено како мајките таму успеваат, кога само најосновното нешто како памперс и формула е толку поскапо во однос на платите.
    Абе кога и луѓе што немаат работа и се на социјална помош и живеат во социјални станови па пак успеваат на детето ексбокс360 да му земат за роденден, што повеќе да кажам.

    Јас не сум растела со памперс, влажни марамици, формула и бебешки колкички, ама тоа беше друго време. Како се снаоѓаат денешните мами, капа да ви симне човек.
     
    На bittersweet му/ѝ се допаѓа ова.
  4. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.324
    Им завидувам на моите како се справуваат со трошоците, секој месец они се грижат да прежиивееме, прават математики и истовремено сакаат се да ни е удоволено со сестра ми, а сепак имаат просечни плати.

    Кај нас секој месец се дава 1900 ден. само за курс по англиски + 600 за тренинзи на сестра ми.
    Мајка ми ни има кажано дека ако треба она ќе гладува, ама кога се работи за нашето образование, ке го даде и последниот денар, за да утре и јас не се стискам за 100ден.

    Настрана ке ги ставиме трошоците за храна за во училиште, сметки за телефон, интернет, купување потребни материјали и книги, излегување навечер..
    Тие се секојдневни трошоци за кои е неоспорно да се коментира.

    Тука кога ја споменувате веќе облеката ке кажам дека се што купувам е квалитетно и се носи со години. Не пребарувам, само најпотребното го купувам, не се дивам на марки, и не мора се да е купено од Теранова и Манго, чекам попусти, завршеток на сезона, распордажба.

    Ама еве пример мартинки купив пред две години, и еве до ден денес ги носам и супер ми се, иако тогаш мајка ми мрчење колу се скапи, ама сега увиде дека и одговара да не купува секоја година чизми и да се нервира ако пропуштиле, или па ранец, секое полугодие ми се кинеше.. па купив асолен, дадов повеќе пари, сега го носам неколку години. Не ми е проблем да го носам со години, ако е квалитетно. Не се водам по модата, ама воопшто, колку и да звучи излитено и излезено од сечија уста.
    Битно ми е да е удобно, да се чувтвувам добро во него.

    И не се моите економисти :D , но и покрај сите месчни трошоци, сепак на крај не е проблем да не пратат на зимување и во лето да одиме на одмор, и сите прослави да ги поминеме без стискање колку пари ке дадеме.. сме поминале и време кога ни врнеле пари, и време кога сме купувале леб и маргарин, метафорички кажано, не им префрлам и не пребарувам, доволно е и тоа што го имам.

    И мислам дека детето треба да има дознаење кога има финансиска криза во семејството и да не се крие за да му се удоволи, не е тоа секогаш на арно.
     
    На srcekrsacka, nesa и Shana им се допаѓа ова.
  5. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.777
    Допаѓања:
    131.184
    Мислењево ми е напишано од петокот, ама сега гледам дека не сум го испратила :)

    Проблемот ми е што жената живее прилично далеку, и не се ни нафати да доаѓа само да ги зима од школо и градинка за помалку пари, па ова е некаков компромис- тогаш решив барем да и ги зголемам обврските штом секако и ги давам парите, а јас времето да го искористам за проклетата магистерска. До душа времето го користам за работа или домаќински активности, или занимација со децата. Не дека ми е проблем да средувам дома и да правам ручеци - до септември секако јас го правев тоа, т.е. од октомври почнавме вака. Таман помислив и пред лето да и кажам да престане да доаѓа, еве ги двајцата болни. За ќерката се знае дека еден месец ќе треба да ја чува - болна е, па распуст, ќе ја оперираме и од крајници.

