Edno prasanje,Ciklogest vaginaletki stavam progesteronska podrska sega so toplovo kaj gi cuvate.Na upatstvoto pisiva da nese cuva vo frizider,ama pa kaj mene bez klima sega e 27%vo stanov.
Ja sum so invitro so vtorovo. Prvoto ne. So prvoto mnogu teško pominav odposle, samiot porogjaj beše ok, sega imam blago povišen pritisok, proteini u urina malku, dimeri za sega bez kleksani, mada ne e potvrdeno pošto matična pojma nema kje idam na gak vo petok, otečeni noze podueni, veni prošireni kaj gospogjata dolu, nekoja blaga dilatacija na desen bubreg. .
Nema ništo, ni iscedok, sluz ništo se čisto, me gledaše matičnava nekolku pati, vika ništo nema, samo veni grutčinja izlezeni i baš tuka me češka pecka
Палпилации имате ли? Не можам ни да легнам на лева страна некад, бетер ми е. Си го осеќам цело време срцево како ми чука. Притисок и пулс ми се оке. Да одам ли на лекар? Денес посебно лошо ми беше, ко воз да ме прегазил.. не знам дали од топлово.. а тек почнува летово.
@Laura7 Истото го мислам, мене искрено од такви гелови ми се јавуваше уште повеќе чешање кога сум имала кандида единствено ми помагало одмивки со сода бикарбона растворена во млака вода ..
Да најголема индикација е за царски. Една колешка и другарка во март се пораѓаа и едната и другата беа со царски во Чаир едната кај Илиевски со ивф кај Трајковски правено и препорака за царски од двајцата, а другата се пораѓаше кај друг доктор не ми текнува име исто во Чаир со ивф и она исто царски по препорака на двајцата доктори поради тоа што е ивф.
Не знам зошто мислите дека бременоста постигната по пат на инвитро е нешто поразлична од бременоста постигната по природен пат. Тоа што по потешкиот пат се стигнало до бременост апсолутно нема влијание на текот на бременоста, ниту пак на тоа дали бременоста ќе се заврши со царски или природно, тоа го тврдам со сигурност. Еве јас сум со инвитро и без никакви индикации за царски. Доколку заради инвитрото мораше да се породам со царски, мислам дека до сега ќе го знаев тоа . Ако кај жената има некаков проблем, миоми, полипи и слично, претпоставувам дека завршува со царски. Ама тоа нема никаква врска со инвитрото. Ве молам не ширете дезинформации дека бременоста по пат на инвитро е индикација за царски или дека по дифолт е ризична ( за ова еднаш се пишуваше). Кај тие што мора да заврши со царски е заради сосема друга причина, инвитрото како постапка нема како да влијае на начинот на раѓање ниту на текот на бременоста.
Не мислиме дека бременоста по инвитро е поразлична. Бременост е бременост. Ама ,да. Со инвитро се најчесто царски. Иако во последно се почесто се пораѓаат и природно.
Општо мислам дека се повеќе и повеќе жените бараат да се породат со царски. Баш пред некое време збореше Корнелија од Систина на таа тема. А и генерално гледам жени што прошле низ инвитро се третираат сами себе како ризични иако имаат нормална бременост и мислам дека причина за тоа е токму стравот што по тежок пат стигнале до тука. Туку надвор од темава, се разбудив со главоболка, одамна ми се немаше појавено, негде во 5ти месец последно. Што ви помагало нешто од бабини лекови?
Јас имам чувство дека луѓето мислат дека кога е ин витро, бебето внатре само што не ти испаднало од стомак и ти не смееш да мрдаш 9 месеци за да не го изгубиш Е сега јас на пример 99% изгледа ќе морам царски (а ич не сакам сега за сега) поради тоа што пред два дена пак имав тахикардија со пулс над 190... Ова е поради тежината, не ин витрото и со тоа сум кандидат за царски и нема бегање
Одма се си сфаќате лично. Нема потреба . Факт е дека инвитро се смета секогаш за индикација за царски. Т.е не инвитрото туку причината која довела до инвитро. Ако ти едноставно не си можела да забремениш па си правела инвитро океј. Ама ако причината за инвитро се претходни операции ,вадење туби итн ,и те како нема да ти дозволат природно. Тоа е индикација. Иначе ,да ,другарка ми со инвитро трчаше повеќе од мене. Нема врска тоа.
Така е иако и со инвитро може да се има нормална бременост и да се функционира, факт е дека докторите ја следат различно од нормалната бременост. Токму затоа и со инвитро може веднаш после трансфер да се добие патолошка, што не е случај со нормална бременост, каде треба да има посебна дијагноза за да те стават на патолошка.
Јас никогаш не помислив дека бременоста ми е различна поради тоа што беше по пат на инвитро. Супер бременост, без никаков проблем, си пешачев, немаше буквално никаква разлика низ бременоста да се осети дека не е природно направено бебето Што ми беше и мене чудно е дека при крај на бременоста веќе докторот ми кажа, бременост по пат на инвитро ќе биде царски, јас не сакав царски, размисли демек најчесто е царски, ама ќе видиме како ќе биде до крај. На крај испадна царски, ама сакам да кажам дека тоа е муабет што докторот го кажал, не е дека некој си измислил. Јас дури и се сомневав малку затоа што се работеше за приватна болница, ама тој доктор навива кај сите за природно, освен кај мене
Епа затоа ќе пишеш "факт е дека причината која довела до инвитро"... А не секогаш причината за ивф се претходни операции, извадени туби, т.е многу поретко мислам дека тоа е причината. Стварно нема потреба така да се гледа на инвитрото, туку среќа што постои и таква опција денешно време. Јас сериозно кога прочитав дека инвитрото е индикација за царски реков во каква заблуда живеам јас, зошто никој не ми спомнал такво нешто, а сум на прагот да влезам во 9 месец. И ќе се надоврзам тука да не реплицирам пак, тоа со патолошката е случај само кај нас и никаде на друго место. Еве и за тоа ќе послужам како пример, јас одев на работа до 5ти месец. Причината зошто го отворив боледувањето во 5ти месец нема врска никаква со инвитрото.