Ова ми фати око, овде никој никако не средува, јас не ја нападнав Ариел, не напаѓам некого ако ептен не ми запне за око. Си го кажав мислењето. Не планирам моето дете да го двојам од врсниците, ќе оди во градинка, ќе гледа цртани на Јутуб, ќе знае што е реален свет, ќе научи да пишува и чита на 5 затоа што јас така ќе го научам, мајка му научила на 4 кирилица, на 5 латиница, во она време за кое јас зборувам и во овие услови во кои јас планирам да го упатувам моето дете. Знам дека нема да можам детето да го изолирам, онолку колку што можам ќе го направам среќно и весело детенце, ќе знае што е природа, што е обврска, што е детство.
Сите сакаме и јаре и паре.....епа нема такво нешто идеално никаде. Ако седиме дома и сами ги чуваме децата ги правиме неспособни, ако одиме на работа тогаш сме бесчуствителни кучки кои оставаат жени да им ги растаат децата, ајде крај не може да ни се најде Јас сега за сега сум среќна што имам можност да седам дома со син ми, меѓутоа за некој месец планирам да се вратам на работа, за тоа сум учела и тоа ме исполнува. Животот не ми почнал кога го родив син ми па до тој степен да му се посветам да заборавам која сум и што сум, тие жени кои забораваат на се друго и комплетно му се посветуваат на детето се оние кои ќе изгледаат неспособно дете, кое подалеку од скутницата на мајка му нема да знае ништо. Кога ќе дојде време ќе го пуштам и на кошарка, пливање, фудбал итн па некаде ќе се пронајде тоа незначи дека учителите ми во изгледуваат детето, впрочем тоа е невозможно кога тренинг за млади деца трае највеќе 45 мин, никако нема да му штети физичката активност, баш така нема да биде стаклен а не обратно. А за времињата кога ние сме биле деца,тоа се минати времиња и не се враќаат и јас одев сама на училиште, сега МОРА и да го однеси родител и да го земе родител внук ми, не смее да излезе од училница додека нема родител. Јас кога бев дете се прскавме во двор со црево, се лизгавме по најлони натопени со вода, сега има рестрикција на вода така да моето дете такво нешто нема да доживее. Подобро да плаќам курсеви и да му го стимулирам мозокот со корисни нешта него ли да го седнам пред тв и да гледа полат
Јас само ке кажам секоја чест на сите овие мајки овдека што се трудат се да направат за своето дете и едвај сврзуваат крај со крај, којзнае колку пати нешто нив навистина им притребало ама нема мора да се гледа најпрвин за нив. Токму заради ова сакам да си одам од нашава држава и ако не ништо друго барем ке знам дека сум пробала некаде на страна па дали ке успеам или не боже мили тоа е индивидуално , некој останува и се снаоѓа а некој не.. и пак ке кажам секоја чест на сите кои што успеваат, се надевам дека и јас ке успеам !
Ова ми падна во очи и затоа ти реплицирав Твој став и твоја работа. Убако си кажа во еден пост МСкорпионка, дека детето може да носи износени алишта од брат, сестра, братучетка, може само да трча и игра со топка, песок, кал, да јаде тоа што има дома, да учи англиски од Тв или компјутер, да го чува баба а да не оди во градинка....АМА тоа не е иднината која ја посакувам на моето дете. На крај се се` сведува на тоа кој колку средства има толку и ќе троши иако некои работи се неминоввни и мораш да му ги овозможиш на детето (не го пуштај на училиште затоа што ќе ти троши пари или ако е подалеку нека оди пеш за да не му плаќаш карта во автобус или сл...). Излишни се муабетите дека децата се трошок итн. па ако не сакаш да трошиш и вложуваш во него не го ни прави-раѓај-чувај па можеби животот ќе ти биде поисполнет и поубав . Сега е друго време кое ти ги налага некои работи сакал или несакал да се справиш со нив.