    Во однос на дополнителите активности - ни јас не сум сакала децата мои да одат на се и сешто, ама факт е дека на некаков спорт мора да одат, освен ако имаат добри услови да се истрчаат. Мора да се раздвижат. Ние решивме да одиме на базен - тоа и препорачаа на ќерка ми за 'рбетот, и супер ни тргна, само што го затворија. Сега веројатно ќе мора да се решиме меѓу балет и кошарка, бидејќи двете се премногу. Англиски и слични статични активности ни јас не поддржувам, пред се затоа што на децата што одат во целодневна доволно им се по 8 часа седење во клупа. Од друга страна, убаво е да имаат можност да им се развива некој талент, кој некогаш лесно се препознава, ама некогаш треба да му се даде можност на детето да проба неколку работи, па да се види што е најдобро. Јас не одев на никакви активности - иако тогаш во школо имавме доста секции, а јас членував во сите :D , па ок сум, ама да сум одела можеби би била многу успешна во нешто, не се знае.

    Како и да е, решив да ги намалам активностите, ќерката ќе оди само на балет или кошарка - нека одлучи што сака повеќе, а како што тргна со крајниците - може и на ништо.Штета што немаат играорна, лани имаа и тоа е супер активност, а мислам дека нешто ептен симболично се плаќаше - 100 денари или ткака нешто. Проблем со попладневните активности е и што многу се замараат, покасно си легнуваат, и вечно се ненаспани. барем моите се спанковци, треба да ги легнам во 8 за да бидат наспани, а активностите им се главно од 7 до 8, занчи легнуваат околу 9.30, кога ќе завршиме со сите ритуали пред спиење.
     
    На slavica999 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Што се однесува до нашите трошоци околу ќерка ми сега за сега ја имаме само градинката, 1500 ден. месечно со тоа што ако изостанува во текот на месецот се намалува и цената на уплатницата. Самата покажа интерес да оди на англиски (во склоп на градинката), не ја форсирав ниту ја убедував да оди, самата си сакаше затоа што другарките ги запишале, па не сакав да ја делам....цената е 400 ден. месечно за два пати неделно (еден час им е 40 мин.-лично јас сметам дека е многу, тешко им се задржува вниманието на сите деца, па и на моето, повеќе од 20-25 мин. една активност).
    Е сега гардеробата е друго прашање....машала мојава е напредна, па секоја сезона (есен/зима) мораме да ја обновуваме гардероба почнувајќи од гаќичките па се до јакните. Она што ќе го купиме во септември евентуално може да го носи на пролет, меѓутоа наредниот септември или веќе е тесно или кратко. Практикувам да и` земам малку поширочко (блузичка, туника) или подолгичко (фустанче, панталончиња) за да го носи барем уште некој месец.
    Реално гледано детската гардероба е скапа затоа што брзо се пораснува, а не се износува, за жал.
    Летната гардероба ја користиме две лета последователно меѓутоа секогаш нешто докупуваме, ланското го носи по дома, а новото за шетање на пр.
    Малку поголем трошок ми е колекцијата Еуцерин (шампон и купка) затоа што има сува кожа и косата т.е. темето и се перута со други шампони, ама па нив ги купуваме на 2-3 месеци. Марамиците и млеката
    (Бубкен, павловичева) за тело не ги земам во предвид не се толку скапи (инаку секој месец и во градинка носиме по едно пакетче марамици).
    Како и да е, сега за сега немаме некои големи трошоци, ама догодина тргнуваме во школо, здравје Боже ако се` биде како што треба, семејствово ќе добие уште еден член, а со тоа и трошоците ќе си се зголемат.
    Сега за сега можеме да си дозволиме и да ја разгалиме со некоја нова играчка, ама не претеруваме, не добива секогаш се` што ќе посака.
    Тоа е, работиме и ќе работиме и се надевам дека сите ќе бидеме среќни и задоволни. :)
     
  7. lepotushka

    lepotushka Активен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2011
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    1
    УФ! „Болна„ тема отворивте.
    Сите се снаоѓаме како можеме. Чекајте онака грубо да пресметаме:

    целодневна: 1950 ден.
    курс по. англ.: 4600 (за двете деца ) месечно!!!
    тенис: 2500 - 3000
    гимнастика - 800
    пелени и влажни марамици + бебе козменика - околу 1200 месечно

    Тоа што се вика „во старт„.
    А каде се облека? храна? играчки?

    Екскурзии (дводвевна - 2800, петидвневна - 6500), посети на театри, кина и музеи?
    Книги, моливи, боици и друг потрошен материјал?

