Знам, затоа и сакам да го завршам ова, иако малку доцна се сетив сега сум 24та недела, ќе ме фати трето тромесечие додека положам
Цела бременост возев. Сабајлето сама си бев на цтг, додека си дојдов дома ме фатија болки па го викав мм од работа да ме носи.
Во врска со возењето, цела бременост возев , 4ти месец и 8ми месец имам пројдено над 1000км со кола до Мк и назад во Гр возев се до пред 1 недела пред да се породам (до 35тата недела )
Возев скоро до крај. Баш му викав на мм дека сама ќе си одам на пораѓај, ќе родам и ќе се вратам (за третото ова). Со другите не возев.
Не возам, кога останав бремена прекинав. Не ми се вози по Скопјево, не сакав да се нервирам со сообраќајов. Ме вози мм кога може, одам со такси ако е подалеку, пешки ако е блиску.
И јас возам секој ден по 60 км на работа и до дома 23+1 сум моментално до 12та недела не возев бидејки многу ми се вртеше а и генекологот ми рече дека за почеток неморам,возам и на подолги релации немам мака
Исто. Во првата бременост возев до сам крај, и на работа одев до крај скоро, и секој ден ми беше стрес во сообраќајот со оглед на нашата “култура”. Овојпат решив да се поштедам порано, не возам уште од 7-ми месец, освен некои кратки релации чат пат. Мм ме вози најчесто, а реално и ептен тешко поднесувам вожња во кола оваа бременост уште од почеток, не знам зошто. Можеби заради мачнините.
Даа, зошто да не? Ќе те видат трудна, ќе речат ајде нека иде Се зезам, ако имаш нормална бременост и ок се осеќаш слободно. Јас возев до крај. Последен пат кога возев, идев на цтг бев 41 недела, огромна. Веќе не ме собираше во кола
Јас и на пораѓај сама си се возев. Самостална жена, со пукнат водењак и маж ми на совозачко седиште си отидов во Чаир. Малце го имав бутнато седиштето наназад заради стомакот, ама не ми беше мачно да возам. До последен ден идев на работа со кола.
Јас цела бременост сама си се возев ама јас си сакам да возам и убаво ми беше. Е сега за пораѓај со пукнат водењак сепак на маж ми му оставив вожњата да ја обави
Од самиот почеток возев. Мразам да малтретирам луѓе да ме земат и враќаат. Татко ми малку се буни зошто возам некогаш и Гевгелија-Штип, и обратно, ама не можам поинаку. Сега сум 24+2 и последните две недели немам возено бидејќи сум без кола. Пеш си акам низ Штип или со такси. Кога сум кај вереникот,ме замараат да не возам и тој и свекрвата. Колата ми стои пред куќата, а они запнале они да ме носат кај треба. Еднаш им се развикав и им кажав да не ме прават инвалид кога се осеќам способна и сакам да си завршам работа некоја ќе си одам со кола. Бесмислено ми е некој друг да ме носи мене на кафе, па после да ме земе и да кажувам да застанува на 100 места бидејќи мене ми треба нешто. Така барем се штедиме од нервози, си возам полека, си застанувам кај треба, си терам како јас сакам.
Јас возам,кучето кај мајка ми секој ден одам да го шетам. Првите два месеци повраќав и во кола на 5 мин па малку не возев,сега од дома до кај мајка успевам да не повратам па си возам. Уште немам некој стомак, а понатака не знам дали ќе ми смета,ако смета нема да возам.
Si vozam normalno 22 gn sum. Svekrvata me iznervira strasno na pocetokot mi iskomentira kako ke vozis toa e napreganje, a taa ne e sofer od kaj znae. Baska kolata ni e dzip automatic sama odi i trista senzori ima Se slagam za poniski zeni deka moze da e nezgodno ako e stomakot epten do volanot, taka i jas ne bi vozela ama da me praat invalid i zavisna nekoj da me razvozava ne prifakam
Јас сум ниска и морам седиштето понапред да го туркам, сега 8ми и 9ти месец не можам поради големиот стомак ми удира на воланот. Иначе во почеток на бременост секаде возев, многу ми е досадно ко ќе се сите на работа а јас сама дома, колата стои така не можам да ја возам.