Особено што децата додека не постигнат некоја зрелост и не разбираат дали имаш или немаш и што сакаш да постигнеш. Во неговото главче тоа гледа дека другите деца добиле нешто, ќе одат негде,прават нешто поинаку, ќе им купат нешто, а тоа не може да ги прати и да си објасни зошто не заслужило исто или што е помалку вредно од другите. Не дека се материјалисти, ама оди па објасни му ја својата логика на дете дека ти вложуваш во домашно воспитание и свои морални вредности и дека е подобро да си седи дома или во природа со мајката, да оди по риба со таткото, додека другите деца прават нешто друго и нешто ново. На кое дете му треба по цел ден мајка или баба дома, кога учи нови работи и кога сите деца прават нешто и одат некаде, и имаат цел свет со нови работи и занимации да вежбаат мозок? Децата многу брзо растат, ако мајката го организира целиот живот само според детето, најкасно до 15 роденден на детето, веќе ќе нема што да прави во животот кога детето ќе почне да оформува свој свет.Тогаш освен малку морална и многу финасиска поддршка за школување и одмор, ама баш ништо повеќе нема ни да сака од тебе.Сурово ама реално, на крајот за да му пружиш нормално детство пак се битни финансиите исто колку и љубовта и вниманието кои ќе му ги пружиш.
Мислам дека конечно се разбравме, инаку, да во право си за многу работи, можеби јас сум проклет идеалист па сметам дека е ептен лесно, ќе видам и јас нели, дај боже. Инаку, јас се водам по тоа дека за детето никогаш не е премногу, додека е мало треба да внимаваш да му создадеш цврсти темели за понатамошниот живот, а тоа си носи квалитетна храна и квалитетен живот. Искрено мене ќе ми биде помило да можам детето додека е мало да го однесам еднаш во годината на море отколку преку цела година да го праќам на еден куп курсеви за кои ни самиот не знае дали сака да ги иде. Ете јас сум била такво дете, се сум сакала дапробам, и курсеви јазици, и карате, играорна, балет, музика....ама потпораснав и сфатив што ми лежи, дотогаш се се сведувало на неколку пати посета на курсевите и толку, ете затоа јас велам, детето додека е мало нема појма дали сака да стане кошаркар, тенисер или сликар, освен ептен ако има некој изразит талент уште од мал па да го подбутнеш малку. Дај боже да имам едно такво дете, талент, па да имам шанси и да го форсирам и од него да стане нешто, но се во граници на нормала. И уште еднаш ќе кажам, Ариел не можам а и не сакам да ја посочам како пример, она дека многу пари и одат по децата беше чисто моја констатација, а и на останатите пред мене ко што успеав да прочитам, но од друга страна и таа сирота сигурно не сака на децата наместо игра пред зграда да им понуди саат време затворени во сала да трчаат, ама тоа е што да праиме, не можеме понекогаш се да погодиме. Некој рече часовите траеле по 45 минути, е траат, ама собери ги ти во текот на денот 2-3 курса и да видиме колку ќе излезе, плус целодневната, боли глава. Јас познавам два примера на деца на оваа возраст отприлика, најверојатно ко на Ариел децата. Едното, девојче, оди во целодневна, после тоа сама дома си оди бидејќи школото и е блиску. Дома има спремно ручек и од мала знае да ја вклучи микро печката и да си го згрее. Во меѓувреме се тушира и се преоблекува во чисти алишта, јаде и легнува да одмори 1 саат. Станува и има време за играње со другарчињата пред зграда, за да прочита лектира, за хоби и за курсеви, оди на два курса, англиски и пливање, распоредени така да јазикот е два пати неделно преку неделата, а пливањето за викенд. Детето е исклучително паметно, се научила сама, не од интернет, ами од енциклопедиите кои мајка и и ги купува постојано. Мајка му и татко му на девојчето се бизисмени, дома си доаѓаат во 5 најкасно. Другото, машко, после целодневна го зема девојка која го чува дома. Дома не јаде ручек бидејќи нема време, само се пресоблекува и иде на некој курс, од 5те кои ги