јас си возам секојдневно низ цел град и сега за сега немам проблем, а и најубаво ми е така како што претходно имаа споменато ради дупките, едино нешто што не практикувам сега за разлика од порано е што појасот не го користам сега, незнам некако ме гуши, а и сега ради топлово....
си возеев до 7ми месец, ама престанав пошто ме мрзи да се малтретирам, инаку стомакот не ми смета и физички се осеќам ок, ама спак поспокојно ми е да сум на сувозачко, иако ич нејкам кога друг ме вози, ама боље така него да се нервирам и стресувам ради секакви неписмени, спас би ми било гајба јајца и само да ги гаѓам низ прозор сите што ќе ме изнервираат при вожња
јас не гледам приЧина зосто да не продолзам да си возам,а за појасот и те како не е добро да се вози без него па камо ли трудница,се мозе да се слуЧи затоа во продавници за опрема за трудници постои специјален појас кој се става на седистето и така појасот не ти е дирекно да месето туку под него и да закоЧис нема да те стегне на месето
Хелен, јас многу ниско го носам и појасот ептен го притиска така да ни перниче ни ништо не ми врши работа. Не можам да се возам позади кога сме со мм, а не можам ни да престанам сама да возам сеуште дека имам обврски со колата, па ме интересираше законот да знам да се расправам ако ме застанат П.С. Мислам дека во ЕУ од 7 или 8 месец трудници се ослободени од носење појас, ако не се лажам, така имам негде прочитано.
Другарка ми го имаше твојот проблем, и имаше некаква потврда од матичен гинеколог, полиција не и правеше проблем со тоа. Ова беше пред 2 години, прашај си матичен да видиш дали може уште таква работа.
не ми е познат законот многу но верувај ми и да го носис ниско со перниЧето нема да ти смета појасот бидејки ти доага дури под колковите
секојдневно возам до работа и дома и воопшто не ми е проблем...се надевам дека така ќе терам до крај...
И јас возам...4-ти месец сум но се надевам дека ќе возам до крај пошто мислам дека не е ништо страшно и опасно.....само појасот тешко дека ќе можи да се стави
Мешиња одамна не сме се фалеле со шоферлукот Ние со бебушко го тераме 9-от месец и си возиме секој ден, пред една недела извозевме 350км во еден ден и супер ни е мм вика и на пораѓај кога ке одам сама ке си возам изгледа
И јас сеуште си возам. Не сум многу поправена, стомачето ми се познава, но појасот не ми смета. Си купив перниче за на седиште, така да појасот доаѓа доле на стомакот, а исто си земав потпирач за на грб така да и кичмата убаво ми легнува на седиштето. Вереникот ме кара за појасот, демек со закон е дозволено трудници да не носат појас, но мене некако ми е страв без појас. Во понеделник сум на преглед па баш ќе го прашам гинекологот да видам што ќе ми каже за тоа, па ќе пишам на темава. Исто немам ни отоци, така да рефлексите сеуште ми се на високо ниво. Планирам да си возам се додека се осеќам способна за тоа, се додека рефлексите ми работат и можам брзо да реагирам. Да се надеваме дека тоа ќе биде до крај, да не зависам од други.
Јас моментално возам ама кога ќе ми порасни стомакот не знам кога ќе треба седиштето поназад ако ми е удобно притискањето на педалите оти да не. Сите ми велат стресно е не вози има стресни ситуации ќе претрча некој и сл. ама шо знам научив да реагирам без да ми биди стресно. А за појасот во поодмината бременост навистина трудниците се ослободени? Ехееее ако е така сама на пороѓај ќе се однесам
Nemojte da trgate pojas!!!! Si ima cel I pricina zosto e vo kolata. Kaj trudnici dolniot del na pojasot se stava pod stomak I nema da imate gajle. No ke si nosite do kraj, bezbednosta na vas I vaseto bebe e mnogu povazna od nivoto na konfort!
Jas ne sum vozac, no cesto sum so maz mi vo kola navaka nataka... I nikogas do sega ne sum bila bez pojas, ogromen mi e stomakot i pak go stavam pojasot... Kako sto vikas dolniot del od pojasot go povlekuvam gore ili pak go drzam so racete... Nikogas ne se znae sto moze da se sluci... Znaci bez razlika trudnica vozac, suvozac bez pojas nikako!
Не знам моментално возам само низ град за на долги релации не се нафаќам да возам а да ме возат ми е убаво.Дупките по патот не ми сметаат сеуште.За понатаму ќе видиме или ќе се пожалам или ќе се пофалам од возењето.Појасот од кога положив ми е навика и кога возам и кога ме возат и 200м да одам го клавам без него дури непријатност осеќам...па сега кога че ми порасни стомакот ќе пулиме ќе прајме.Мала шала дека сама ќе се однесам на болница