Останува да повториш во некоја трета лабораторија, нема друго. Некаде е направена грешка, е сега каде не можеш да знаеш.
Јас се водам по големината на плодот на првото ехо (кога одговара на 6,7нед). Со тој датум најдобро е до крај да се водиш. Зошто сите различно овулираме, различна должина на циклус имаме... А бебе па разни гени, различно расте понатаму во бременоста и затоа датумот не го гледаш веќе тој по бебе, туку се водиш само од првото ехо. Јас со првите две имав доцни овулации со тоа што +7 дена од старт ми даваа, дека по менструација и по големината на плодот имав цела нед разлика. А со третово па таман се поклапаа исто и менструација и плодот во 6,7ма нед.
Zdravo, dali nekoj gi ima koristeno Probalans Lady vag.od PharmaS vo bremenost. Ne pisuva vo upatstvo dali moze da se koristat 28nedela sum.
А уште ова да ве прашам, дали сте користеле вагинално Утрогестан и како ги користевте? Дали сте имале како бел исцедок на гаќи? и буквално пола апче надвор ми беше.... Дали не ги ставам сосема длабоко или што е работата незнам.. Искуства?
Дааа, уште ставам, нормално е од утрогестанот е. Се става како тампон што ставаш. Нема штета од него само може да помогне, ако толку ти е мачно да ставаш прашај да го пиеш, ама поубаво е вагинално, директ дејствува. Еве јас уште ставам. Подлабоко мораш, скоро цел прст внатре.
Ставам утрогестан неколку месеци, не се секирај нормално е исцедок, вагиналетата рaстопена е тоа. Со среден прст буткај колку можеш подлабоко, и после ставање лежи 30 мин. до 1 час.
Нормално е да истече, нема кај да отиде апчето Јас 2х ставав еден период и бело и апче и водлесто.. све живо имав. Нормален е исцедокот не се грижи
Јас ги користев кога пиев антибиотик. Докторката ми рече било кој земи, тие ми ги дадоа од аптека. Не мора да пишува на нив дали е за трудници, здрави бактерии се нема што штетно да влијаат.
Девојки, бракстон хикс како ги чувствувате? Каков е типот на контракцијата, дали како менструална болка или само како стврднување?
Што риба треба да cе избегнува во бременост? Само жива риба или и некоја специфично? Имам скуша во конзерва, умрев да си каснам едвај се воздржувам, не знам дали смее или не?
Знаеш дека истото го направив..се избањав вечерта накај 10, сабајлето накај 6ипол остаив примерок. Матичната ми рече да проверам уште 2 пати пред да почнам антибиотик, ако покаже пак ќе мора. Стврднување јако..посебно долниот дел од стомакот цел ми е во грч и камен тврд. Почнав да ги имам од 26 недела, на 2-3 дена по еднаш, ама викендов ме фати толку јако што отидов на дежурен не ме пушташе саат време, 6 стврднувања имав силни ептен
Јас такви стврднувања имам од 18 недела ама сега имам и менструални слаби неколку пати во текот на денот, траат по минутка. Па некаде читам дека бракстон хикс се менструални во неправилни интервали, јас цело време мислев дека стврднувањата се бракстон и уште сум збунка, не знам дали се стврднувања или се менструални...
Стврднувања имам од кај 20 та недела негде. Плус минус некој ден. Ама ќе се стегнеше стомак и ќе пуштеше. Пред 3 дена ме фатија и како болки, сечење доле , цел стомак ме болеше. Отидов на преглед, прво одма ми измери цервикс кој е одличен и ми кажа дека тоа се лажни контракции, дека телото и матката почнувале да се спремаат за тоа што следува. Ми даде Ферона да пијам две недели и ми кажа дека за 3-4 дена од нив ќе ми ја снема болката. Вчера испив првото и се примети ептен разлика.
Јас од паника не сфатив ни правилни ни неправилни интервали од причина што никогаш толку не сум била згрчена и во болка да не можам да се исправам. Ме ставија на цтг, имаше минимални контракции ама незначителни тотално, со прст ме проверија не сум отворена, цервикс супер, бебуш супер. Ми рекоа бидејќи сум скоро 32 нед, од утре, матката пробува да го подготви бебето за пораѓај..проблемот е што кај мене е карлично и многу горе качено и ми кажаа тешко дека ќе се сврти заради поставеноста на постелката и ќошот на матката ( демек крива ми кажаа ).. Ми рекоа да менувам положба пак ако ме фатат, да испијам уште едно Мг и мнооогу вода. Инаку, матичниот гинеколог ми даде Уриројал ќесички 7 дена и за 2 недели уринокултура на 2 места контрола. И да имало нешто минимално да си се исчисти вака природно, да не шетам по топлово за џабе.
Ферона исто пијам од 18 недела. А такви сечења (не менструални) сум имала неколку пати до сега, не сум реагирала, прошле. Јас само за менструалниве се мислам, друго не ме замислува.
Вас барем ви даваат да пиете нешто превентивно, јас си имам болки во десен јајник, препони, ниско долу стомакот и кога ќе ни се пожалам одма велат бебе расте се шири матка лигаменти. Ама некогаш е стварно појака болката. Ниту магнезиум ми спомнуваат да пијам ништо ништо, среќа на своја рака што си користам... Еве денес имам од лажните и осеќам мала менструална болка... Вчера бев на контрола и пак несакаа да ми измерат цервикс Ќе ме спобудалат. Ама битно до сега 4 пати одам по ред и само едно исто вртам во круг, зошто примам клексан и која е причината за првиот царски