    Тука, мили мои, сама по себе, се наметнува друга тема: кој како и на што штеди! Ај, повелете. Споделетe ги Вашите мали тајни.
     
  8. soco

    soco Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2011
    Пораки:
    418
    Допаѓања:
    185

    Ти женска имаш и тинејџер и бебе во куќата? Ај да ти се живи и здрави и со господ на помош ! :tmi: Инаку што се однесува за тоа како се снаоѓаме само ние си знаеме ! :o
     
  9. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.331
    Допаѓања:
    47.772
    Пол:
    Женски
    Моите деца се 6 и 8 години.Имаме трошоци за целодневна,Хелоу кидс,росица,Другарче...лотарија за Нова година,екскурзии,родендени на другарчиња.За облеката не дискутираме,секоја сезона ја надраснуваат.
    Мислам дека како растат така трошоците се зголемуваат.Порано давав по 6000 само за памперс и марамици.Сега имаат други потреби.
    И моите деца се во целодневна ,па затоа имаат потреба од дополнителни активности пред се за раздвижување и за да не се поминува попладнето после училиште, пред ТВ и плеј стејшн.Син ми оди на кошарка 2 пати во неделата и плаќам 1200 ден,а ќерка ми на балет-1600 ден три пати во неделата.Ова е нивна желба ,а јас како родител сакам да се среќни и задоволни и мислам дека тоа е добро и за правилен развој на телото.
    Ние кога бевме деца игравме пред зграда,во маало.Јас не можам да ги пуштам сами надвор .Каде што живеам,Од врата си одма на улица.Нема место каде може сами да ги пуштиш да играат,мора на некои игралишта или во паркови да ги носиш.А тогаш бараат велосипеди,ролерки и сите пропратни тракатанци,штитници и сл.Се тоа се пари.
    Ќерка ми сакаше на еден фестивал песничка да пее,ама такво нешто не дозволив.Преголеми суми за утре да ми лета во облаци,не може.Сакаа и на англиски,но мали се уште,нека научат прво латиница,а и нема потреба дополнително да се замараат со учење кога и така се 8 часа на училиште.
    Имав и јас порано жена за помош околу децата,но веќе подпораснаа.
    А кога има потреба,ако се болни или не се на училиште,тука сум јас.Моето работно место е во семејната фирма ,па така да можам кога има потрба да бидам со нив.

    Нивните потреби се пред се друго.
     
  10. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333

    Нема некоја формула за штедење туку до каде ти е чергата до таму ги пушташ нозете.
    Не можеш да штедиш на храна и некои основни потреби кои се поврзани со децата. Овој месец нема да си купам нова блуза или 1 пар чизми ќе носам 2-3 сезони ама на децата мора да се купат. Во глобала самите родители се лишат од некои нивни потреби.
    Што се однесува до додатните активности како на пр. кошарка, балет и сл. и јас сум поборник да детето нешто спортува. Факт е дека во ова време компјутерите ги уништуваат децата и ги прават мрзеливи и не физички активни. Повеќе преферирам да јас го изведам на некое место да се истрча или вози велосипед а на тој начин и јас се релаксирам, а кога се нема време или пак услови (живееш во стан или куќа каде што нема блиску пешачка патека или некое игралиште) им го овозможуваш тоа ама поретко.
    Во мое време во секое училиште си имаше секција за кошарка, ракомет или одбојка, зарем сега нема? Во училиште се запознаваат со тие спортови и самите одлучуваат дали ги привлекува нешто или не.
    Англиски јазик, тоа ми е малку дискутабилно кога би бирала меѓу спорт и јазик на дете од 10 год. би избрала спорт а не јазик (доколку еве на пр. немам пари да му платам 2 а можам 1 активност). Јазик учат и на училиште, ако сакаат и таму ќе научат. Кога ќе свати зошто му треба странски јазик значи некаде после 5-6 одд (претпоставувам, немам толку големи деца) би го пуштила а ова што ги малтретираат уште во градинка нема врска. Како прво детето уште не знае мак. јазик, тешко му ја задржуваш концентрацијата и дете е бре, нека трча, реди коцки и игра во песок, има кога да учи.
    Основен принцип е да ги воспиташ на скромност децата. Ако сите прават нешто не мора и тоа. Еве сакам, ама немам средства, и во најмала рака не би сакала да робувам на некое помодарство.
    Во контекст на тоа гледам деца од 1,2,3,,,одд носат мобилни во школо. Зошто?!? Да ако учителката ги пушти порано да се јават дома за да дојде некој да ги земе (онака ќе мрзнеле или ќе шетаат по улица)...... :?:
    Забегав :emo: :)
     
