Ма нема шанси да ми е досаден, милион пати да го гледам, уште толку поинтересен добро за Хектор, Ахил, да не зборам, мислам за глумците шо ќе коментирам за нив, кажано е претходно од другите членки Фин е филмов, убав, е сега ми се допаѓа оној дел од филмот, всушност некаде на крајот кога Ахил и Хектор ќе се борат, музиката посебно, направена тактички во однос на самата борба, посебно лутината на Ахил парче го направи Хектор, мислам премногу добро е олицетворена како дел од карактерот на човекот.Тој дел ми е феноменален.Ептен сум пристрасна во однос на оваа тематика, историјата де љубов бре
Јас не сум љубител на филмови каде што пола филм поминува во колење, тепање, сечење глави и крвови, али Троја е најдобиот историски филм што сум го гледала, тука некаде ми се со Гладиатор. За глумците се е кажано, празник за очи се. Одлична глума, одлична сценографија, преубава музика.
^ Ќе се сложам од збор до збор. Ич, ама ич, не сум љубител на историски филмови, ама овој би го гледала одново и одново.
Искрено, историскиве филмови ми лазат на нерви, ама овој не е толку лош. Може да се рече и дека е единствен од овој жанр што ми се допаднал. Одличен избор на глумци има.
Добро, јас ли сум единствена овде што се сконцентрирала исклучиво на приказната а не на физикусите на Бред Пит, Ерик Бана и Орландо Блум? Филмот.. добар беше. Не е најдобриот историски спектакл, но не е за потценување. Уствари во вакви филмови обично многу се вложува па, за среќа, тешко е да дојде до тоа спротивното - дебакл.
Абе нели глуми Бред Пит мора да се гледа не ств Ахил ееее го имам гледано оддамна ама сеа убо да се потсетам пак ќе го глеам....
Go gledav 2pati najmnogu zaradi Bred Pit i Orlando Blum bidejki ja imam citano Ilijadata na fax,interesno mi koga sporeduvam sceni i momenti...dobar film vo sekoj slucaj!
Како мала го гледав, и дефинитивно Најдобар историски филм! Само многу ми е жал за сите така што загинале ама тоа е
го имам гледано многу пати и никогаш нема да ми стане досаден.. обожавам историски филмови...еден од омилените ми е
Во принцип сакам вакви филмови со историска тематика, го имам милион пати гледано Троја, се е на ниво и сценариото и глумата е перфектно одработена
Филм кој лично мене не ми здосадува па и на остатокот од мојата фамилија. Толку пати го имам гледано што се' што зборуваат редоследно знам.
Троја е мојот омилен филм на сите времиња! Обожавам Грчка митологија, приказната нормално ми беше позната пред тоа ама не очекував толку прекрасна реализација. Актеркста екипа е совршена, па Ахил може да го замислиме како Бред Пит како никој друг! Ептен е моќен во филмов, друг актер не би можел да го донесе ликот на најголемиот воин во грчката митологија ко него! Орландо Блум одличен е за улогата на Парис, така слабичко, симпатично човече, женкар кој секогаш се потпира на својот брат и својата положба. Дајан ми е преубаваааа во улогата на Елена, значи никогаш не била поубава од Троја! Ерик Бана или Хектор исто така е фантастичен лик, исто така многу моќно изгледа и одлично глуми! Жената негова исто така ми е преубава! Јас на филмов плачев само кога Ахил умре. Се наежив кога се појавиаја бродовите во морето, фацата на кралот Пријам кога го виде сето тоа и подголтнувањето на Парис. Најјак момент ми е кога ќе излезат да се борат Хектор и Ахил и Хектор ќе му рече дека му е жал што го убил братучед му, но мислел дека тоа е Ахил. Тогаш Ахил ќе му рече дека ќе му ископа очите и јазикот за сите во подземниот свет да знаат дека тоа е „Хектор будалата кој мислеше дека го убил Ахил„.