посетува вкупно, секој ден има по нешто. Јаде обично по пат некој кроасан, кифла, чоколадо и слично. Има континуирани часови полни 2ипол часа. Дома пристига во мрак речиси секој пат, со оглед на тоа што целата школска година денот е пократок од ноќта. Не вечера бидејќи и покрај тренинзите кошарка, пливање и уште еден спорт, тој е буце и има проблеми со килограмите, па мајка му го става на режим. Детето има проблем со читањето, пишува нечитко и има пореметено чувство за контрола и подолго одржување на едно место. Мајка му и татко му се обични кацелариски работници, се враќаат од работа во 3, најкасно 4. Нема место за споредба
Случајно ја видов темава и прочитав поголем дел од мислењата и реално ви завидувам како се справувате со тоа,а воедно и станувам свесна за тоа колку моите трошат на мене и сестра ми... Конкретно, ние двете имаме и исти и различни трошоци, со тоа што сум тинејџерка, а таа во истиве почетни години, така да нешто се поклопува но има и многу различно. Фала Богу не сме биле дома во лоша финансисна состојба( криза се чувствува последнава година-две) со оглед на тоа дека моите имаат приватна фирма со одлични примања за ова време и околности. До пред 5 години и двајцата работаа во државни фирми и дома имаше примања од околу 40.000 месечно без тие додатоци кои порано постоеле,а големо олеснување е и што баба ми живее со нас, која реално со својата пензија од 250 евра помага и тоа многу. Мене имало кој да ме чува, ама сум одела во градинка, сестра ми никако не сакаше,трошоци за школски потрошен материјал, книги и чуда, нескратена ниедна екскурзија, играчки и сето тоа со контрола без преувеличување и непотребно трошење. Како најстаро дете во фамилија, сите тетки, баби и стринки кај нас дома со подароци секој пат, ама облека нема од постари братучеди. Сето тоа било ново и квалитетно. Се правеле големи родендени со многу подароци, најчесто пари за да ни купат потребно или најблиските тоа што ја прашале мајка ми па ги посоветувала. 10та година како одам на курс по англиски, што сега со сестра ми месечно оди по 1800ден. за двете,со попуст. А кај се трошоци за облека (не барам многу, ама сепак сакам да сменам и да се дотерам), за на кафе, такси преку зима, образование и се друго... Сестра ми оди на спорт, таму одат по 600ден. месечно(порано одев и јас), секојневен џепарлак, фризер на секој втор месец, контрола на заболекар, за мене на очно, за неа за протези и друго здравствено. За мене одат трошоци на очила по два пати годишно менувам стакла поради промена на диоптер, а сега и плус леќи. Таа протеза фиксна и месечни контроли, се случува да се разболи некоја од нас, лекови по рецепт или приватно зависи... Од одмори никогаш не ни скратиле, секое лето порано по 2 недели, сега по 10тина на море(првенствено поради здравје, и двете -а посебно јас имав проблеми како мала со шлајмови и запушен нос и грло) дека поради обврски и реално трошоци. Секоја зима на Попова Шапка по една недела со скиите изгор скапи се картите за скилифт (ние три купуваме, за мене,неа и татко ми. тука одат 3х900ден. дневно!) Еве и јас сум пораснала сакам со другарки на одмор, и таму ме пуштаат, уште околу 150 евра. Јакни,патики,чизми и се друго што се носи по повеќе години ни купуваат квалитетни, оргинал бидејќи вредат и како што кажав ќе ги носиме и до 4-5 години, ние веќе не одраснуваме баш, евентуално сестра ми. Образование демек бесплатно, се поголеми трошоци само. Знам дека за факултет тргаат на страна од секогаш, тоа никогаш не би ни го скратиле. Реално гледано огромни трошоци се, без храна и сметки, плус несакани ненадејни трошоци дневно,месечно за низ дома, се расипало-да се поправи,смени и сл. Ете и баба ми е тука па заеднички колку можат делат трошоци за да се излезе на крај. Во вакви тешки околности, добро и толку што сме задоволени од се, колку само полошо може да биде и треба да го цениме тоа...
