Ам не гледам ништо пред стаклото ако го дигнам Уште малце и ќе си возам пак. Бебле позади ви транспортер и ќе се шеткаме на шопинг двајцата.
Девојки јас сум 32+4 и веќе некако неможам да возам,бебево го осеќам многу ниско и ме боли стомакот доле кога седам поисправена,кога возам....нормално ли е во оваа недела вака да чувствувам,нели е некако рано за вакви болки? Има искуство некоја да сподели?
Јас за 2 дена сум 32 уште возам,се осеќам дека можам.И синчето цело време со мене. Мене бебе ми е високо ама сепак имам болки во препони и ниско на стомак.Кога ќе треба да станам од седечка положба ми е тешко
Многу ми е тешко да возам. Не гледам ништо, многу ми е заматен видот. И дека притисокот низок, многу лоша комбинација. Имам добри и лоши денови. На работа гледам да одам сама, само доста ми е далеку, а некогаш мм ме носи ако му е и него патот натака. Некако се комбинираме
И јас прашував за тоа и баш полицаец прашав...никаков закон нема за трудници,ни за каиш ни за неделиве
Јас пак воопшто не ставам каиш и викам ако ме застане полиција ке му речам дека ми смета зошто сум бремена И казна ке си јадам плус
Законот за задолжително врзување на појас важи за сите. Трудниците не се исклучок, затоа и нема посебен закон. Казна за неносење на појас е 40 евра за возачот, 50 евра за совозач.
Барам дополнителен каиш за трудници, за возење. 7ми месец сум, ама ќе си возам до крај сигурно Гледам дека ме потстега малку каишот, и знам дека има посебен додаток за каиш за трудници. Барам низ сајтовите во Македонија, ама не можам да најдам. Дали има некој од овде купувано, и од каде? Или да нарачувам од страна дури имам фора.
Ако мислиш на она што се става да го држи каишот надоле према нозете наместо баш под стомакот, тоа ич не е безбедно. Не дај боже направиш сообраќајка, ќе ти ги скрши коските на бутовите. Каишот мора да лежи баш на карлицата за да биде ефикасен.
Нарачав синоќа вакво, ќе ми го донесат од Полска. https://rpstore.pl/products/adapter-do-pasow-bezpieczenstwa-dla-ciezarnych Барав овде, ама не најдов... Инаку си лежи на карлицата пак, само не притиска на бебето толку. Читав и овде https://www.besafe.com/gb/safety-tips/about-pregnancy-belts/adac-tests-pregnancy-belts/
Јас мислев на нешто вакво. И на сликава се гледа како лошо стои на нозете во споредба на ова ти што си го порачала.
Јас возам се уште,9ти месец сум ,каишот ми е закопчен на седиштето пред да седнам,и после го префрлам само тој горниот дел преку рамо(кај градите што оди) тој доле ми испаѓа зад грб,не е правилно но неможам инаку,ме стега точно на стомакот
Така најпаметно, не е баш сигурно иначе да се става каиш врз стомак, имам гледано слики дека недајбоже при сообраќајка може сериозно да го повреди бебето. Јас не ни ставам појас
Ама при сообраќајка ако се повреди трудницата исто така е многу сериозно за бебето. Возење скроз без каиш, дури и да те удрат со не многу голема брзина, можеш со стомак право во волан да се удриш. Јас со двете деца нормално врзана возев до крај, иако бев со огромен стомак вториот пат.