    На imelda и Ariel им се допаѓа ова.
  11. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.798
    Јас немам деца, ама штеди-штеди- не се доштедува.
    Уствари, не ни втасуваат пари, а не да штедиш.
    Јас ви се восхитувам како успевате да сврзете крај со крај, а најмногу ми е жал за оние мајки кои со нокти гребат, за да заработаат нешто за своите деца, кои земаат одвај по 8000-9000ден.
    И крајната жртва е детето друг да го гледа и воспитува....
    Навистина е многу тешко, претешко да имаш дете во вакви услови, какви што имаме ние. :x
     
    На soco му/ѝ се допаѓа ова.
  12. jagotka123

    jagotka123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2012
    Пораки:
    1.638
    Допаѓања:
    239
    Пол:
    Женски
    Братучетка ми има 1 годишна керка и троши ненормална сума на пари месечно а најмноггу роши пари за облека на керка и .
     
  13. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333

    Нека троши, утре кога навистина ќе и требаат пари за иднината на нејзиното дете ќе си ја тресне главата од зид.
    Се си има свои граници! Никој не останал гол, бос и гладен
     
  14. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.050
    Искусни мамички, мило ми е што ја начекав темава, па ми треба искрено совет , колку е одприлика вкупен месечен трошок за бебе??
    Ние го чекаме бебчо да стаса и реално од сите приходи кои ги имаме нас чисти пари ќе ни остануваат некои 8000-11000ден , зависно од месецот.
    Постојано се прашувам дали тоа ќе биде доволно за бебето, дали ќе има пари се да се купи. Загрижена сум и сметам дека е тоа во ред, со оглед на тоа дека ќе сум тазе мама.
    Здравје годинава ќе биде така, догодина сигурно ќе биде подобро , како и секоја наредна година. Но, за почеток ме интересира како одат трошоците???
    Баш ви благодарам :*
     
  15. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.442
    Допаѓања:
    34.262
    Пол:
    Женски
    Факт е дека има доволно трошоци за дете , но додека се мали децата , мали се и трошоците :D
    Поголем трошок ни беше спремање на детската соба , креветче , комода , шкафче ....
    Количка , транспортер и ред ред други тракатанци :lol: :lol:
    Бебето сега за сега цица , почнуваме со кашички кои чат пат купувам готови , но и ке почнам да приготвував и сама.
    Памперси, детска козметика ни одат некои 50 евра месечно плус минус :)
    За облека овде може да се најде ефтина а и доста квалитетна , памучна .
    А и не купувам многу облека пошто и многу брзо расте и облеката станувам мала , и штета е да се трупа само во шкаф а да не е износена
    Плус и што понекогаш добиваме и поклончиња од бабите , тетките :lol: :lol:

    Сега за сега мали трошоци имаме , за понатаму секако ке се зголемуваат како и самото дете расте .
    Само кај нас друго е ние добиваме првата година elterngeld ,и kindergled добива детето до неговата полнолетност што е секако и од голема помош :)
     
