Мајка не се секирај . Се ке биде во ред. Кој и да биде верувај сите знаат што треба . Побитно ти е сестрите како ке се однесуваат со тебе .
Изгубив и вкус денес, ама подобра сум. До кај 15ч не можев да стојам, многу ми беше лошо... срце 200. Па спиев преку ден (што никогаш не се случува) и како станав многу подобра сум. Си кашлам, ме боли кај ребрата од стегање ради стомаков... ама каде каде подобро. Без температура сум цел ден. Сега маж ми пати, 39 гори.. офка кука.. вика: мене потешко ми е оооо море викам, децата сами се чуваа, сама си офкав во спална... он на работа Сега и тој како мене, на пеколов се изнаоблече.. покри со кебиња, уште ми вика затвори го прозорот (а на кипање е)...
Те прочитав.. еве јас сега прележувам. Мора секоја бременост така нешо убаво да ме акне Прва бременост мн лошо уреаплазма фатив, а и болна бев еднаш тешко.. втора бременост сипаници варичела во 28ма нед.. третава корона сега во лето ме најде
Кандида имаме скоро сите. Не ти е од тоа. Едноставно кај некои жени е така, но со терапија и мирување се средува. Гледај да одмараш повеќе, јади си, пиј си, витамини, вит Ц обавезно, магнезиум и се ќе биде добро.
Вирусот е заразен штом и мт се разболе, ајде само со лесно и пократко да е, сега и бремена и хормони затоа телото полуде се бори, јас после првата бременост фатив изгледа корона дека 9 месеци немав вкус и мирис воопшто а бебето имаше можеби 10 дена. Мене баш исто кога ќе легнам кај ребрата накај срцето некако неможам да се наместам како некое чудно стегање/бол, добро е што ти се деца поголеми колку толку полесно за тебе, јас денес нов ден сум 26+1 дали тоа значи дека влегов во 7ми месец или од 28ма недела е 7ми
Ова со неделиве ми е хаос. Ич не го фатив редот. Не е од 27 ма влез во 7 ми ? Јас вака си мислам и се си викам дека ќе влезам во 7 ми. Абе јас и ти , неколку дена разлика сме биле. Да не делиме и соба по пораѓај?
Да ние сме тука некаде блиску Последна менс. Ми беше на 10ти деќ. Тебе? Каде мислиш да се породиш? Вака кога ќе бројам месеци и денови си мислам дека за 2 недели сум 7ми Дека термин прво ми рече на 15ти сеп. Па после ми рече 18ти сеп. Јас во глава мислам дека од 15ти здравје да се надевам И ако завршив 26 недели нели останува уште 14 недели, тоа му доаѓа 3 месеци и 2 недели леле се збунив
Пишував денес дека ме боли лев јајник и ме боцка цел ден. Од пред два саати ме фатиа одеднаш болки големи после туширање во препони на двете нозе, кај самата линија внатрешно кај што стои долниот веш. Ме боли кога се движам, едвај одам. Само што се истуширав и едвај се облеков неможам да подигнам нозе. Испив уште еден магнезиум, ама ништо. Еве два пати станувам до вц, болката е присутна. Читам може некоја жила да е што притиска, ама читам и неубави работи Незнам како да ја опишам болката како мускулна после точок возење, ептен неубава Како ќе издржам ноќва стварно незнам. Се плашам дека е лошо нешто...
Mene taka me bolese na pocetok nalaj 9 nedela, isto kako sto opisuvas mislis umiras a ustvari dr-i vikaa nema nisto. E togas mi dadoa ferona i utrogestan i odmoranje. Ama ti si ponapded so bremenosta neli?
Ти мораш да се опуштиш, бремена си нормално е да болат лигаменти мускули шо и да е, неможи да биди исто како порано. Ама и од шо се паничиш секој ден нова болка имаш, од шо ти е паметот само таму, вака со психата само полошо со прајш, бремена си не си болна, ќе боли па ќе пушти немора до толку секоја болка пресериозно да ја сфаќаш.
Леле ама ств он бетер и од мене... не спушта сирот. 39 нагоре, пие парацетамол спушта 38 и пак за кратко нагоре. Едвај до вц оди... Од кога сме земени 10г јас не се сеќавам да бил со температура. Дури сите разболувања или лесно или ич ништо не фаќал од нас... Мене многу ме боли во градиве... ребрата ли се, мускулите којзнае што е. Неможам да седам, ако седам бетер ме стиска стомакот нагоре и притисок ми прави... Денес осеќам опасно жешко ќе е. Особено што веќе сум без температура, апла веќе си до доживеав топлово. Клима од сабајле во дневна пуштив, не се дишеше дека тука сонце пече
Оние памучните без раб најзгодни ми беа, само такви носев. Јас породена ама сеуште ве читам, ми недостига темата.
Бруфен нека пие, и мм така ко ја прележавме не му спагаше температурата па само со бруфенот му спадна парацетамол џабе. Можи желудникот да те боли, од самиот вирус, од шо не јадеше убо јас од тогаш еве уште се мачам со него
Јас доста сум и опуштена кај што сум во нова средина и со доста малку контроли во истата. Си имала ти вакви болки ? Пишувам зошто може некој поминал низ истото па колку толку ќе ме утеши додека да отидам на контрола. Поминав и претходно бременост ама искрено вакви болки како вчера не сум осетила и тоа одеднаш ме фатија. Цела ноќ не сум спиена од што неможев да најдам позиција кај не боли. Се надевам и јас дека се лигаменти.