Одлична тема ...Можеби јас не спаѓам во овој круг на луѓе .Моите деца не одат на курсеви ,не одат на спортови,на јазици воопшто.Ние живееме со мала плата .Многу скромно ,ха понекогаш прескромно.Кога е дома свекрва ми ги чува а кога не е си седат сами дома.Помалата керкичка си игра со другарките.Но да ги видите нивните игри и нивната фантазија не би ги замениле за ниедна игротека на светот.Во нивните игри обичните предмети стануваат повекенаменски...хахаха.Ма прекрасни се.Поголемата ќерка има 15 години и немам моќ да и платам никакви дополнителни активности.Но затоа кога ке дојдам дома разговараме ,колку и да сум уморна и нервозна од денот .Одиме од тема на тема.Сурфаме заедно на нет и ја набљудувам постојано.Ја интересираат разни области.И се е тука .Има другари од цело Скопје ,комуникативна и снаодлива во секоја ситуација.Има шарм кој вреди за 5 јазици.Затоа луѓе не се нервирајте,се ке си дојде на свое место и со курсеви и без нив.Секој од нас си има свој пат кој ке го изоди вака или онака.А за трошоците нема да зборувам ,сама се справувам со нив веќе подолго време.Јас моите деца ги учам да бидат вредни ,горди на себе и да имаат чист образ.
Секоја чест, и без оглед на финансиските ситуации, сите треба децата да ги учиме на вистински вредности, а не на лажни приказни за деца, еден ден тие деца ќе пораснат и ќе станат свесни за вистината. Ти подавам рака уште еднаш и ти посакувам да одраснеш девојќи кои ќе бидат одлични жени во иднина!
Охооо, гледам дека трошоците што ги спомнав бодат очи... е да, и мене ми бодат Да не го цитирам мислењето на Ејнџел, и онака моето мислење ќе биде долго, ама имам пореба да се доискажам. Не сум повредена, навредена или не знам што, нема зошто, ама мислам дека некому би му користело да знае дека перцепција и реалност се за беља две различни работи. Прво, сакам да им кажам на сите кои немаат деца, дека детството е многу поразлично од она што го имавме ние. Во Скопје веќе нема играње по улици за помалите деца, освен можеби во периферните населби, каде маалскиот живот се уште опстојува. Денешниве деца се дружат на различни активности, или заедно со родителите. Ќерка ми ќе биде трето одделение, училиштето и е на истата улица на која живееме, ама се уште не сум ја пуштила сама да оди. Јас на нејзини години, ги поминував најозлогласените улици во градов, ама тоа беа 80-те и светот беше многу поинаков. Кога и да сум блиску до тоа да се одлучам, некој ме премислува. Споредби на денешниот живот со оној од пред 20 или во мојот случај 30 години – нема. И да, моите деца шлакаат со темпера по камења, цртаат со креди во боја на земја, играат ластик, жмурка и џамлии, само за разлика од моето детство, сега тоа не го прават сами, туку во присуство на родител. А за да можам се тоа да правам, ми треба помош за домаќинските обврски, макар што прв пат ја побарав и добив лани, а за придобивките не ни мислам да пишувам тука. Работата си ја сакам, и не би ја менувала. И покрај сите нервози што ги носи, сепак во суштина ме прави многу среќна. Не би можела да седам на работа, само за да земам плата. Тоа што го работам мора да ме исполнува, барем некои делови од него ако не целосно. И да не беше таа, кредитите за куќата немаше да ги исплатиме никако, а верувам дека решавањето на станбеното прашање е за доброто на сите членови од семејството, вклучувајќи ги и децата. И кога треба да доработам нешто, го правам тоа кога децата спијат, за да не ми одзема од најскапоценото време. Јас сум далеку од амбициозна мајка која ги форсира децата, и никогаш не би ги форсирала. Само се трудам да им ги следам потребите и интересите. Никогаш не сум ги терала да одат некаде, а секаде каде што сум ги запишала било по нивна желба. Спортот им треба за правилен раст и развој. Денес нема такво играње на улица како во наше време, па спортските активности им се замена. До 3 седат во клупа, и им треба раздвижување. Зошто базен? Затоа што ќерка ми има вродени аномалии на ‘рбетот, и мора постојано да спортува. Ни препорачаа базен, и ја запишав. Ќе кажете – зошто не оди на физикална, ќе вежба таму. Е па оди и на физикална, 2-3 пати неделно, со многу мали паузи, и тоа се помали како