Zenski, ja sum 7 nedela i previshe mi se gadi, nemam apetit, ne mozam nishro da stavam vo usta. Ve molam za sovet.
Мила нормално е, те фатило потешкото. И мене ми беше така.. до 12 та недела и нагло се намали и после од 13та наеднаш исчезнаа и ко нова. Гледај да јадеш нешто лесно тоа што можеш, не јади со сила колку можеш толку, јогуртче помага исто и ладно млеко. Леб пробај со путер нешто со кашкавалче нешто полесно. Немој тешки работи за варење.
Како сестра се радувам за тебе уште од лани те читам низ темите❤️ Лесна бременост ти посакувам. И јас со мутации пијам од now фолна плус од провен за трудници што се витамините
Мила, а има некоја разлика меѓу фемибион и премама? Гледам цената му е тука некаде, минимално се поскапи премама. Мене прво на фемибионот ми текна ама дека му се потрошил во аптека зедов премама.
Женски со првото бев во зима бремена па не знам. Ќе одиме викедов до Охрид, па дали може да се бањам во езеро? Или не смееше бремени во слатка вода бањање?
Да, со инсеминација мила. Ми рече уште тогаш пренетални да си пиеш, а на која фирма не ми посочи. И јас си почнав според тоа што Јани ми го имаше напишано во наодот, со метилирана фолна па земав и плус, а за фирма тогаш заборавив да го прашам, затоа сега тука ве ,,давам”
Не не’ давиш, таман работа. Овде сме да си споделуваме искуства Јас на пример бремена кога останав со инсеминсција пиев фемибион 1. Сега пијам имприл. И Пре Мама дуо се добри, така да за кои и да одлучиш нема штета Исто имам пиено Прегнатол актив фолат, по препорака на Јани.
Офф мила незнам јас се мислев што да земам другарка моја беше трудна тогаш 3-4месец и дека работи како доктор по фармација ја прашав што корости и што да земам и ми рече поубави се фемибионот земи си тоа обкаснуваше тогаш зашто што како и се одлучив ја послушав. Па сега незнам фемибионот 1 има едно апче и се пие до 13недела а после тоа се пие 2ката и има две апчиња се пијат во исто време
Да ви се пожалам... Ноќеска се утепав од кашлање без прекин, станав греам ракија и си ставив на грло со крпа и сфаќам дека не ми мириса. Што е работава викам... да не се изветреала. Кога ми светна... зимам оцетот јок не мириса, кафето не мириса, одам парфем јак прскам на рака не мириса.... и ми светна КОРОНЧЕЕ... бев купив тест сабајлево од аптека, позитивен Покриена сум со терапија заради 48 црп, се надевам нема да сум бетер... кашлам корнам. Енергијата 0, ми се прислошува ако стојам одма... од денеска и нозе ме болат
Леле баш со другарка зборевме дека има некои болни од ковид периодов и се чудевме. Ти посакувам што поскоро заздравување. За кашлањето да пробаш Боров мед или ако смееш некој од сирупиве за смирување кашлица.
Ах бе мила, пиј многу течности, ама ептен многу. Имаше една домашна инфузија што ја даваат ама не знам дали смеат трудници, прашајте во аптека, О.Р.С се вика, многу е ефикасна.
Оф леле со лесно. И мене нешто сабајлево плуќа ме болат и почнав да поткашлувам. Се инхалирав сега со морска сол. Многу ми беше топло, со отворен прозор до мене и кратки ракави и толку ми требаше. Плус здробена сум од хронична несоница, енергија 0.
Фала.. Мене до вчера ладно ми беше 3 дена... ладно, а да се потиш, чудесии. Денес немам температура, ми е жешко сеа конечно и искача ѓаволот од мене Се препотувам... Ваљда бебево е добро Читав тука дека има доста трудници кои прележале корона и се утешив малку... Само на плуќа да не станам нешто бетер, вирусот и така ќе си помине... А за неспиење да не збориме. Кај од носот затнат не спијам, кај од кашлање, првите 2 дена бладав и офкав со температурата... и згора на све комшииве не се тука, а кучето е оставено само на бабата и цела ноќ кучево им лае кај нас под прозор! Нервозна болна, станав почнав да викам по него.. не бе не престанува и маж ми 2,3 пати се буди. Хаос сме. Спремни за бебе
Со помин значи затоа железото одма ти падна на 5ка и мене така со короната пред 2 години 3ка ми беше Шо антибиотик ти препишаа? Пиј си електролити, јади овошје, зеленчук и одмарај, ко ќе можиш и ддимерите провери си ги за секој случај, јас аспирин пиев тогаш