Незнам како боцка редовни пациенти, ама ова не да болеше, не да печеше…и откако излегов уште 5 мин ме болеше. А ми ставале клексани после операција и не болело ич.
Ауууу никако. Он е таква паника за вакви работи, така што не не не. Цел ден ми збори за модрицава и целиот потресен, па уште да ме боцка. Ќе почнат раце да му се тресат
Како се справувате со несоница? Мислев ќе ми се регулира но ова абер нема. Значи дали ми се фаќаат 2, 3 часа сон. Остатокот од вечерта се превртувам во кревет, дремам на прозор, идам по сто пати во тоалет и така се додека не се раздени Тек кога ќе изгрее сонце накај 5, 6 дремнувам еден, два саати. Како ќе се тера вака не знам и ид што може да е несоницава. Пред спиење обавезно зимам магнезиум со б6.
Нема да ти е утеха, ама кај мене баш долго си трае. Од 5-6 до кај 9 имам да кажам добар сон. Остатокот…можам да ти набројам колку коли поминале, колку пати кучињата ќе залаат, кога комшијата го шета кучето, што имало на добро утро македонијо ( ова реприза има сред ноќ де), како е убаво надвор во 4 сабајле…и така се по ред. И како да се наспиеме пред да се роди бебе?
Јас другите витамини баш ги пијам како ќе се сетам, ама за фолната така ми е страв дека Јани ми рече секој ден од 1000 и тоа А имаш исти мутации како моите? Јас сум 24+6
Последно кај матичен гинеколог бев во вторникот 28.05 на 9+2 од циклус а по ехо точно 10 недели. Од прво ехо на 6+2 сум секогаш 4-5 дена напред. Денес како што пишав имав бубачки во мозокот и закажав прв пат ехо во приватна клиника во Битола, не сум од Скопје, кај докторка што не ја знам само колку да ме прегледа и според нејзините мерења ми рече дека сум 9+6, толку сум по циклус. Како и да е за две недели сум на прв скрининг а во меѓувреме чекам рез од пренатален. Морам да се опуштам и да уживам многу се напнувам демек оти со ивф нешто ќе се случи. Го оставам телото да си го направи своето секако и бебето да си се избори, да си расти и напредува. Покриена сум со терапија и сега само добра мисла.
Па позади на спојлерот. Ја се боцкав во стомак до пред 2 3 недели ама откако се оптегна му дадов на маж во раце да ме боцка, лом сум, модрици цела.
Барем спремни, истренирани со неспиење ќе бидеме здравје кога ќе се родат бебушите Да си направиме посебна група ние што дежураме навечер, па да си се занимаваме со пораки
Истренирани не да ќе бидеме. Еве ме средив една машина, си пуштив друга сега. План за готвење направен.
Дали смеам сода бикарбона обична за киселини? Заборавив дека немам апчиња повеќе и не купив, а ова вечерва не се издржува
Да, смееш. И јас си дежурам. Во првата бременост исто еве и сега пак. Хормониве се чудо. Си велев мозокот се припрема за будење па на три саати јас се будев уште в стомак ко ми беше првото, па после си продолжив само со аларми оти ова машала уште ми е спанко немавме мака со неспиење ич.
@Flower5555 @Laura7 @BellaBibi етерично масло, дифјузер, нешто? Па и немора дифјузер, во морска сол на неколку дена се капнува и си мириса, има нежни мириси кои ќе ве смират. А има и одредени кои баш ќе ве поспијат. Јас немам проблем со спиење, баш напротив мислам дека се изнаспав за секоја ненаспиена трудница. Ама имам вечери каде што не спијам у последно време. И еве ви хинт што ме смирува и заспива. И мм има заспивано без фрка со етерично а он е човек што одвај заспива.
Јас приметувам такви мали детаљи, и од пред некој ден викам, ааа ќе дое бројката, најс. За арно за убаво Можеби ти е така зашто бебе ти притиска кај папокот па со движење ти се истакнува и повлекува ... Нели таму ти е сместено бебле оваа бременост. Само позитивна мисла ајде