Секој различно мила, не се споредувај. Јас во прво тромесечие освен на првиот скрининг и пренаталниот, не помислив на ништо друго, важно ми беше само бебето да е добро. А каква мајка ќе бидам и сега во 34 недела не сум помислила на тоа. Нема правила тоа, сите сме си различни.
И јас си јадам Умерено, нормално. Имам јадено и урми и ананас. Инаку со второто урмиии тон, ананас, сок од ананас и не се породив ниту брзо, ниту полесно Ја надносив 8 дена. Плус движев, активна со 2г дете по дома, ама ете нема правило.
Иста сум и јас, прееска плакав за некоја глупост на тв не се ни сеќавам што беше. Влезе маж ми во собата јас почнав да плакам, од памет се извади човекот Не дека не сум среќна, ама после се што поминав јас се плашам да се израдувам и цело време сум под штрек….
Кај нас црвенило покрај ушина прво , рекоц нешто нечисто допрел, или од брадата на маж ми знар да се уцрви.. ( не сум слушнала никогап за тој вирус) ама др ден повеќе за вчера веќе да е изразенп, црвени образо, по рачина, меше ... бебе ми е некои си 10на дена ..господ нека ни е на помош оти ќе полудам од грижи..имало во градинката веќе две три нед и нај се нервирам ото незнаат да кажат, обавестат....господ нека помага
Mariz те читав баш некаде дека првото го имаш родено природно а второ царски, зошто беше царски Јас првото исто природно а второ мислам царски таков осет имам
Како може така, две три недели знаеле па не споделиле информација. Сачуј божееееее! Инаку и јас деновиве приметив таков мрежест осип на дечиња ама не ми беше јасно што е, дури денес прочитав тука. Со лесно нека ви е, и се надевам дека лесно ќе се помине све
36ч напукнат водењак, 8 дена надносена. Примив провокации после 33ч напукнат водењак и во тие 3ч (од 6ч сабајле до 9ч), се искакала (првата кака - мекониум) во мене. Ми истече катран плодова, буквално црна кога ми пукна скроз водењакот и за брзо тонови почнаа да и паѓаат на бебка. Со трчање, немаше време ни за инвалидска количка. Спремна сала за друг закажан царски, а ме земаа мене... Бев само 2 прста отворена, а немаше шанса да ме чекаат. И така она се наголтала и малку вдишала, ама на кислород одма и дупла доза антибиотик венски среќа за брзо пркна. Доста зезнато е мекониумот... Иако сакав природно, така требало да биде... Сега не би чекала, не би надносувала. Ако до термин не излезе, ќе си барам царски.
Иначе знаат на врата да кажат на маж ми се скара, турна дете, му зеде играчка, чудоооо деца се за што се таму... а вакви работи не споделат... па има бремени, има со бебина дома.. родителите ке си се изолираат и децата тие што се плашат ...еве ја сега како да сун мирна ..од ко си дојдовме од болница се плачам и се нервирам
Да јасно ми е знам какви мрчољони се тие воспитувачките, имам доста познаничка што ми споделуваат вакво искуства од градинка што ги замараат за глупости. Ама ова што не споделиле ваква битна работа навистина не е фер. На еден родител барем да му кажеле или па тие родители да пишеле во група... сигурно имате група... Каква несериозност... Јака ти душа Олабави ти малце, и бебле и дете осеќаат све. На арно нека е
Па ти мила како бремена, не се доближувај многу до дечињата, може и на возрасни да се пренесе. Чувај се.
Оффф, па вие сте се изнамачиле со бебето, и долго те чекале.. фала му на Бога што сте добро Стварно секоја бременост е непредвидлива, јас првата во 7от месец почна стомакот и тоа малце да се познава, е сега овој ми е од 5ти голем а некако е надоле имам голем простор од градите, јас мислев дека кој користи еутирокс и има проблем со штитна не раѓаат природно, или тоа нема врска
За излегување од болница за крај на Јуни/почеток Јули каков сет би одбрале на долги или на кратки? Ова ми е голема дилема и сите тие сетови за бебе се со долги..па незнам што да земам ако веќе земам на кратки и од каде
Уште недела дена ќе влезам во 7 ми месец и не душо, нема да се смират хормони, туку ќе ти збеснат. И нормално е. И нормални се сите тие мисли, особено ако е прво бебе. Јас заплакувам дека бебе ќе има грчеви и дали јас ќе можам да го смирам и да му погодам капки за ублажување на грчевите. А секое бебе има грчеви де. Секоја мајка го поминала тоа и издржала и поминало. Ама мене тоа ми е мисла. Па се потресувам дали ќе го слушнам кога ќе плаче, а јас спијам. Триста мисли ми поминуваат. И не се осеќај виновно. Нормални се сите тие размислувања. Ќе имаш и изливи на неопислива среќа. Променливо е расположението и не си ставај товар.
По долги. Сепак е новороденче. После некое време ќе го расоблекуваш. Ќерка ми е 15 август ја вадев горе по долги, доле голи ночиња и чорапчиња. Батково следна недела ќе го вадам по долги шпикозни тенки.
Па мислам нема врска... Кај мене и со првото беше така, а тогаш уште не пиев еутирокс. Цервикс јак, долго грло многу, споро одеше отварањето... и него го надносив ама па не се покака он и ме дотераа за природно да излезе. И со второто ќе бев природно да не се случеше тоа со мекониумот.. и тоа мислам и подобро ќе поминев при раѓањето. Не требаше толку да ме остават со напукнат водењак.. со малку вода бев мислам останато и стрес имаше доживеано бебе, па се искака. Зошто кога пукна скроз водењакот тоа што истече од мене не беше многу вода (претходните 36ч ми протекуваше на секое, ама чиста... па затоа се има искакано во последните 3ч). Со првото памтам кога пукна оддеднаш скроз, тоа водопад беше Се разлеа од кревет и доле по земја... скроз чистичка топла вода Станав со грчеви во матка и не можам да презаспијам