Јас сум возач 12години и тоа активен, не само со возачка дозвола ама откако останав бремена сама да возам се немам качено, бидејќи лежев дома и несмеев да станувам.Инаку , сметам доколку бременоста е нормална , нема проблем возење, се разбира внимателно и задолжително со појас.Сум слушнала дека веќе од седми месец, не е препорачливо возење, намалени се рефлексите кај трудницата.
И јас си возам активно . И за првата бременост возев до крај (можеби последната недела-две не, ама до 40-та возев сигурно ). Убаво ми е да возам... А, во однос на појасот...толку сум навикнала на него, што и јас (како и една феминка претходно) го ставам дури и за 10-20 метри . Удобно ми е со него....не знам, баш кога ми беше огромен стомакот, појасот си го ставав доле под стомак и ми го држеше стабилен
Sakaaaaam ama nema aber bebevo utre sum na kontrola... jas neznam sto ceka vekje, pa i oploduvanjeto da mi bilo pokasno do sega trebase da iskoci Of daj boze
Јас сега за сега ( 29та недела ) си возам како и предходно ама како што почнува да клоца моево малечко и да ми го изместува стомакот од една на друга страна изгледа ќе треба да апстинирам додека да се породам
Незнам зошто би било проблем трудница да вози. Нема никаква причина да се откажете од возењето освен ако не се работи за ризична бременост каде треба трудницата да мирува или доколку има изразени други симптоми кои би влијаеле на нејзината концентрација. Бременоста не е болест и трудниците треба да си продолжат со нормалниот живот освен во искличителни случаи кога има друго нарушување на здравјето освен бременоста. Јас познавам доста жени кои возеле малтене до последниот ден и веднаш после 40 дена. Секако не е препорачливо трудница сама да тргне на долг пат но од овде до онде не е никаков проблем. Еве да земеме предвид дека е при крај и ја фаќаат породилни болки. Едноставно ќе се парќира и ќе повика некој или доколку неѓа кого ќе повикс брза помош. Зборуваме за деловни жени, кариера а бременоста ја сфаќаме како болест и дека некој треба да не тинтри. Замисли каква кариера би можела да изгради жена која мисли дека мажот 9 месеци треба се до неа да биде и да ја возика од овде до онфе.
Јас не знам оти ама од ко останав бремена многу почнав на гаста да прицкам порано постегната и поплашлива бев за претицување цел пат би возела зад трактор ако треба а сега жмигавец и дим да ме њама Малото гајле неме откако ќе застанам тогаш почнува да клоца како да сака уште. Ама не ме чуди крвта не е вода да си се помирам уште од сега дека и тиј шофер ке биди.
Се сложувам дека и во бременоста треба нормално да се функционира ама со возењето не е така едноставно. Јас до сам крај возев, до 3 дена пред да се породам. Ама така близу морав да се местам до воланот (пошто инаку ништо нема да гледам, куси ноџиња, долга кола), што мешето ми беше многу блиску до воланот. Едно, не дај Боже потчукнување и би се притиснала на стомакот. Ептен се пазев. Затоа разбирам ако трудница се откаже од возење
Јас учена сум со седиштето понапред да возам и на излегување веќе морам да го вратам за да излезам.Сега за сега уште имам фора од стомакот до воланот, каишот не ми смета како шо мислев долниот дел под стомак го местам и ми го крепи . Се дури ги стигам педалите а стомакот не го допира воланот ќе шибам.
Vozam non stop, 37-ma nedela sum. Za na rabita, potrebstini so kerka mi, nitu ima a nitu sakam drug da mi gi zavrsuva!
Јас сум спремна дури и ако ми пукне водењак у болница да се одвезам. Само со болови не би можела. Маж ми дека цело време по работа, со мотор оди негде,се шета и се навикнав да возам, било што да ми треба со колА одам. Пред да бидам бремена не возев толку како сега. А појас обавезно, навика ми е, не дека се плашам од казни или слично, не ни можам да возам без него.
Јас се откажав стомакот до воланот ми стигна другите нека му ја мислат да ме возат а појјас сеуште ставам ми го држи мешето бај д веј Селина те снема неделава изгледа полни ти се рацете те чекаме да ни се пофалиш
Сега сум 32 недела и фала богу сеуште си се разнесувам сама. Шоферирам до работа, или ако си имам било каква потреба. Мислам дека вака би терала до крај. Единствено што сама си се нервирам е тоа дека возам без каиш, а би требало. Ама што да правам кога ми смета, без него возам од кај 5 месец.
12та недела ама си возам гајле немам , за право многу често не клавам појас моја грешка ама од никогаш не сум клавала на кратки релации. Супер ми е планирам да си возам до последно па како што е зима . Не би можела без кола .
Мене нема кој да ме вози, па сама се возам. Појас ставам, ама со една рака го држам лабаво доле а со друга мењам, вртам, се праам. Не ми е прв пат, возам полека и внимателно 10 години веќе, така да без кола не можам. Да требаше со автобус по доктори ќе ми се стемнеше...
i jas ushte vozam. ne. na dolgi relacii ama vozam. najchesto kaj shto znam deka nema da e trgni zastani. na kraj si vikam sama na porod ke se odnesam.
На тие што ви смета појасот, мал штос - јас си го ставам па го повлекувам уште и горе ставам штипка за веш за да не може да се врати назад и делот кај стомакот имам малку вишок каиш, ме разбирате мислам. Јас возам цело време, секој ден по 4 пати искачам со кола, возев крај на 7ми до грција и назад, одам на пат по градовиве низ МК и немам гајле, се додека сметате дека ви е удобно и безбедно возете. На пример, ако ме фатат благи болки за порагај а маж ми е на работа, му јавувам да се чекаме директ таму, да фатиме на време де