1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Трошоци поврзани со децата

Дискусија во 'Дете' започната од Ariel, 21 декември 2011.

  1. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.788
    Допаѓања:
    131.404
    ^ е да и тие... уште не сум ги купила, затоа не ми се во есапот.
    Дневниот престој оваа година машала го качиле, 2050 за појадок и ручек, плус 500 и нешто за ужинка по дете.
     
  2. dveangelcinja

    dveangelcinja Активен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Ауу трошоци еден куп се дупло бидејќи имам близначиња градинка,росици,прибор,пакетчиња сликање,претстави, за гардероба да не збориме испод 1500 неможеш да најдеш квалитетни кондурчиња или патичиња значи 50Е ми одат за обувки+јакни а на моите деца ако им пробаш нешто мора да го купиме или со плачки ке си одиме плус играчки сто само еден ден ке им биде интересна. памперс еден пакет на една недела влажни марамици и ред други работи ...... само нека се живи и здрави
     
  3. Sara2

    Sara2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    154
    Пол:
    Женски
    Е сега веке сваќам како им е на моите родители. Иако искрејно 1800 денари за кошарка се многу. Јас вкупно за кошарка англиски курс и германски курс давам 1800 денари. Но сепак цените се различни од град до град. :)
     
  4. Micika80

    Micika80 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    295
    http://dnevnik.com.mk/?ItemID=8FAB754B0 ... 7D82596C7E

    Ја читам статијава и се чудам, ова го пишувал некој што нема деца или што слепо верува во статистика.А и споредбава со гарсоњерата, што е подобро стан или дете? :puke:
    Моето бебе е сеуште во стомак, не сум почнала со редовни дневни трошоци, ама подготовките до сега се веќе добри 1000 евра, главното ми е земено, ама имам уште бааги ситници кои влечат пари, како пумпа за измозлување,пелени, бебшка козметика, вреќичка за спиење, постелнина, облека, бањарчиња, сакам и ново килимче...ехе што се сакам...А за болнички трошоци, нејќам ни да се замарам...
    Тазе мајки, без подготовкава, само бебето со дневни потреби реално колку чини , некој просек?
     
  5. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Може месечен просек :?: ...околу 3000 ден. ако го доиш. :!:
    Значи отприлика 2 паковања памперс месечно, тоа ти е 1200x2=2400, една павловичева, јас земам пола килска мислам беше околу 250 ден, таа ќе ја користиш 2-3 месеци, 1 шишенце Д3 капки-112 ден. за еден месец.
    Под услов значи да си имаш се` друго купено. Ако добро си напредеува и расте бебето, уште првиот месец ќе му се смалува гардеробата ;) па ќе мора обнова. Зачаран круг :D
    Нека ни се живи и здрави. :inlove:
     
    На Micika80 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Micika80

    Micika80 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    295
    Баш зачаран круг :D
    Целата подготовка ми е всушност само за првите месеци, како ќе почне бебе да си расте така следи обновата за се од почеток, тие 3000 денари за пелени, капки и маст, како кусур ќе ми се видат :lol:
    Ќе се работи и ќе се купува, за тоа се живее, не за да купуваш станови а да нема на кој да ги оставиш :)
     
  7. babymama

    babymama Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2012
    Пораки:
    437
    Допаѓања:
    225
    За почеток се трошат мислам многу пари: облека ( ај тоа може и да се позајми), креветче, кадичка, количка, шампони, крема, пелени (2-3 пакети месечно= 3.000ден.), влажни марамчиња (еден тон :D ), топломер, ако бебето не цица мора да се земе вештачко млеко+ вода, ако цица потребна е и пумпица за измолзување ( не секогаш ама фино е да се има дома), цуцли, стерилизатор (не секогаш потребен), шише за млеко или вода....ова вака нешто на кратко што ми текна рано по сабајле :D . гарант има уште едно 300 работи што сум ги заборавила.
     
  8. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    770
    Пол:
    Женски
    да трошоците од град во град се различни ама без 10000 не можиш.
    ние трошиме 4000 за млеко
    3000 за пелени и + останатите трошоци да не набројвам сите ги знајме кој се основни потреби на бебе.
    е сега ние со мм од ко сме земени имаме потрошени едно добро 4000 евра
    арно што живееме со свекор и свекрва и за сметки и јадење на трошима многу иначе ако се замислам страв ме фаќа
    ќе испоцркавме со мм
    :@ :@ :@ :@
     
  9. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.717
    Хммм. Со оглед на тоа дека јаде тоа што јадам и јас.Освен за памперс, креми, за друго немаме поголеми трошоци. Гардероба има од лани, таман му е истата (лани му беше малку голема :lol: ). Сега месецов дадовме плус пари за некоја нова блузичка, чизмички. И обавезно летаат пари за нови играчки кои се повеќе за татко му да си игра, а не тој :lol:
     
