Не ни виде д димери и хемостаза. Он гледа само постелка и протоци и врз основа на тоа кажува. Еве искрена да бидам се чудеше колку лесно и брзо даваат клексани, за инвитро протоколот покриен со клексани од сам старт, исто коментарот беше "не знам што превенираат" кога сите имаат мутации. Д димерите и никогаш не ми биле проблем мене некаде околу 1000 беа последно, скратени се времињата. Димчев не ме ни праша колку се, само ми рече да ги прекинам. Не ги прекинав од преголем страв зошто ги примам уште пред трансфер да правам. Ќе му кажам најискрено дека ми беше страв да ги прекинам. Па ако сека нека ме избрка од ординација Во моментот не знаев како да изреагирам, ептен бев затекната. Се изначитав искуства за прекин на клексани и ниту едно искуство не најдов дека некој прекинал пред 38 недела, па дури и тогаш не, туку на закажан царски 24 часа пред царски, а за природно, на кој како му дошло
1 ili niedno na den. Odnosno 375mg ako ne zaboravam. Pa stomakot treba da e zategnat. Neznam kako mislis zategnat. Jas se cudam vo vtorava bremenost ne mi e tolku zategnatverojatno radi popustena muskulatiea od prvata, qmq so prvata bas optegnato kako balon.plus ako zemas i prenatalni vitamini i tamu imas barem 50-100mg magnezium
Еве јас сум случај кој секој ден живеам во страв дека ќе биде нешто со бебето а нeма да знам, само чекам да мрда и ќе ми олесни. Јас прво се водам како близначка бременост од кој едното ќесе е празно значи 2 кеси во едно бебе друго ништо и во 7ма недела проверив д димери и хемостаза 6000 скоро д димери и скратени времиња и таму на транс. ми рекоа 30 клексани со метил фолат од 1000 и плус б12 1000 до крај на брменост и дека сум со мутации : хетерозигот F13 и FGB хомозигот PAI-1 и MTHFR 1298 И по примени 60 клексани, Јани ми ги стопира вика, гледај со гин. Прави си поредовни еха на 2 недели и по тоа ќе се гледа ситуацијата на бебето и да пијам метил фолат од 1000. па сега последно ми беа мн лоши резултати и пак ќе вадам крв и сигурно ќе ми ги препишат пак дека со напредна бременост д димерите и хемостазата се полоши се
Максимално дозволено знам дека е 1000 мг. Е сега јас директ неможам да ги пијам, ми се гади од нив. Пијам таблети кои се по 250 мг. Сега за сега по едно наутро, едно навечер, по потреба ако многу сум била во движење и осеќам дека ме фаќа грч или стегнат стомакот зимам две таблети навечер.
Јас сум со мутации во претходната бременост пиев само аспирин не се боцкав, и ми го преќинаа во 34та недела. Сега се боцкам клексани заради проблеми со желудникот од аспиринот,треба да прашам до кога ќе се боцкам овој пат. Ама ако е добро се на ехо ете и порано ги прекинуваат, фала богу се беше во ред тогаш и со мене и со бебето 40+2 се породив, а претходно пред да ги откријам мутациите имав спонтан во 9та недела.
Кај мене високи димери, ама др вика, штом бебе расте и протици се супер, тоа ни е најбитно. Обично вика бебиња се малце поназад, а кај тебе е понапред. Се надевам дека на контрола добри ќе бидат и ќе нема да се боцкам веќе, зошто рацеве партали ми се.
Не мора да значи дека спонтаниот бил од мутациите, и јас имав спонтан па не беше од мутациите. Обично на два и повеќе спонтани даваат клексани, би рекла повеќе за секој случај зошто кај некои се причина за спонтан, но секако не кај сите. Аспиринот секако мора да се прекине порано од искуства што сум читала зошто за разлика од клексанот многу повеќе предизвикува крварење. Дури и порано од 34 недела го прекинуваат, некаде околу 30-31, до 32 најкасно. Од кога се боцкаш со клексани, од која недела? Баш ме интересира кога ќе ти ги прекинат. Мене многу ми е страв да ги прекинам, некако сигурност осеќам... иако Димчев уште луда што не ме направи зошто воопшто ги примам.
