Добро сега недај боже , ама при мала сообраќајка при мало чукнување со некој ако немаш каиш нема ништо да биде,ама ако имаш каиш каишот се закочува/затега и може поголема беља да стане.
При потчукнување нема ни каишот да затегне. Ако си убедена дека подобро ти е без него, терај. Ама имам две сообраќајки преживеано, двете не повеќе од 70км/ч, па од едната рака скршив и колата беше пратена во отпад. Другата беше со 600е штета. А со 70 редовно низ град возат. Да не сум била врзана или да сум била трудна, којзнае што ќе беше. Правилно врзан каиш секогаш и во секоја ситуација е подобро од било која алтернатива.
Да да , закочува каичот и на лошо кочење. Секој за себе си гледа што е подобро, а каиш на стомак не се става и никако не е подобра варијанта. Како членката што пиша погоре само горниот дел од каишот да е над рамо да, ама долниот дел да ми стои на стомак не би ставила, попрво нема да возам него ли така со каишот да возам.
Без каиш е најопасно, без разлика што си трудна... Погоре во коментар имам напишано каков појас купив за трудници, го користам секој ден. Денес влегувам во 40та недела, уште возам секој ден и со тој појас сум. Без појас не би возела, ни на крај памет...
Има на интернет како треба да се става каишот, под стомакот. Во секој случај е подобра варијанта од неносење каиш, има сообраќајќи и со 30-40 да те потчукне под лош агол е доволно за да се направи белја.
Не можам да замислам да седнам во кола без појас, ни напред ни позади. Активно возам и ќе возам до крај, јас повлекувам малку наназад седиште и го спуштам седиштето, да не е натегнато до волан, така не ме стега воопшто.
Ne e bitno dali vozis 5 metri ili 50 metri, dali si truden ili ne si.Isto kako od doma sto nemozea bos da izlezes taka i vo kola bez kais ne se sednuva.
Купив екстендер ама сеуште немам потреба да го користам, немам ни некој стомак реално 26та сум, лесно го местам каишот под стомак. Може и дека повисока кола помага подобро да се наместиш. Немам седнато без каиш ни кога не бев трудна, а уште помалце сега. Се надевам ќе успеам вака активно да возам до пораѓај.