  10. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.390
    Искрено мене став ме фаќа, тешко е сега само мм кога работи , тргај тргај пак не стига а уште не ни почнале вистинските трошоци , играчки, чевли, јакни и друго.
    За облека и не се секирам многу имаме доста подарено и доста голема до кај 1 годинка ќе има ама потоа настануваат вистинските трошоци.
    Играчките и не ми се толку битни дали е скапо или ефтино, денес една мајка во Џамбо 12000 ден дадоа за играчки, а јас си помислив боже па јас толку плата ќе земам :( да сме живи и здрави само :)
     
  11. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    757
    ооо уник додека е мала ке и обалечеш што и да е не се бунтува она ама кога ке тргне на школо ке гледаат од другите дечиња и ке бараат исто што имаат и другите деца ке се срамат ако не се на исто ниво со другите деца ке треба да купуваш книги работни ташни прибор па курсеви па спортски активности а па недај боже да се разболат ке те свлечат од пари
    него се мислев дека маж ти е на работа во странство некаде или јас сум грешка???
     
  12. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.390
    е да мила така е додека е мала по лесно туку кога ќе почне со училиште ќе има каде каде поголеми трошоци.. Мм уште малку треба да замине , мислам дека овој месец :| :?:
     
  13. Twinja

    Twinja Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2013
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    68
    Прилично големи се трошоците за децата, но сепак за нив се бориме, за нив работиме. Кај нас трошоците се х2. Еве одприлика колку ни одат месечно

    АД млеко дневно по една кутија 300 денари - 9000 млеко

    Дајперс пелени - 1 и 1/2 - 3000/3200ден

    Влажни марамици отприлика 1000ден

    Сокчиња(ппиеме само купечки 2 дневно) 1500/1600

    Козметика еве одприлика 1000 месечно

    Главното не чини секој месец 15 000/ 16 000 денари(без многу други работи). Каде се кашички, облека, седишта за во кола, дубаци, џампери, летни колички играчки ... Нека се живи и здрави, мама и тато ќе работат за нив, а и бабите и дедовците да ни ги поживее Господ, без нивната помош- тешко.

    Мене ме иритира кампањава за повеќе деца, а платите се мизерни ...
     
    На SimonaTino и Ariel им се допаѓа ова.
  14. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    Ах кога се мали тие трошоци се неспоредливи и мали во споредба со она што ве чека.
    Еве пресметка колку се месечните трошоци за едно дете во основно образование:
    1. 2300ден - за храна;
    2. 200ден - за обезбедување;
    3. 2000ден-за спортски активности;
    4. 3000ден-за странски јазик;
    5. 200ден - за тетратки, книги и работни
    Вкупно=7700 денари месечно, само за активности поврзани со школото и спортот.
    Каде се трошоци за облека, храна и друго?
    И напомена ова е само за едно дете
     
  15. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.263
    Допаѓања:
    34.535
    Пол:
    Женски
    :up:

    Истото сакав и јас да го кажам.

    Јас сум дете кое има 15 години (сега ќе полнам 16) и можам да кажам дека трошоците на моите родители се многу големи со едно дете, а камо ли со повеќе. Со едно дете треба да внимаваш на сите трошоци за да можеш да сврзеш крај со крај, а со повеќе деца човек би банкротирал.

    Иако сум дете кое само има 15 години сепак ми е смачено кога ги гледам рекламите на Владата за трето дете, па луѓе не е само раѓај деца, треба да имаш и можност да ги одгледуваш со кои средства ќе им овозможиш добар живот. :!:

    Не гледам нашиот премиер Никола Груевски што ја промовира таа кампања за трето дете, да има три деца, тој си е многу паметен си има само 2, за да може да им овозможи добра иднина, затоа што тој сега е премиер но не се знае што човек го чека утре. Бидејќи не е доживотно загарантирано премиерското место. :)
     
    На SimonaTino му/ѝ се допаѓа ова.
  16. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Да, премиерското место не е доживотно загарантирано али има големо конто на сметка што сигурно има и за неговите внуци. Тој и да има 3-то дете воопшто не е никаков проблем од финансиска гледна точка.
    Со една познаничка оној ден во аптека се зезаме - овој премиер толку озбилно ја сватил кампањата за да не дозволува ни увоз на Норлево таблетите и абортус ќе забрани....можеби и не е толку смешно колку што е опасно по нечиј живот....

    Потврдувам дека трошоците се зголемуваат како раснат децата. Додека одеше во градинка моето тоа беше, месечно 1500ден и не му мислиш на ништо (со исклучок на облека, играчки и др.), ама еве го сега прваче и дупло ми се зголеми месечниот трошок за него. Порано си мислев дека некои родители претеруваат во форсирање на децата за све и свашта. Не дека ги нема и таквите (правам граница меѓу дете што сака да спортува и родител кој го форсира детето во нешто а тоа не сака), ама како и да е тие курсеви, спорт или што и да е и те како е битен фактор во социјализирање на детето. И не само тоа, на таков начин се побргу осамосталува, станува независен....
    Така да тешко излегување на крај на месецот ако само 1 работи во фамилија за просечна плата која кај нас реално дали стигнува и 15 000ден.
     