    На bittersweet му/ѝ се допаѓа ова.
  16. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.643
    Допаѓања:
    95.694
    Пол:
    Женски
    Искрено не можев да дочитам до крај а да не искоментирам. Мајки, ја претеравте, додуша и трошковиве гледам пораснале, ама до толку бре. Јас плаќав месечно 300 за Англиски и 100 за играорна, се останато што одев наоѓав сама безплатни курсеви и на школо работилници. Искрено, сама одев на школо сама се враќав, уште од 5 години, кога тргнав во тогашното Забавиште. Што ги направивте децава бре, жени за чување, курсеви од по 2000 денари, па не еден два. Искрено, јас би побарала ако е потребно и друга работа, ако гледам дека с оваа повеќе губам од што добивам. Наставничките по балет и кошарка нема да ми ги одгледаат децата, нема да им надоместат што јас нема да ги видам нивните најголеми успеси. И што дека ги пуштате, кога како што кажувате немате време ни да идете да ги видите нивните настапи и натпревари. Никако, ниедна работа нема да ми даде доволно пари кои ќе ми исплатат внимание кај децата. Не можам да се изначудам сеуште еј, па и една Росица не беше олку скапа, што сега од позлатена хартија да не ја прават. Ц ц ц ц ц.... Ариел, премногу пари даваш а сепак ги поштедуваш децата од многу задоволства, нема слатки и чоколади, нема ова нема она, ама мора да иде на тренинзи, мора жена да го чува дома, па да ти пегла и да ти подсредува, јас да сум како тебе би побарала нова работа, па ти повеќе трошиш со оваа работа отколку што заработуваш. Ни магистерски, ни работа, ништо нема еден ден да ти се исплати, а верувај, иако не знам што си по професија, постои работа со нормално раотно време. Јас разбирам се, но никогаш нема да давам пари на жена за чистење, на жена за чување дете, на курсеви кои чинат глава боли, не за џабе има татко, нека скока со него како што јас го чувам, нека трчаат заедно, затоа детето има два родитела, за едното, мајката да се грижи и другото, таткото да го учи на сите работи кои едно дете, особено машко, треба да ги знае, пецање, кошарка, фудбал, бадмингтон.... Доволно е тоа, нека го заинтересира он па ако покаже интерес ќе иде и на професионални тренинзи. Сеуште се чудам и нема да се дочудам ми се чини, моите деца ќе растат како што сум растела и јас со сигурност тоа, во двор, со други деца и секако, нема да ги форсирам да стануваат кошаркари, балетани, фудбалери, англичани и разноразни други хоби-активности, ќе шлакаат како мене на позадини од календари со водени боици и темпери, ќе цртаат на асфалт со креди во боја, ќе прават колачиња од кал, парфеми од цвеќиња и ќе бидат деца додека сакаат, потсетете ме кога ќе дојде ден да се покажам на дело да видиме дали сум го додржала зборот. Секоја среќа и дечко ми е ваков па не му се плашам многу, со сигурност знам дека ќе биде вака.
     
    На Dazey му/ѝ се допаѓа ова.
  17. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Росица чини 500ден за цела година, И ЈАС ја плаќам. И јас не давам слатки и чоколадо :)

    Не е мое да ти реплицирам ама сигурна сум дека Ариел ќе те среди зашто не ја пратиш од почеток и не и ја знаеш ситуацијата. Девојко, свесна ли си што напиша се`?!?!
     
