Не се чита , зошто сешто може да пишува. Консултација со доктор за најмала мисла и недоумица. Среќа сега топло иде, па повеќе на отворено сме сите. Ама тие по дома идат на работа, идеме во маркет. Само да не чува Господ сите.
Секако не треба да се чита, тоа е мислам нешто најлошо што постои, зошто во врска со болести, арно ништо нема да прочиташ. А за консултација со доктори, мислам дека немаат премногу информации за вакви случаи, секако доколку недај Боже се потврди зараза кај трудницата, освен да следат почесто на ехо, друго не верувам дека може да се направи. За во затворени простории, маркети и слично, можеме и со маска да завршиме работа и тоа е тоа. Господ да не чува на сите.
Има жени што веруваат дека гинеколози погодувале, имам слушнато неколку такви муабети за еден гинеколог. Ја не знам , такво нешто прв пат слушам. Од мажот зависи, ни ден ни поза ни храна не помаже xD А кај се испитува ова сп кој хромозом доминира, да го пратам маж ми, изглеа му доминира Y хромозом увек, xD
Девојки сега на бришење имав како некој густ секрет поголема количина како жолто зелен..дали е тоа мукизен чеп Доколку може некоја во дм да ми пише за да и испратам слика да види и да ми каже. Инаку сега на 4/5 ми е термин.
Супер, јас денес бев во контакт со детенце што имаше осип, му течеше носот и никој никакво предупредување не даде, демек ништо не е беа сите околу. Ќерка ми беше во поблизок контакт, во смисла си играа со истите играчки, ама не се допираа, а малово цело време бришеше нос со рачињата. Господ нека ми е на помош, прочитав наводно дека штом излезе осипот, детето веќе не е заразно, ама ќе пукнам од мака сега.
@HeLenna искрено до денес не ни знаев дека има вакво нешто. Сега тука прочитав, па гуглав и тоа што видов на слики беше како кај детево денес што го видов. Па најпрво на образите, па потоа и на екстремитетите. Мрежесто црвенило, барем така изгледаше кај детенцето, а на нет исто видов и како со пликови, веројатно зависи од реакцијата на кожата. Јас тука прочитав, па според тоа што најдов на гугл, се совпадна со осипот што го видов кај детенцето. Тоа е што е, ќе се надевам дека нема да не фати по дома.
Дека наеднаш испаднаа повеќе случаи наеднаш, искрено до скоро и јас немав слушнато за овој вирус... Позитивно кај тебе е што контактот сте го имале на избиен осип, а наводно тогаш веќе не се пренесува вирусот.
И јас превентивно ги избегнував цела бременост и сега во 38ма недела на цтг ми се погоди др. Кировски и му викам докторе ќе се фрлам сега на ананас и урми нели за полесен пораѓај демек, а он цел во прашалници ми вика а зошто до сега не си јадела? Викам па така сум прочитала по интернет дека не се препорачува. Он цел збунет вика што нема по тој интернет да прочитате веќе
Јас 6ти месец кога бев, си правевме со мм забавичка за матичното. И од тоа овошните даски изедов скоро цел ананас
Ај утешете ме, се смируваат ли во втор триместар хормоните малце? Два три дена бев супер денес многу down се осеќам се изнаплакав. Разни мисли имам, од тоа каква мајка ќе бидам па како ќе се снајдеме со маж ми, дали ќе сум нервозна, па кој ќе чека до декември да се породам. Жива не сум до прв скрининг.. Имам чувство на вина што се осеќам вака дури на моменти плачам зашто ми е криво што не се осеќам среќна. Се осеќам како да не и се радувам на бременоста.. дури не знам ни да објаснам. 10+2 сум