Јас денес трчкарав лабораторија, отворив историја, се видов со анестезиолог. Окапав пола ден, поарно да ме примеа барем ќе лежев на кревет. Ми дадоа чепче за дома, ми рекоа не јади после 8 вечер, вода не после полноќ и се гледаме утре сабајле. Може некои ги примаат, мене ок ми беше се, ме испратија.
Како се справувате со жештиниве? 22ра недела сум, нозете почнаа да ми потекуваат, почнаа да ми се појавуваат болки во грбот, а од климите испонастинав...
Јас денес бев на гинеколог поради истата ситуација болка неиздрзлива, само ми се насмеа вика не е ништо опасно магнезиум кога имаш поголеми болки.
И утре право на царски? Па вака е подобро…што ќе лежиш таму цел ден и ноќ, вака барем дома си и утре право на царски.
Иста сум сабајле во и 4 станував да ги ставам нозете во вода не се трпи страшно е што ќе се прави јули август..
Девојки каков репелент за комарци користите? Не можам да најдам инфо колку е безбеден аутанот, па се мислев да земам некое бебешко средство
Па не се знае во колку ќе.ме прават, ми рекоа денес попладне искачал распоредот. Ја сум 37+4 ама сум со хипертензија од 4ти месец, затоа е закажаа сега, многу ми се качува притисок.
Подобро така..а штом си за утре а нема нешто сериозно затоа те пуштиле инаку собиве се полни се чудат кај да ги сместат жените.
Здраво, за Ремедика доколку некоја има информација, ако треба да останеш плус уште некој ден колку наплаќаат од ден, благодарам
Никако, се трудам да ми е нормално жешково. Се туширам почесто со млака вода, лепезата до мене и шише со вода. Клима намерно сега не пуштам, не сакам да се навикнам на тој сув воздух уште сега, зошто во јули август што ќе правам. Oд клима одма се укочивам. Кога работи бегај во друга соба и седи со отворена врата, јас така правев.
Мене на ПИН ме водат, таму бев сабајле, само еден кревет имаше слободен. На одделение е секогаш гужва. Памтам пред 3 години кога бев со првото, жени во шок соба седеа по 2 дена, што немаше каде да си сместат.
А дали те прегледуваше? Ти мереше цервикс ? Мене еве денес ме боли задникот позади накај нозете хахах, како да имам вежбано. Од сабајле пиев еден магнезиум, до после уште еден сигурно.
И јас само тоа чекам да почнат болките, неделава ми е терминот ама како ми изгледа и јас ќе го изминам...
Со првото и мене на договорен царски во 37+4 ми беше најмногу поради висок притисок. Тебе колку ти е беше? Пиеше терапија нонстоп или ? Инаку со лесно и убаво да ти биде утре
Па почнав со 1×250 метилдопа на почетокот и стигнав сега веќе до 4×250. Инаку си се качуваше 150 со 100 ко од шала.