Исцедок имам цело време како подмочана сум, кога е потопло па е ужас. Имам миризба и незнам дали е од толку потење или од исцедокот, ама претпоставувам дека Ешерихија е крива. Микробиолошките во 12та ми беа чисти. Сега и кажував на матичната ми даде да ставам вагиналетли VivagPlus, ми вели можеби се некои габички. Ама не сум ги ставала, утре сум на контрола и пак ќе прашам таму. Ако имаш печење при мокрење има големи шанси уште од неа да ти е. Ама дај Боже да си ја исчистила. Јас еве и после испиениот антибиотик пак ми е исто
Јас сум со ивф бременост и од сам почеток матичен и ивф доктор ме водат со нормална бременост и функционирам без никаква мака. После трансфер бев дома само една недела, по мој избор и се вратив на работа.
Јас еднаш околу 31 недела подпрашав така за пораѓајот, докторот ми рече ако треба сега да те породам, таман си е наместено за природно, ама до крај има уште многу време, ќе видиме како ќе се одвиваат работите, ние кај секоја пациентка сакаме да биде по природен пат, полесно и за неа и за нас. За инвитрото не ми спомнал ништо. Ајде баш сега следно би требало да ги договараме тие работи, ќе видам што ќе каже.
Епа сигурно како до сега, така и од сега, може твојот доктор така си работи. Јас викам се е со причина, воопшто не сакав царски, ама кога дојде време ден ипол да не ми иде работата се согласив БЕЗ РАЗМИСЛУВАЊЕ И сега вторава бременост се близначиња и тие со инвитро, кај мене секако ќе е царски и се наместија работите. Битно е да се осеќаш убаво, ако сакаш природно да може да се реализира, ако некој навистина многу сака царски ако може и тоа да се реализира, а на крајот најбитно е сите да сме добри, здрави, живи и без трауми
Не, немам јас проблем и царски да биде. Само се подзамислив дали ставарно по дифолт треба да бидам со царски зошто никој такво нешто не ми спомнал, а и не гледам причина реално. Причината зошто би сакала природно ( доколу нема реална причина за царски) е најискрено цената зошто планирам да се породам во приватна клиника. Ама ако треба царски, тоа е тоа.
Точно така, но денес сме сведоци и на многу млади девојки што се со инвитро. Барем јас околу мене познавам неколку.
Епа еве јас како помлада си продолжив да си функционирам нормално. Кога му реков на Владимир да отворам боледување ми рече што ќе ти е боледување, болна ли си?
Супер си имала среќа да биде се ок. Епа гледаш и твојот доктор го потврдува истото што членката погоре го кажа, дека инсистираат за царски. А кое им е објаснувањето зошто е тоа така ако има некоја инфо баш би сакала да знам и да се информирам.
Да, и мене баш ме интересира причината. А во приватна клиника не би ме чудело и да ти ја наполнат главата за царски, знаејќи како се функционира и колку глупости се изнаслушав.
И јас сум кај Владимир и со тој став ја терам и втората бременост, само да ми е лесно како првата се молам, иако нема толку да е лесно затоа што ќе сум јас потешка ама живеам лабаво, јас до пред породување пешачев како луда по повеќе од саат време со стомак до колена и уживав. Е сегааа ќе пробам пак да е така, само да ми се погоди здрава бременост, тоа е најбитно, па ќе лудувам до крај пак
Јас воопшто не мислам дека е поразлична и слично, искрено они сп ивф цели 9месеца поминаа супер без никакви проблеми јас па сум природно па имав проблеми некој ситни, контракции и сл. Кажав и се надоврзав на пишаното само што им кажале на две мој блиски и како се породени други индикации освен ивф немаа туку причина беше царски поради ивф .. да напоменам двете се со одтстранети туби
Со лесно нека е , инаку бев на преглед ама цтг то е мирно , и ми рекоа здравје во петок пак да ме видат ако не добијам до тогаш болки... тешко мене, изгледа ќе терам до 42 недела којзнае
Пак ке кажам ,никој на ништо не гледа поразлично. Тоа сама си ги потврди ти . А не е точно. И да тврдам дека со инвитро се најчесто царски. Ама океј ...
Така е. Јас не толку млада мислев нема да бидат проблем годините (и килажата) пошто сум здрава права барем до сега, ама ете како по книга си добив сѐ што ми следува и притисок и тахикардии и гестациски дијабет... А мислев нема шанси мене да ми се случи