25 недела сум. Незнам јас искрено се исплашив, едвај одев колку ме болеше одеднаш. Не сум ни спиена како што треба. Сега малку сум подобра. Иако скоро цело време одмарам колку можам повеќе, пола ден сум сама со тодлер. Кога доаѓа маж тој презема. Се надевам не е ништо страшно, во среда сум на контрола.
Имав во второ тромесечие најмногу, баш препони, ниско долу стомакот некојпат и во кичма. Ко му кажав на матичниот тој ми вели се шо е издржливо нормално е, јас му велам во првата бременост не ми беше вака и ми вели е ова ти е втора неможи да е исто и вистина скроз ми е различна оваа бременост од првата. Еднаш имав најверојатно исто ко тебе некој сецнат мускул или лигамент абе на секое станување или седнување ме болеше многу, 2-3 дена пиев по два пати магнезиум и ме пушти, а ми рекоја смеам и аналгин при такви болки.
Девојки ме примија на гак ќе имам пораѓај со индикција нешто повеќе за ова да ми кажете. Бидејќи сум мн преплашена ми се лошо ми се врти се од страв.
Опушти се. Ќе ти стават провокации, ќе ти почнат болки и да се отвораш полека. Нема да се случи брзо отворањето ако не си со пукнат воденик и не си ич отворена. Ќе те следи доктор. Кога ќе ти доаѓа контакција, диши со контракцијата, моја препорака двизжи се низ предродилна, не лежи. Јас сум на ГАК моментално чекам резултати, утре ќе ме примат, ти пуштам среќа од чекална
Мене на 7 ми дек. последна мен. На Гак ќе се пораѓам. Јас па викам влегувам во 7 ми, а тоа уште имало.
Знае ли некоја како да се качам до 3ти спрат кај докторот Димитар т.е кај сестра Весна или Мира? утре сум на преглед па здравје ќе видиме што ќе бидне... @Tea SK со лесно утре,те чекам да споделиш убави вести
За жал ливтот им работи само со картички. Ќе мораш пешки до 3-ти или да замолиш некој доктор да ти куцне картичка ако не смееш по скали.
Ти пиша Лаура. Постојано има некој во лифт што се качува, ако несмееш по скали замоли , нема да те одбие никој. Ако не, од главен влез право и десно од шалтерот , од лева страна ќе ти дојдат скалите. На трети кога ќе се качиш пак лево и трета врата десно.
Ми ставија нешто на ф буква нз како се вика. Ама ми рекоа 4 часа да лежам. Ми почнаа некои болки на 10мин ми се. Немам плодова вода а водењакот не ми е пукнат колку сум отворена не знам. Те примија ли.
Немој да се плашиш 2007 год ме породија со индукција За 4 саати се породив од прва болка до дека испадне бебето Болките стартно ми беа на 5 мин после 3 саати на 2 мин и тука пукнаа водењак на 7см отворена за 40 мин бебе беше надвор Шетај ако можеш чучњеви исто диши полека и гледај да не трошиш сила непотребно Кога ке се качиш на боксот концентрирај се на напонот и тоа шо ти кажуваат акушерките Пишувај си тика ке ти мине брзо времето и за некој час ке држиш бебе у раце
Дај боже. Страв ми е и цело време на плачење ме тера безпотребно се вознемирувам. Ама јас немам плодова вода, како ќе ми пукне водењакот не и е јасно што ќе истече. Мене моментално ми рекоа 4 часа строго лежење до вц ако имам потреба само. Јас 40 мин имав на 10мин болови, сега еве 30мин немам болки.
Епа така било кај повеќето жени кои се со поминат термин. Не ми е јасно и мене ама ете. Инаку бебето си е во ред, ми рекоа не се плаши не е страшно ништо.
Не не, јас утре сум ја прием од сабајле, денес бирократии тетав, дека сум на закажан царски. Ќе ти го пукнат они водењакот. Опуштено само, ќе биде се во ред. @sani99 ако те примат и тебе утре, фемина журка ќе правиме на ГАК