Јас кога го пиев страшна станав во лице, огромни чудни бубулици... па почнав вагинално. Тука ми рекоа исто дека и подобро вагинално...
Денес бев на преглед на Гак 37ма недела и ми кажаа да дојдам за 1 недела треба ли да идам кај матичната за нов упат или нема потреба само да си одам на истото место наредна недела?
Види дали ти пишува на извештајот контрола за 1 недела ако пишува ти важи истиот. Јас идев на 4 недели ми пишуваше контрола за 4недели на извештајот ми рекоа само да го носам и со извештајот само отидов и завршив работа
Мене ми ги дадоа да ги пијам дека во моментот крварев... незнам дали ради тоа. Ама после кога прекина крварењето, продолжив вагинално...
Другарка ги пиеше пошо не успеа да ги става вагинално, она немаше нус појави. Кај секој различно. Ама подобро е вагинално.
Жени дека долго време сум на клексани, приметувам многу ми се појавија испукани капилари на нозете. Ваше искуство дали тие се повлекуваат после некое време?
Од самата бременост е... јас не примам клексани, имам капилари нови. Оно и од претходните бремености имам, ама од оваа гледам нови имам... кај мене не се повлекуваат. Кај пукнал, таму останал..
Женски јас се породив денес, дојде на свет моето второ бебенце Туку овде на ГАК ништо не ни кажуваат за бебињата, ни дадоа еден број но никој не крева. Од кога ја извадоа нит имам слушнато инфо нит ја имам видено. Барем утешете ме какви биле вашите искуства овде.. Испаничена мама овде Фала ви
Девојки денеска на контрола прв пат со рака ме прегледаа 1 прст отворена, додека ми ја ставаше раката ми рече ќе ти ја одвојам малку плацентата од матката да почнеш да добиваш контракции. Некој со такво искуство. Сега како да имам некои болки низ стомакот, малку ме пецка и половината, како вкочанета ми е. Дали од премисла дали стварно се случува. Терминот ми беше денес
Нифти и панорама ти се пренатални тестови, кои после 10та недела може да се прават. Тие се скрининг тестови, не се дијагностички. Доколку има ризик од некоја аномалија од пренаталниот или скринингот, се прави амниоцентеза за да се добијат точни резултати.
Ако ти е за утеха, јас исто до пред 2 недели, шо би рекле хормона до плафона. Де плачев, де се какви помисли, стравови, мачнини, без апетит и енергија.. ужас...откако заврши 12та недела, многу подобро се осеќам, благодарна на Бога. И апетит подобар, нема мачнини, хормоните си работат, но не се осеќам како да сум во хаос. Понекогаш и сами се стресираме без потреба, така да, опушти се, период е, нормално е, ќе помини и ќе биди подобро.
Честитики мами, живо и здраво да е . Барај од сестрите информација. Визита сигурно проаѓа. Дигни галама малце.
Да е живо и здраво. Додека си со катетар нема да ти го носат бебето. Откако ќе ти го извадат, после станување, отприлика 24ч, ќе ти го донесат. Не се секирај. Сабајле секако има визита и педијатар.