1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Трошоци поврзани со децата

Дискусија во 'Дете' започната од Ariel, 21 декември 2011.

  1. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.980
    Пол:
    Женски
    Трошоците се толкави колку буџетот дозволува. За храна ( месо бифтек од проверени извори), органски зеленчук, овошје и житарки ми одат многу, не можам точно да кажам. Исто како ,@Joy памперс, влажни и крема колку треба толку ама за 4 дена оди едно пакување марамици, една крема од најголемите од павлодерм месечно и памперси од прилика околу 160 парчиња месечно. Играчки и алишта купувам многу , за тоа ме караат сите и остануваат неизносени ама не можам да се воздржам кога нешто ќе ми фати око. Може зошто јас сум растела во поскромни услови па сега гледам се да е нај нај за децата.
     
    На iki26, LaDyDoLl и joy1 им се допаѓа ова.
  2. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.189
    Пол:
    Женски
    Очигледно секој со своите навики, а и секако, како што кажа Леона, колку му дозволува буџетот.

    За ќерка ми, сега на 18месеци имам помалку трошоци отколку кога беше ептен бебе. Си кака на нокшир, така што не купувам повеќе од две пакетчиња пелени, тоа се 1000ден и едни влажни, 100ден. Со козметика исто не претерувам, едно шампонче на три месеци, млекото за тело ми трае и по 6 месеци, јекодерм за газе еднаш месечно.
    Облека ретко ние купуваме, зашто бабите редовно купуваат, имам добиено и од други луѓе подароци, плус и носена гардероба. Јас на пример перам еднаш неделно една бела и една шарена машина, не чекам да соберам само нејзина гардероба туку перам со нашите. Не е дека не прља, но секоја накапана маица не ја фрлам веднаш на перење, тука ја носи уште некој ден по дома. Така што за ќерка ми се доволни тие 4 пара тренерки (и тоа докупив 2 пара само затоа што почна во градинка) 4 дуксерчиња, 2 пара хулахопки и 4-5 блузички. Бодија исто така имаме повеќе, но реално пресоблекуваме само 2-3 неделно. Друго да не набројувам бидејќи ова е тоа што е најпотребно и најчесто се пере и носи.

    Играчки добива еднаш неделно од дедо и што има мерак на играчки, и искрена да бидам јас лично и немам никогаш купено играчка :$

    За храна секако одат најмногу пари, но и за тоа не се жалам, мислам дека не се повеќе од 1500- 2000ден месечно. Зеленчук и овошје купувам неделно, месо на две недели, а житариците ги докупувам кога ќе ми се потроши нешто, а не истрошувам едно пакетче месечно, значи подолго траат.

    Уште еден трошок е градинката 1500 месечно. Но реално сега за сега не ми е трошок детево :)
     
    На SnowWhite91 и leona83 им се допаѓа ова.
  3. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.880
    Допаѓања:
    14.234
    Пол:
    Женски
    Пред извесен период разговаравме на работа на оваа тема,така ни падна муабетот. Трошоци околу децата. Јас имав едно дете досега сега кај да е веќе и второто ќе дојде. Кога го родив првото исто низ глава одвреме навреме ми се вртеа мисли дека живот со дете не е скап. Трошоците се околу памперсите средствата за хигина на почеток а за облека фала богу имаме широка фамилија па сите тука сме со една облека израснати. За храна бебето цица а понатака мининално јаде па како расте секако ќе има еден тањир плус од нашата храна за него.
    Е сега слушајќи ја една колешка која живее со свекрва и свекор на ист спрат и живее во една соба а кујната ја делат а има две деца и до скоро работеше само нејзиниот маж дискутираше за тоа дека ај само нека се здрави и живи ама на облека многу трошеле. Со поголемото кога и да одат во бутик остава тоа да си избере и не ни прашува за цена а патиките и тренерките секогаш морало да се адидас за помалото поминаувала со дел од облеката на поголемиот но и тоа почнало да пребарува вакво такво. Одкако таа се вработила било полесно едната плата одела за децата а другата стасувала за се друго.
    Еве јас лично сметам дека поважно е да ја потрошам платата на храна за детето одколку на марка за облека. Кога купувам секако прво гледам да е колку толки квалитетна потоа да не е скапа бидејќи често и поефтиното е добро а и не мора да е скапо за да е убаво. Кога заоде во градинка вистина плаќав 1500 ден месечно но не забележав некоја разлика во трошоците бидејќи таму јадеше престојуваше па дома да не рречам "заштедувавме" еден оброк па секако исто ни се фаќаше. Сега ќе видиме како ќе одат трошоците за на школо,од септември сме прваче. Ама мислам дека не е страшно ако детето знаеш да го научиш на скромност односно не мора да има се што имаат другите не мора секој ден да бара чоколади и гумени бонбони или грицки.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  4. iki26

    iki26 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    3.483
    Допаѓања:
    17.463
    Како растат децата,така и трошоците се зголемуваат.

    Највеќе трошам за храна,па за облека.
    3 деца се, па и големи јадачи плус ,барем со тоа немам проблем.

    Највеќе за овошје и зеленчик се троши. Ќе купам 2-3 врсти овошје,за сите дома, најмалку 500 ден. одат,и тоа за неколку дена.
    Во месецот околу 3000 ден само за тоа.
    Плус,сеуште памперс носат, и за козметика (влажни,шампони..) уште 6000 ден,ако не и повеќе.

    Месо,млеко и млечни производи исто јадат и пијат сите.
    Во еден ден се пие околу 2 л. млеко,и големата пие по една -две чаши. Значи само за млеко 3000 ден.
    Плус млечни производи (павлака,кисело млеко,јогурт, кашкавал,сирење..)
    Од месо највеќе јадат мелено месо и свинско,поретко пилешко и телешко.
    И за тоа околу 2000-3000 ден во месецот.

    Ај да ги вбројам и грицките тука.
    Смоки,соленки,чоколатчиња...

    Да не ги споменувам излегувањата (иако поретко) но едно излегување 500 ден ни е.(сите по едно сокче,или сладолед, крофни...што и да е...)

    Сума-сумарум, за храна и козметика повеќе од 20 000 ден. во месецот.

    Да не споменувам за облека, играчки..

    Да се живи и здрави, работиме,па колку се може- толку.
     
    На mal.ecka, cresa-jagoda, marchi-cool и 6 други им се допаѓа ова.