Леле колку ти е јака финтава. Ќе ја употребам. И јас сум секојдневно зад волан и најмногу ми смета појасот, а мора да го носам.
Единствено што незнам заштитната функција колку му ја намалуваме не дај боже нели. он секако би се затегнал ама покасно малку поради тоа што е попуштен
И јас од почеток до крај, дури дента кога се породив со кола отидов и колата на паркингот на болницата ми остана, па мм ја зема дента дома.
Додека се чувствуваш удобно додека возиш. Српак не се препорачува во 9ти за да не те фатат болки во сред возење
До крај и уште возам. Како сум тргнала сама ќе се одвезам до болница хаххаха. И во првата бременост возев до крај. Со таа разлика што сега возам џип и ми е далекуууу полесно - не ми е ниско и непријатно. Ама пред 5 години си бев и помлада па или се се заборава или навистина ми било полесно
Цело време возам и ме возат, немам намера да престанам се до онај момент кога ке ми биде мачно од тоа.
Ако немате проблем слободно да си возите. Јас возев до 16,17 недела потоа ми рекоа толку, ама возев ептен активно секојдневно и на работа кога требаше на состанок да се оди, па барај паркинг, итн.... Сега без кола како хендикепирана , за се чекам од мм ..... Др. ми рекоа дека не треба толку да се напрегам и еве ме одмарам
Рано ми е за бременост, но мислам дека нема да возам со меше. Ниска сум, седиштето го тргам најнапред, и ризик е. Ве молам внимавајте, дури и при најмала сообраќајка, ударот на стомакот во воланот може да му наштети на бебенцето.
Јас во полседно време послабо возам. По потреба, ама мислам дека не е проблем уште некое време ако тебе не ти пречи. Само да не е во гужви, со тргни застани и нога цело време на кумплуг.
Искрено јас на сам почеток не мо ев да возам 3,4 месец некако стегната се ме плашеше и не возев, а сега еве 38 недела си возам гајле немам... другарка моја сама на пораѓај се однесе. Зависи како се чувствуваш.
Ни прва ни последна. Ја возев со првото од почеток до задњо кога ме задржаа на пород. Положи си после време ќе немаш со мало бебе, па ќе ти пропадне лекарско, полагањата ...