Труднички муабети

Дискусија во 'Бременост' започната од meU, 23 јули 2012.

  1. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.004
    Еве женски, тема за сите сегашни, идни, а и поранешни трудници.
    Совети и искуства од сите ни се добредојдени , а оваа тема нека ни биде наменета за секојдневно дружење, да не ги полниме другите теми со се и свашта(такви сме ние трудниците , се ни паѓа на памет во секое време :lol: )
     
    На alfa1250, makgirl, danielahani1 и 4 други им се допаѓа ова.
  2. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.762
    Допаѓања:
    6.853
    лелее каква коинциденција, само што ве читав во претходната тема и се мислев за наслов што да пишам и ми текна истиот ``труднички муабети`` :) и таман да ја отворам темата ко гледам си ме преварила :doh: Браво, ми се допаѓа, па ете може да си споделуваме искуства , совети и општ муабет од нашата доба :D
     
    На DigY, danielahani1, Pufce27 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. m1lani

    m1lani Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2011
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    21
    Jas sum vo 29 nedela ovie dva dena imam strasen problem so zeludnikot. Premnogu me boli imam kiselina me pece se sto ke probam da jadam tesko mi e od se, kiselina imam uste od pocetokot ali se izdrzase ama ovie dva dena kako zar da imam na gradite. Kzete mi nekoj sovet.......
     
  4. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.004
    Мицика и мене ти викам ми се познава од 9недела, цело време си имам меше, но онака прав труднички дури во 16-17недела добив . А за градите да не правам муабет, одсекога сакав големи , а носев градници 80(број), пред два месеца купив нови, зошто тие ми станаа мали, и тоа број 90. А од пред 4дена и овие ми се мали :^) па не сакав толкави гради, доста е веќе :rofl:

    Ивановичка ич не му се замарај тоа што си сонувала се штетници, некој ќе сака нешто да ти наштети, а ти од старт отерај го у п м :lol:
    Само совет од мене , е да не се форсираш со работење, одмарај до 16недела барем, уживај.

    м1лани изгледа нормални се киселините, јас ги имам веќе недела време, ми жежи желудникот :?: лек незнам некој посебен освен што ми викаат да спијам на повисоко, демек помагало. Ова бебушките ќе бидат со коса изгледа, ако е точно што викаат старите :lol:
     
    На Kiki. H, bejbii, danielahani1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Eleonorastrumica

    Eleonorastrumica Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2010
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    167
    Значи искуство од мојата бременост,отидовме на гиниколог некаде мислам трети месец ако не бев ,јас претходно дома чистев правев (генералка) и така некако тешко ми беше бебчето го осеќав многу доле ,кога и да се движев мислам дека едвај одев како да ми испаднеше одоздоле,и гиникологот на прегледот рече дека многу ниско е поставено и да не дигам тешко,да се одмарам и да немаме ништо,и ние се погледнуваме со маж ми и не знаеме што е тоа да немаме ништо хехехе(ние и така немавме ништо од кога останав бремена)ама ајде де дека ќе ни текне дека тоа е за секс,дури кога си отидовме дома ни текна што е муабетот и слатко се изнасмеавме двајцата,и така цела бременост од страв ние немавме ништо,а моето бебче кога се искачи угоре абе никако не сака да се симне надоле обратен случај,така си чекав чекав,според еден гиниколог една дата според друг друга,според мене трета и со го надносив квалитетни две недели три според нив според мене една и среќа во целата несреќа е што остана жив благодарение на ,, добрите гиниколози,, во нашите болници
    Леонотина ако многу ти надмине термин закажи си царски,јас така се изгорев сакајки природно цело време не сакав царски па ќе си го изгубев детето
     
  6. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.004
    Пак јас :$
    Абе женски а имате осетено трпки во нозете, ама така по цела должина, како да ве боцка нешто???
    Ми се случува веќе неколку пати кога стојам ?
     
  7. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    541
    јас имам така осетено, ама исто забележав и дека левата нога ми се здрвува понекогаш, ама сигурно е нормално :?:
     
  8. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.103
    Нормално е да се случува. Мене за ова ми ја зголемуваа дозата на магнезиум.
     