    На imelda, nesa и midnight.flower им се допаѓа ова.
  17. Espadrila

    Espadrila Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2013
    Пораки:
    1.143
    Допаѓања:
    20.736
    Еве сега една пресметка за дете од скоро две и пол години
    1. градинка- 1500
    2. сезона е за промена на гардероба, од ланското ретко што му е точно, што би значело
    - нова зимска јакна -1600 денари
    - барем 2 пара нови тренерки 2х1000=2000
    - 1 еден пофин комплет од панталони, блузиче (кошулка) и џемперче- околу 1400
    - чевли- сеуште немам прошетано ама сметам дека се минумум 1500 денари
    - два чифта топлинки (едни за на градинка, едни за дома) 2х400=800

    Дојдов до некој износ од 8.800 денари. И тоа сето ова го сметам за скромна, средна, да не кажам и ефтина варијанта, затоа што може да чини и многу повеќе...

    3. На ова би додала пакет пелени (нажалост уште сме со пелени) на 7-10 дена со цена од 555 денари, преку ден литро сок на соковник за кој намирниците коштат околу 150 денари.
    Стигнавме до кај 10.000? :( и ги поминавме????
    Да не зборуваме ако не дај боже настини, или лошо се повреди или разболе, па пари во аптеки и по болници да се остава....(башка приметив дека сите лекари станале бизнисмени- строго од таа фирма тој сируп да го земаш, а тој ти е 300 денари поскап од замената....)

    И ете нека не биде се во октомври, ете нека биде октомври и ноември, како распределување на трошоците, малку ли е???

    Ама за нив живееме, бабите помагаат, ние ќе работиме повеќе, нив се помалку ќе ги гледаме за повеќе пари да вадиме и....зачаран круг
     
    На Twinja му/ѝ се допаѓа ова.
  18. DarkNight

    DarkNight Активен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2013
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    4
    За моето бебе најмногу трошам за здраво хранење и облека.
     
  19. vivi.davvero

    vivi.davvero Активен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2014
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    24
    Јас сеуште не сум мама ама од ова што го прочитав тука, а до некаде и го претпоставував мислам дека ги добив првите симптоми на бременост (несвестици со пилиња околу главата) :x

    Она што е факт е дека од некои работи не може да се скрати, храна и облека (не скапа но пристојна). Но и критериумите за пристојно на сите ни се различни. Ако на пример мене ми е сосем пристојно нешто од 1000 денари наспроти 3000/6000, она од 3000 му е пристојно на некој друг во споредба со тоа од 6000. И така...
    Иако повеќето од вас кажуваат дека добиваат алишта за роденден, тука доаѓа моментот дека некој и вас ќе ве покани на роденден па индиректно парите наменети за алишта пак се даваат.
    Детството сега е различно од она на времето каде што еден ластик за гаќи имаше 600 функции: за гаќи, за скокање, за влечење по земја без да се допре (како и да се викаше играта) т.е. за согорување калории, исправување на кичма и за што уште не. Сега од што не е безбедно надвор како што беше порано ни јас не сакам да шетам сама а не па дете од едноцифрен број години. Сега наместо писмото од непознато другарче, стигнува фб реквест и се се знае. Нема тука чекај писмо на врата, бидејќи во претходното писмо другарчето наговестило дека ќе прати слика. Радости! Сега кога би имала дете сигурно би ми било срам да го пратам на роденден кај другарче со тетратка, молив и смоки/чоколадо. Сигурно ни вие не го правите тоа. Кога ќе ми текне дека сме се радувале на подарок што не чини ни 50 денари. А сега не е така... Сите сме за некој нормален тек на нештата, но сепак поќутуваме и потклекнуваме пред модерното и брзо време. Ако сите си ги пуштаме нозете до кај што ни е чергата нема ваква да е работата. Се срамиме да признаеме колку всушност немаме! И тажно е што млади луѓе како мене размислуваат за деца со претходно изработен финансиски план и анализа. И тоа за прво дете. А знам дека не сум само јас... Жално... а од друга страна пак, нема да сме вечно тука...
     
    На WORRIED.BT и Glasna им се допаѓа ова.
  20. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.921
    Допаѓања:
    32.561
    Пол:
    Женски
    Нам единствен трошок ни се градинката, пелените и млекото. Градинката ја плаќаме 1 500 денари, а за пелени и за млеко даваме по 1 000 денари месечмо. Облека не му купуваме. Ни даваат мои братучетки. Играчки не му купуваме, бидејќи одма ги крши. Што се однесува до храната, му го даваме тоа што и ние го јадеме.