расте. Почна да оди на 3 години, претходно беше мала, под 3 години не може да се очекува соработка. Сепак, докторката ми кажа дека тоа не е доволно, дека мора секојдневно да вежба, и дома, и да се занимава со спорт, бидејќи постои опасност да дојде до уште поголемо искривување, па да треба да се оперира. На страна од ова, базенот е најмал трошок од се, одиме тројца, и за тројцата плаќаме 3000 денари. Балетот беше замена додека не работеше базенот зимоска, и беше по нејзина желба, а и добро е за рамениците, бидејќи има ограничувања во движењата на рамениците. И кошарката можеби во иднина би била, секако се договоривме да не оди веќе на балет. За оваа година доста се базен и физикална, а здравје, следната може кошарка и физикална, ако ми каже докторката дека е ок. Мислам дека убаво е да се тренираат различни спортови – има двојан придобивка – и детето ќе научи повеќе спортови, и подобро е за телото, од различни посртови се развиваат различни делови. За логопед – ниту јас ниту сопругот не можеме да излегуваме од работа и да го носиме малиот преку ден, на државен, па приватен беше единствена опција. Денес го имавме последниот час, и готово, толку е. Има уште малку до целосно средување, ама ќе се среди. На логопед одевме два пати неделно, ама останатите пет дена јас вежбав со него, ги повторував вежбите, кажувавме зборчиња, песнички, секој ден, две години. Ова нема врска со трошоци, ама со тоа дека не поминувам време со децата. Во однос на дадилката – мислам дека нема мајка која повеќе сакала децата да и одат во градинка од мене. Ќерка ми прв пат ја запишав на 13 месеци, а синот на 8 месеци, ама никако не можеа да продолжат затоа што цело време се разболуваа. И тоа не зборувам за настинки, туку за лежење по болници. Кога малиот имаше 2 години повеќе бев во Козле од колку дома. Таа зима од ноември до февруари не можеа да му ја излечат пневмонијата, ни со лежење, ни со дневно болници. А не му беше прво лежење, првото беше веднаш по првото запишување во градинка, на 9 месеци. Докторката ме советуваше да не го носам во градинка додека потпорасне, ама јас упорно го праќав, зошто нели градинката е добра, децата треба да се социјализираат. После неколку лежења во болница, ми се испушти дека пак сум го пратила во градинка, и докторката ме направи лом, ми кажа дека ако упорно го праќам ќе навлече хронични пороблеми, кои ќе си ги влече до крај на живот, и ми кажа до 5 години на крај памет да не ми падне да го пратам ако сакам да биде здрав. Или директно во школо, или една година претходно, ради адаптација. И така се решив за дадилка. Жената потсредуваше само последната година, кога малиот одеше во градинка, ама морав да ја задржам затоа што очекував да се разболува, па ова беше некој компромис. А реално и помош, за да можам да поминам повеќе квалитетно време со децата. Инаку чоколади се трудам да им скратам затоа што не се здрави, не затоа што им кратам на јадење. Сполај му на господа, за јадење до сега не било проблем, ама мислам дека боранија е многу подобар избор од чоколадо. Што се однесува до времето поминато со децата, квалитетот е многу поважен од квантитетот, барем за мене. Иако реално со нив сме 2, најмногу 3 часа дневно, барем на оваа возраст нашиот збор за нив е алфа и омега. Го впиваат тоа што им го кажуваме како сунѓери, и во нив го гледам точно нашето воспитување, моето и на споругот – не на жената која ги чуваше, не на учителките, не на бабите, туку нашето, домашното воспитување, со истите вредности со кои и јас сум пораснала, макар што реално тоа ги прави поразлични од многу други деца. Понекогаш свесно носам одлука да бидам помалку време со нив. Летово бев одвоена од нив месец и пол, што ми падна многу тешко, ама за нив беше подобро да се на море со моите, од колку во Скопје, цел ден дома. Пред се од здравствени причини. ОК, мислам дека е доста, веројатно и премногу. Уште само еден совет: никогаш не донесувајте заклучоци без да знаете што навистина му се случува некому. Приказната може да е сосема поразлична од она што навистина се случува. Дали се уште мислите дека тоа што го правам е претерано? Реторичко е прашањево, нема врска, и онака не ми менува ништо.