    На meU му/ѝ се допаѓа ова.
  9. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    6.205
    Пол:
    Женски
    Идни мамички, многу сте ми интересни. Цела тема ја прочитав. На слатки маки сте си :)
     
    На irenadaniel, bejbii, tijanaaaaa и 4 други им се допаѓа ова.
  10. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.004
    Е баш ти фала , ај па придружи ни се и ти наскоро :)
     
    На danielahani1 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.363
    епа ајде и јас да ви се придружам..
    незнам што се случува со мене ова е веќе 3ти пат како се разболувам за време на бременоста.. aјде ке помине и тоа туку , се израдував вчера бебчето ми пораснало сега за сега сме 1806гр. и многу сум среќна.. Едвај чекам да го видам и да се гушкам со него :) :) :)
    Инаку на почетокот и јас многу не го осеќав ама затоа сега си надокнадува..
    а во врска со неделите треба да сум 31 а главата одговара и за 33 , стомачето за 30 , а нозете за 32.. докторката ми рече дека се е во ред само стомакот бил по мал, ама не е ништо.. изгледа ке си биде слабо како татко му :D

    Поздрав, имајте убав ден и со лесно нека ни е на сите мамички :)
     
    На danielahani1 и meU им се допаѓа ова.
  12. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    6.106
    Допаѓања:
    31.109
    Пол:
    Женски
    Јас сеуште не сум бремена, иако со душа го чекам тој момент, многу ми е магично сето тоа, што рече некоја од вас секогаш ќе си имаш другарче. Е сега не сум искусила на своја кожа, но на сестра ми бременоста од трета недела, во која ја открија, се до породување бев итекако присутна, па можам да кажам дека се чувствувам спремна и знам се што треба да се знае. Сестра ми имаше патолошка бременост па ја проследивме со малку повеќе внимание, со пообилна исхрана и со многу пазење и мазење, во последните 3 месеци и се преселив кај неа за да и помагам, на што сум и бескрано благодарна бидејќи бев присутна во животот на внука ми од раѓање до пред неколку месеци, моето сонце порасна со мене до својата година ипол и нешто повеќе. Од витамини пиеше фолна, аспирин, магнезиум, Ц витамин и Мамавит, имаше многу грчеви во мускулите затоа и ги препорачаа магнезиумот, фолната е нормално нели, аспиринот и вит Ц бидејќи имаше малку крварење на почетојот, ставаше и некои вагиналети и на почетокот пиеше и едни хормонски таблети, се на се беше доста комплицирано. За флуронитрил демек и кажаа зошто не пиела ама малата пиеше после тоа така да немаше проблеми, и сеуште нема. А внука ми, тоа е посебна приказна драги мои, тоа беше најзабавното бебе во меше, икаше ко луда, зензаше на Карла Бруни и беше страшно инаетлива, што сеуште не е променето некако, на ЦТГто сестра ми уште слон што не изеде таа по нејзино си се сврте и ни ту ни бе, мрза, цела е на татко и :lol: Пред недела дена наполни 2 години и сфатив дека таа е мојата најголема гордост, едноставно ја обожавам :inlove:
    До моите труднички муабети ќе ве советувам од искуството од сестра ми, може ќе ви се најде ;)
     
    На karibian, Saraa, svetkicka и 3 други им се допаѓа ова.
  13. leo-n-tina

    leo-n-tina Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    449
    Допаѓања:
    365
    На ова буцково мој не му се излегува ,си ужива вчера бев на цтг немам никакви контракции се е ок има доволно плодова вода и тежи 4кг ,и викам на др а ова со царски ке биде ,а таа вика немора да значи господ на помош ке видиме како ке биде .И денес ми остана денов да си чекам .

    Од витамините јас освен Прегнезол,вит Ц,пиев и Остеркер и магнезиум ама не шумечи туку на Витамакс таблети.
     
    На danielahani1 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Micika80

    Micika80 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    279
    Леонтина, на сестра ми и течеше плодовата вода и закажаа попладнето царски рез. Дента не беше отворена ни 1 см. Во рок од неколку саати пред да почне операцијата, бебушот како да знаеше и се спреми и си излезе со екпресно породување. До ден денеска се чудиме, додека дојде термин за операција, бебето веќе си лежеше во соба со мајка му :) Кога ќе си реши, тогаш ќе си излезе :D
     
    На danielahani1 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.311
    Допаѓања:
    1.060
    Не ќе е на арно по литар густи сок пијам на ден плус кило овошје.
    Ако продолжам вака ќе биде изненадување, глукоза во крв на следните анализи 10!!!!
     
