Претпоставувам дека е од столот бидејќи беше тврда пластика само, едвај се раздвижив се исплашив искрено. Па што кошмари имам сонувамо цела вечер
Ако си со упат мора да се јавиш да ти кажат кога имаат слободно, а ако си идеш приватно можеш било кој ден со тоа што сабота се до 14:00h па ако идеш да си испланираш дека си таму 3h за да завршиш до тоа време со сите боцкања вака ми кажаа мене кога правев
Јас ги препрскав убаво со алкохол да се цедат што се вика зашто внатре се како со картон и ми беше шубе да перам да не се распаднат и ставив да се исушат сами на времево пеколно
Мами, мене изгледа уште рано рано ќе ме фатат мачнините овој пат. Сега станав од спиење, многу малку преспав. Имам многу нагон за повраќање веднаш како што ќе станам од кревет, ова веќе скоро 1 недела ми се случува. Ми се борави многу во стомак, тешко ми е ептен. Што можам да земам да се освежам?
Можеш да земеш да пиеш б6 еднаш во ден или мене ми помогна од 6недела ги пиев апчињата антиметил кога имав послаби мачнини на почетокот по едно апче кога ќе станев а после тоа кога се зголемија 1сабајле па 1навечер пред спиење .. јас искрено од 7недела негде до 17недела повраќав по неколку пати на ден ..
Ќе пробуваш што ќе ти помогне најискрено. На секоја од нас различно помогнало. Јас ептен ептен гадење имав и шмукав антиметил за да ми олесни. Некој леден чај можеш сега, квики, јас и кока кола пиев , незнам колку беше добро тоа , ама ми помагаше ептен за мачнините.
Која недела си мила? Како ти доаѓа? Јас од 5та почнав со мачнини.. 24/7 имав не ни спиев од мака… ништо не ми помагаше ни апчиња ништо, јогурт знаеше да ме смири, и само јадев кифличе со кашкавалче и чаша јогурт.. во 7ма и повратив… во 9та исто.. на крај во 11та завршив на инфузии од дехидрација и во 12та 80% подобро ми беше за на крај во 13та скроз да исчезне и како нова ахаха, втор триместар меден месец. Иначе избегнувај храна што ти смета, исто и овошје и зеленчук што ти смета, јади само тоа што можеш никако со сила бетер ќе ти е. Кока кола помага, мене на кај почна и таа да ми смета. И еве не ја пијам ни денес… така да жалам ама нормално е, некој со сите симптоми поминува некој без ниеден. Мене цитрусни сокови бетер ми правеа, одма ги повраќав.
Ќе си умрам од киселини, ова е неиздржливо веќе. Ништо ама баш ништо не ми помага, нема апчиња што не пробав, сода, млеко, се што слушнав. Уште малце ќе почнам да блујам оган. Физички се чувствувам добро, дури мислам најдобро во цела бременост ама киселиниве ме убиваат.
Да, ама не ми помага. Апсолутно се што слушнав пробав и се е краткотрајно, ден, два и после пак по старо. Капак на се повраќам од нив.
Не се грижи јас во зимата поминав корона и тоа крај на прво тромесечие крај на трети месец, ептен бев загрижена за бебо ама се помина добро, те разбирам, јас никогаш не сум била толку лошо и капак на се не сакааа на државно ни една инфузија да ми дадат, бледа и жолта бев и претепана како камион да ме имаше поминато ама помина, после тоа испитав и ддимери, орс многу ми даде сила, супи мед и сок од лимон ќе помине
Женски да прашам 34+ од сабајле кога станав имам константни болки во кичма и нагоре до делот кај што се закопчува прслукот .. незнам како да објаснам како жарење, тежина на цел тој дел како некој да ме притиска со лактк цело време .. дали некој има вака константни болки и од што може да се .. предпоставувам не се контракции поради тоа што се постојани не се временски или??
Иста бев и јас, денес ми е 11ден и можам да кажам дека имам подобрување. Дури од вчера почнав да чувствувам мирис и вкус. И јас се сомневам во корона бидејќи на малово леукоцитите му паднаа на 2, што е карактеристично за корона. На синуси ме удри најмногу и кашлица. Мислам дека бебево го спуштив уште подолу од што кашлав. Поминав само со супи, чаеви и многу цедени сокови. За грло правев само гаргара од сол и вода и пантенол пастили. Ужас
Женски како се справувате со низок притисок и дали е нешто опасно? Особени од кога почна жештинава, цело време ми е многу низок, енергија 0, немам гадење ама понекогаш ми се темни и врти. За чудо немам главоболки. Сега баш мерев со дигитален, 98 со 56 ми беше. Пред бременост имав нормален 110-120 со 70-80. Читав на интернет дека во бременост е нормално да е понизок. Се надевам не му смета на бебче.