Јас на сето ова ќе додадам еден цитат кој често ми го кажува еден пријател кој има поголеми деца “кај што сме пеглале, уште не сте переле“ ...така да се во свое време
Драга, јас не донесов заклучок за твојот случај, дури и мислам дека напоменав некаде дека и ти сигурно не сакаш детето да го носиш не базен, ама пуста потреба, не можеш детето да си го оставиш да ти се искривува, си знам по мене верувај. Логопедот, и повеќе од сигурно е тоа што оди на приватен логопед, овие во државна, и онака ништо не прават. Мене ми беше муабетот, како јас сакам да ги воспитувам децата, а немав претстава дека децата ти се толку големи, се си мислев помали се па нема потреба од форсирање, а сега гледам дека тие всушност и веќе знаат што сакаат а што не да прават. Искрено, мислам дека јас пред да пуштам дете на некој спорт или курс попрво сама би го носела неколку пати самоиницијативно пред да се запише, од самите причини кои и ги наведов, и јас сум сакала на се да одам, па единствено решение било тоа, да пробам неколку пати, да не се залетувам веднаш со уплаќање на курс или спорт. Нажалост не можеме секогаш да бидеме на сите места во исто време. Инаку и мајка ми седела до сестра ми кога таа си играла на улица во истите тие 80сети во кои и ти си растела, се е до сфаќањата на мајката. Секако на крајот на краиштата ти ги растеш тие деца онака како што сметаш дека е правилно, а секогаш е правилно кога една мајка го прави најдоброто за своите деца, за некого тоа се можеби скапи играчки, за некого вложување во здрави навики за спортување, за некого курсеви јазици, а за некој како мене да го натера детето да биде дете колку што може повеќе, да даде господ, може јас да бидам и бетер од вас, никој не знае однапред. Но едно ќе биде сигурно, моето дете ќе игра спортови, ќе плива, ќе вози точак и ролери, ќе трча на улица, како што јас не сум можела додека сум била дете. Секогаш ќе го кажувам тоа, мајка ми ме има квалитетно упропастено од тој аспект, немој на улица да не се повредиш, немој на точак да не паднеш, немој во вода ќе се удавиш... јас таа грешка нема да ја направам
Mногу убаво мислење напишала AngelOfArh самошто за жал е чиста утопија и да не те разочарувам, ама детето изгледа само ќе прави парфеми од цвеќиња и ќе црта на улица со креди. А не е баш забавно да се игра сам. Реалноста е таа, секое време си носи свои белези и промени, во времето на мајка ми го немало тоа што го имав јас во моето детство, а моето дете со сигурност нема да го изживее моето. Времињата се сменија, не е секаде погодно за игра, во зависност од оддалеченоста не може и секое само да се враќа од училиште, тоа го сфаќам сосем. Зборот ми беше за трошоците... да би имала јас доволно финансии ќе му понудам на моето дете да проба се' - од спорт, до балет и гимнастика, курсеви по различни јазици, играорна, хор, па што го бендиса и привлече тоа нека одбере. Таков беше и принципот на моите родители со мене и ЗНАМ дека не погрешиле. Децата се стимулираат од мали, не сега во смисла да направите иден Бил Гејтс од него, ама многу фајде од седење пред влез и урлање на улица нема да види. Тие муабети - еееее, и ние игравме народна и жмурка со саати па што ни фали, ич не ме тангираат и не ми прават логика. Ги гледам децата пред зграда што не се прибираат со часови и тие што се повеќе ангажирани со активности и постои и те како голема разлика. И кога би бирала и би имала