  16. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.004
    Леонтина , машала, пораснати сте веќе :) ајде стрпи се уште малку , иако да сум на твое место сигурно би била бетер, а не пак некој да ми вика стрпи се :lol:

    cecilia каква глукоза какви чуда, на ова топло ако не се пие течност што да се прави. Се будам преку ноќ од што сум жедна, неможам да заспијам повторно без да се напијам нешто ладно и да разладам нозе, ич не му се секирај.
    Јас се се чудам на толку благо што имам изедено, шеќерот цел живот ми е во нормала пу пу пу да не се урочам :$

    Јас денес станав во 6 ипол, па пак си легнав накај 9, и си одспав до сега, па свежа и спремна ќе одам на факултет да пријавам испити . Се надевам конечно ќе успеам да одам на полагање. Минатата сесија си имав пријавено, но не отидов зошто имав крварење па мораше да се лежи, но сега планирам и за минатата да надокнадам :devil:
    Има некои друг мешко студент, да ме дружи или единствена си останав :angel:
     
  17. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.363
    Леле јас на секои 2часа се будам , а додека да заспијам се вртам 100 пати и бебушов ми се лути само ме клоцка.. :)
    Инаку мене мешето не ми се познаваше до пред некое време, бидејќи сум полничка ама затоа сега се познава многу убаво ... :)
    ее се сеќавам кога бев во 12 недела на преглед и докторката ми вика 12 недела си имаш уште многуу и јас цело време си мислам леле па не сум ни до пола кога ке стигнам јас до 40та недела, а сега се чудам како толку бргу ми помина времето , уште некоја недела па ке го очекуваме во секој момент.. :) :) :)
     
    На bejbii и danielahani1 им се допаѓа ова.
  18. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.004
    Навистина брзо минува времето.
    А како сум се изнервирала пред пола саат, се слушнав со роднини, и знаат дека треба повеќе да лежам, па ми викаат “ај не се секирај може седмиче ќе биде“ WTF , сум се мачела до сега за некој да ми го каже овој муабет, па што не е ни стручен :@ Ама збудалена сум, викам г’зот да ми го јадете сите по ред. Има на глава да одам ама до 36недела не се даваме :devil:
    Па не ми е јасно како може да постојат толку луѓе без осет :envy:

    Инаку приметив дека после 5-10мин стоење некако ми помодруваат нозете, а на места како бело(незнам како да објаснам, не е апла бело, туку онака розево -бело, боја кожа) ми останува...
    Јас мислам дека е од задржани течности, но не изгледа интересно :?:
     
    На danielahani1 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.363
    Е тоа ти е што уште нема да слушнеш и да видиш, и мене ми правеа такви муабети ама златен ИГНОР.. не се замарав воопшто со ништо гледав само бебуш да е ок...

    А најголем страв ми беше да не се здебелам многу се од тоа се плашев ама за среќа до сега само 5кг сум се поправила , а стрии имам за извоз ... па едвај чекам да се олеснам и да се средам малку...

    Инаку ми се чини или годинава доминираат женски бебенца .. :) кого и да прашам сите женско носат :)
     
    На meU му/ѝ се допаѓа ова.
  20. ivanovicka

    ivanovicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    220
    Meu не им обрнувај внимание на зли јазици и јас си го имам тој проблем а уште ни до пола не сум стигнала. Ако ги слушам сите нив до пораѓај господ знае што се ќе се изнаслушам. Само уживај си и релаксирано и не му ја мисли многу многу за т.н стручњаци ги имаме сите ние во нашиове труднички животи. А за нозете може да е од течностите а може и да е од топлово време па можеби ќе ти биде подобро да пробаш да ги држиш качени и да избегаваш подолго стоење. Јас денес приметив на левава нога потечени вени како топчиња а на двете нозе на неколку места испукани вени. Чудно веројатно од тежина (иако се немам здебелено воопшто сега за сега ) или од нешто друго,појма немам, досега не сум го имала тој проблем иако сум со поголема килажа.
    Е сега може баш таа килажа прави да не разликувам дали е ова салско или трудничко меше. А може и таква ми е бременоста да не осеќам ништо посебно и многу различно од претходно со некои мали исклучоци.

    Одмарај што повеќе можеш и избегавај стоење на нозе освен ако не мораш, кога ќе дојде време и ќе се изнастоиме и изнаработиме, сега може малку да одмориме .

    Поздравче
     
    На danielahani1 и meU им се допаѓа ова.