Од почеток се боцкам, пред бременост пробав да пијам аспирин ама никако неможев да го поднесам дури крварење имав во желудникот од него. Баш наредната недела сум за нови клексани ќе видам шо ќе кажат. Матичниот ми велеше и порано да ги намалам преку еден ден да се боцкам, мене ми беше страв појдов на трансфузиолог овде во Бт тој ми вели јас неможам ништо да кажам туку гинеколог шо гледа протоци и како се развива бебето, па јас си продолжив. Сега и мене ми е многу страв да го преќинам ама веќе сум при крај па како ќе ми каже гинекологот шо ќе ме пораѓа така ке напрам.
Д димерите не ги гледаат толку колку што им е битна хемостазата. Зависи од докторот, мислам дека еве конкретно Димчев (барем јас така го проценив) би дал клексани само доколку види дека има проблем со протоците на ехо, инаку само врз основа на анализа на д димери и хемостаза, не верувам, освен ако се енормно високи или времињата се многу скратени. Трансфузиологот каде што бев ми рече д димерите може да се покачат и од обична настинка, посебно кај трудници и дека се толерираат до 4500 во трето тромесечие. Во врска со клексани, аспирини, протоци на ехо, треба да има координација и помеѓу гинеколозите и трансфузиолозите, меѓутоа кај нас тоа никогаш нема да функционира така како што реално би требало и така ние ќе си примаме клексани без да знаеме дали за тоа има најреално причина или е повеќе превентивно.
Исто и јас сум веќе 34 недела, Димчев уште на неполна 32 недела категорично ми рече да ги прекинам. 2 дена пред тоа бев кај трансфузиолог, она ми рече нема маж што сега може да ти ги прекине клексаните во 32 недела, ќе ги примаш до крај. И сега што да правам јас, како да не се плашам да ги прекинам кога до сега се функционирало одлично со таа терапија, многу се плашам да не зафркнам нешто на крај.
Офф а зошто ти рече трансфузиологот така? Како ти се д димерите и хемостазата? Моите до сега се во ред на два месеци ги проверувам
Исто и јас сум со мутации како тебе, докторката моја кога ги виде мутациите ми рече да знаеш ќе се боцкаш до крај и плус метилфолат и б12 до крај. Ова ми го кажа не врз основа на ехо, или хемостаза него само што ги виде мутациите. Сите доктори изгледа си имаат свој став.
Да ве прашам правев брисеви пред две недели отприлика, пред да почнам со антибиотикот ради ешерихијата, беа негативни. Е сега осеќам на влезот од вагината како да ме запекува, дали после антибиотиков не знам. Се мислам сеа зар пак брисеви да правам или да си земам канестен маст или вагиналети? Не сум паметна
Д димерите беа 1000 последно, а хемостазата аптт беше цело време скратено изминативе месеци, на последната анализа па тоа беше во нормални граници, ама беше скратено протромбинското. Протоци, постелка одлични. Така ми рече зошто според мене трансфузиологот не сака да превзема одговорност да прекине нешто од терапија на уредна бременост и ја префрлаат топката на гинеколозите. Од друга страна гинеколозите не се баш настручни за хемостаза и д димери и така си се вртиме во круг.
Јас крсј на второ тромесечие 3251 димерите. Ми дадоа 14 клексани, па ќе видиме резултати следни како ќе се. А аспиринот го пијам уште еден месец пред инсеменацијата. Ми рече др до 28 ма да го пијам.
Може да ти е од антибиотикот. Кај мене на второ апче одма имам реакција доле. Слушни се со др за канестен да мачкаш некој ден и одмивки со камилица да си правиш.
Со што мутации си? Јас сум хетерозигот MTHFR 677, MTRR, F5 и хомозигот PAI-1. Гинеколог во комбинација со трансфузиолог рекоа боцкаање клексани обавезно. Утре идам да закажам царски, боцкање ми рекоа до 48ч пред царски. Да напоменам дека не сум имала спонтан и дека двете деца од прва ми се направени. Со моиве мутации проблем би можело во тек на бременост да настане. Инаку со превисоки димери секогаш постои можност тромб да те акне на пораѓај од напон. Ме чуди што Димчев ти вика да ги прекинеш.
Хетерозигот фактор 13, хомозигот мтхфр 677, хетерозигот мтр, pai 4g/4g. Не знам зошто рече така, не се ни помисли, се чудеше зошто примам, а при тоа не сакаше да види анализи.