    На rose60 и bittersweet им се допаѓа ова.
  18. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.643
    Допаѓања:
    95.694
    Пол:
    Женски
    Свесна и одговорна за секој мој збор, кажувам што јас би направила и што можам да направам, во мојов случај секако. Ариел ја почитувам и сите мислења и ги читам и ги сметам за навистина добросодржајни, значи не е дека не ја читам и не и ја знам ситуацијата, барем во оваа тема се прочитав. А во секоја тема, за секој мој одговор, се што пишувам пишувам исклучиво за мојата состојба, како јас во дадена ситуација, со мојата професија и можнсти, би постапила. Славица, овој пост не е само за Ариел, а горе доле сите истото го имаат напишано, дека трошоците се итекако пораснати, откога бевме ние деца досега. Она што мене животот ќе ми го донесе не можам да потврдам, не можам да кажам дека со сигурност децата ќе бидат вакви или онакви, колко људи толко чуди драга моја, во мојава сегашна состојба одговорно тврдам дека нема да плаќам жена, дека нема да дозволувам да се расфрлаат непотребно пари, дека ќе ги натерам да имаат детство какво што било моето, онолку колку што можам. За Росицата во ред, не знаев дека е за цела година, во ред е тоа, но за месечни курсеви по кошарка од 1800 денари, мислам дека не е во ред, па тоа детенце сиротко не ни знае уште што сака, подобро еднаш неделно да го изнесам на некое игралиште да си проба што сака да тренира отколку да го форсирам, мислам дека е залудно секое фрлање пари кога утре задутре можеби нема да сака да тренира кошарка, туку нешто друго. Пливање од здраствени причини, логопед на приватно затоа што државните се катастрофа и слично е во ред, за тоа не можеш да речеш дека е непотребен трошок, но ЈАС нема да го форсирам своето дете од самиот почеток, тоа ми е јасно, наместо на 8 ќе го запишам на кошарка на 10 години, а дотогаш самото нека увиди дали сака. И што рече Ариел, навистина живееме во населби кои се се освен пријателски настроени кон децата, за пример ќе ја земам Кисела Вода, страшна работа, искршени улици, нерегулиран сообраќај и ужасен воздух, ама што да правиме, тоа е што е, таков е градов не можеме да го смениме, не можеме сите да се преселиме во Аеродром или на село за децата да растат на мир и онака како што сме растеле ние.
    И уште еднаш, не негирам дека децата денес и децата некогаш, кога ние сме биле деца, имаат исти услови, се е значително променето, се е однесено во неповрат, но ако ние самите не се обидеме тие деца нема да знаат самите. И и се извинувам на Ариел ако и неа ја погоди постов, не е ова за неа, ниту пак за некоја друга мајка, зборам општо земено, премногу ги направија децата стаклени, без чувство на одговорност, без ни малку простор за самостојно развивање. Мојот директор вели, во природата малите риби ги јадат големите, да ги пораснеме нашите рипчиња затоа што природата е сурова, ете тоа е мојата поента.
     
  19. Micika80

    Micika80 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    295
    Што убаво вака теоретски да се има став врз база на детство од пред 20 години :)
    Ќе си игра во двор со кал и со парфеми од цвеќе и ќе оди со татко му по риба :D
    Денеска мислам дека колку и да се трудиш да растеш дете по некои свои критериуми, околината и технологијата си го прават своето.
    Денеска децата растат со лаптоп и мобилни и интернет со ВиФи, со Гоогле, Јутубе и милион заебанции и ти твоето ќе пробаш да го приближиш до твоите услови да прави кофтиња од кал во двор??? Поминаа тие времиња и воопшто не се обидувај да ги вратиш, бидејќи ќе бидеш мајка што нема поима со нивниот свет, исто како што немала мајка ми кога сум го рестартирала компјутерот наместо неа, оти не знаела што да прави.
    Како сите деца, така и моето. Во ова модерно време, каде што децата од градинка учат странски јазик и читаат со 5 години, каде компјутерите им се секојдневие како нас играње ластик, каде и времето за спорт ќе го плаќаш со часови, бидејќи децата веќе сами не излегуваат да играат пред зграда...
    Да бидеме реални сето тоа ќе си чини и ќе си работиме и ќе си плаќаме.
     
    На Li0ness, AIT, slavica999 и 3 други им се допаѓа ова.
  20. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    Нема што да се чудите, ако некој може да си дозволи и дадилки и курсеви и се што смета дека треба за своето дете тогаш зошто да не? Па за нив најмногу работиме, не верувам дека некој ќе им скрати од јадење за да го запише на спорт некаков, значи има за се' па така и се троши...Затоа не има посиромашни, побогати, но да се вели дека тие деца што ќе играат на улица ќе имаат понормално и поздраво детство за разлика од другите што оделе по курсеви пример не е ок...
    Секој си ги одгледува децата според тоа како знае, умее и може, и не гледам форсирање на дете ако на 8 год го запишеш на кошарка пример, не значи дека му ја одредуваш судбината и очекуваш да стане познат кошаркар туку едноставно сакаш да се бави со спорт за подобар развој, наместо седење пред компјутер или гледање серии со баба-бидејќи јас одамна немам видено деца да се групираат по улици и да играат игри, не знам за вас...
     
    На AIT, slavica999, bittersweet и 2 други им се допаѓа ова.