можности секако, моето би го сместила во втората група. Па и да немам пари, убаво кажа Битерствит, ќе го седнам со мене и ќе учи преку игра, отколку да му се пере мозокот со турски сапуници, кантер и бапски маалски муабети со неразбрана багра. Последните страници од темата многу повеќе се допираат со - Воспитување на децата, отколку Трошоци врзани за децата. Моето мислење во врска со трошоците е тоа, иако се' уште немам дечиња, последните пари би ги дала ако знам дека тој спорт, тој курс, таа активност ќе го стимулираат менталниот и физичкиот развој на моето дете. И нема воопшто да ги жалам тие пари. А алишта од Окаиди и други брендирани марки, скапи подароци без никаква намена па дури и за роденден (некаде споменав низ други теми дека јас во животот не сум добила подарок за роденден од моите, тортата ми беше подарок па немаше ништо погрешно и страшно во тоа), играчки на тони кои фаќаат само прав и ги шуткаат лево-десно, оброци од МекДоналдс кои чинат тројно повеќе од домашно зготвен оброк, ранец од 3000 од Адидас или некој од 600 ден. од обична продавница... е на тие трошоци ќе внимавам и ќе ги скртаувам. Со чиста совест.
Јас памтам како дете, дека освен основните работи кои ни беа потребни и никогаш ништо не ни фалеше, мајка ми знаеше последните пари да ги даде за да не дотера во нешто, не дека јас и барав, туку дека имаше голем ќеиф децата да си ги види средени.Она носеше исти капути и чизми со години и си вадеше од уста, а за нас секогаш сакаше да имаме нешто ново и до ден денска комшиите не памтат како децата секогаш облечени во ново. Дури некогаш и криевме од татко ми дека нешто е ново, за да има мир во куќа. Познавајќи се себе си, дај боже да можам да си дозволам, ама знам дека нема да бидам од тој аспект по различна од мајка ми. И јас за мене веќе 6 месеци ништо не гледам,комбинирам тоа што имам, ама на памет знам што има по бебешките бутици. Внук ми кога се роди, отидов во Најк и ги купив сите работи што ги имаа за машки бебиња до 6 месеци и картичката убаво ме поздрави со следната сметка Мислам дека за сите работи ќе можам да водам економија и да кратам од секаде, ама за бебево мое што едвај чекам да го видам мислам дека нема да бидам карактер кога се финансии во прашање
Хм...ве читам и мислам дека непотребно ја загревате атмосферата.Една работа што треба да се разбере и сфати дека семејствата се различни меѓу себе.Познавам многу семејства кои претеруваат низ месецот едноставно со помалку трошоци.А има и такви кои на децата им пружиле и до пиле млеко што се вели.Не за џабе поговорката е колку имаш толку ќе трошиш.Има родители кои сакаат на своите деца да им пружат се ,има кои и да сакаат а не можат.Друго афинитетите на децата се многу важни.Што ако има желба да проба се.Или тотално спротивно за ништо да не се интересира .Прашањето е колку можеш да му го наметнуваш твојот став и размислување.Припаѓам на некоја средина да кажам,и трошоците за децата се многу различни.Ако ги праќате на курсеви и спортување тука не спаѓаат само трошоци за членарина.Зборувам за секојдневни трошоци како што се купување на оброк ,опрема и превоз.Давање за пари за такси или да одиш да го земеш,лично живеам на такво место каде не постои друг начин освем такси,сопствено возило и пешки.На детето не можеш да му објасниш дека оброкот дома е поквалитетен од брзата храна.И одма те пресретнува со -сите јадат јас да гледам ли?