За децата можеби не е, ама за трудници не би рекла баш дека е наивен. @prinstongirl2 можеби поарно што малиот не го фати додека бебе беше сеуште во меше.
Не е толку паника и за трудници, после прво тромесечие. Се пренесува преку ептен близок контакт, кивање, кашлање директ во фаца или преку секрет.
Јас мислам дека ова со лева и десна страна нема врска, јас сум само со лева туба десна немам, значи сигурно останав бремена од лева страна па носам машко
Nesum znaela za urmi deka nesmee.Jas na pocetok na bremenost me fati tvrda stolica i hemoroidi.Receptot se jade po edna lazicka dnevno a ide 150gr urmi i 150 grama suvi slivi so 300 ml voda,se varis dodeka nese izednaci smesata.
Вирусот воопшто не е наивен за трудници.. Јас пред две недели имав паника се видов со внука ми на некои 40 мин немаше некои гушкања, мазења генерално зошто се пазам, наредниот ден разви осип за што се воспостави дека е парво, и другите две деца на сестра ми префатија.. јас за среќа ок сум, се мислев дури и да проверувам антитела. Инаку вирусот може да предизвика анемија на плодот, течност во бели дробови итн.. Јас би советувала сите трудници да се припазат периодов, внука ми немаше ниту еден друг симптом освен осипот, многумина го третираат и како алергија не знаејќи дека е вирус..
Апсолутно се согласувам. А очигледно периодов е раширен вирусот зошто повеќе се пожалија на осип кај дечињата. Некои и поима немаат дека е всушност вирус, препишуваат на алергија. Треба чување во секој случај.
Особено што малите деца полесно го поминуваат односно повеќето други симптоми немаат освен осипот а од она што го прочитав од моментот кога ќе се појави осипот веќе на заразуваш, така да најдобро е кој колку може да се припазува од деца кои одат во градинка/школо барем периодов..
Другарка ми лани беше бремена и беше на строго мирување од 4 месец до крај. Во текот на бременоста матичната и рекла да избегнува благо и она за да не јаде чоколади, сладоледи вика секој ден јадев по 5 урми па може третина од бременоста, буквално секој ден. Откако се породи на некоја од утринскиве емисии слушнала дека урми не се препорачуваат во бременост, а вика јас толку урми во 3 мои животи не можам да изедам колку што изедов тогаш, не знаејќи дека не се препорачуваат. Јас лично мислам дека повеќе се без веза муабети овие за урмите и ананасот ама не јадам секако превентивно.
Незнам дали се сериозни и кај кои гинеколози одат што даваат вакви мислења. Прво и основно ....жената има само у . Мажот носи и, х и у. Секогаш единствено од мажот зависи каков ке биде полот. Односно не од позата и слични глупости. Туку кој му е доминантен. Ова го знам зашто другарка ми правеа тестови кои го покажуваат ова. Они имаат 3 женски. Кога направија тестови ,излезе дека кај маж и е подоминантен женскиот .
Ајт наздравје ^^ Обврски триста имаш, ама и не знаеш да одмараш. Земи легни малце одмори. Ама па те разбирам сакаш да им го посветиш времето пред да дојде бебле... А и те има фатено и тоа спремањето за бебе, не ти се седнува. Ја на пример во 5 станав ама уште 2 пати дремнав И на крај се успав хахаха Вода после 7саат прекинав да пијам и не станувам навечер
Како да се допазиме кога нема никаква најава вирусот. Зар тие со деца што имаат нема да ги гушнат, утешат ако плачат? Еве си била со внуци, бев и јас со внукот. Во маркет влегуваме исто така. Јас и пишав веднаш и на матичната и ма др од Гак, двете ми одговорија да не паничам, дека 99% се пренесува помеѓу деца.
Истото и мене ми го кажаа, ама сепак не е на одмет како што пишав кој колку може да се припази, зошто не е сеедно кога ќе прочиташ што се може да биде.. кај оние со свои дечиња е најтешко и секако дека е невозможно да држиш дистанца.