Ако не му дадеш пари се чувствува отфрлено.Тоа е некое правило кое постоело и кога јас бев ученик.Не велам дека јас не можам да ги облечам децава тип-топ,ама како резултат на тоа ќе ми остане некоја сметка неплатена.А една ако не платиш бргу се насобираат.Многу тешко успевам да заштедам особено сега кога почнува школска година.Велат бесплатни учебници а колку пари се работните листови?Се снаоѓаме некако фотокопираме или на старо,ама има некои професори кои не дозволуваат копии. Или едноставно користење на стари раб.листови е невозможно зашто се пишувани со пенкало ..Секако трошоците се исти за мали и големи деца.Тука некаде само што сега намената им е сменета.Ако не даваш пари за памперс ќе даваш за спорт.Генерално не е исто некогаш и сега.Јас со еден ранец,поминував 4 години.Значи за моето школување со средно искористив 3 торби/ранци. А сега во една година некои купуваат толку. Да подвлечеш црта и да кажеш толку ти треба за едно дете е научна фантастика.Месецот е полн со скриени трошоци на кои некогаш не ни помислуваш.А за тоа ,што се вели јас никогаш не би го правела ова или она за моите деца,водете се од она никогаш не вели никогаш.Децата знаат да изненадат кога позитивно кога негативно. Само се молам и барам да најдам работа,да помогнам во семејниот буџет,маж ми да ја задржи работата,да можеме колку толку да излеземе на крај и да ги исшколувам децава.Би сакала да завршат факултет да си најдат пристојна работа.Да фантазирам за некои големи планови од типот да им пружам некои активности кои не можам да ги платам,или фирмирана гардероба, не се ни осмелувам.
lunicka,работни листови НИКАКО не смеат да им се бараат на децата.на тв многу пати се апелираше дека ке следуваат казни и за наставникот и за директорот...слободно реагирајте
лани кога стигна дописот беше крај на септември и веќе им ги имавме побарано на децата,нормално со нагласок кој може да си дозволи.а сега не смее да се бара од децата да ги купат.гледам во некои школи ако сакаат да им купат работни родителите потпишуваат изјави дека своеволно ги купиле,за да се избегнат казните.наставниците не смеат да им бараат
А кога сме кај трошоците, ова бесплатново образование многу скапо излезе! Книгите им ги дава државата, ама работни листови не. Е сега да немаат проблеми, потпишуваме согласност за употреба на работни листови кои нели сами си ги купуваме. За двете деца само тие се нешто помалку од 2000 денари. Дополнително на ова, имаме цел список со други потребни материјали - фломастери, водени боици, темперни, дрвени, мрсни, пластелин, топ хартија, тетратки, тоалетна хартија, сапун, влажни марамици... и да не заборавам, балетанки за физичко... без 3000 за овие работи нема да бидеме. Само балетанките се по 400 еден пар. И за крај, малиот е прваче, и по старата добра традиција со која првачињата ја опремуваат училницата, нашето одделение треба да обезбеди полици за книги, шкаф за материјали, телевизор, ДВД, и полица за последниве две. Уште немаме понуди за се ова, ама по слободна проценка, ќе биде околу 1200-1500 по дете. И оп... отиде стотчето на почеток на школската година! Аирлија нека е!
Мислам дека заборави хамер,моливи,гуми,ножички,блокови,самолеплива хартија ,листови во боја(5бои по 10 листа) ,корици за книги.... Јас на сево ова ќе додадам и дневен 2000 денари,кошарка 1200,англиски за цело полугодие 7800 и секои два месеци нови патики и тие по 3000 денари.