Јас се утепав од јадење од 7ца и тостови од џамбо сендвичарана од аеродром со кечапи и мајонези Овошје, освен ананас што не го сакам отсекогаш, јадам се и тоа баш количински. Во лубеница се удавив летово. Не сум ни читала на интернет пошто ќе ми се опседне психата. Што и да ми се сака си купувам, и здрава и брза/мрсна храна.
Цела бременост јадев паштета ,патлиџан и праски најмногу. А јадев и се останато. Не се замарајте дечки . Не сте болни трудни сте.
Леле ја црева истурив од 7ца. И од тогаш не можам да пробам, страв ми е хахаха. Ама затоа паштета леле, мислам цел месец само паштета јадам. Овошје исто. И тостови на работа.
Јас имам среќа бременоста да ми е таква од скоро па ништо не ми е лошо, евентуално со малку киселини да поминам. Количински не можам да јадам, од пола и помалку доза се заситувам, ама стрв за се нешто имам негде до кај 19ч, после секнува апетитот. Аверзии створив кон мирис и вкус на пилешки стек, кулен/чајна, врат, храна со кромид и претходно не сакав, сега па ич. Кога готват комшиите, е тек тогаш имам нагони на повраќање. Инаку и јас јадам аргета со јогурт бучен козјак, омилено
Леле што убаво јас до 12та се мрднав од гадење и повраќање, ништо немав во уста ставено, и на инфузии завршив. Среќа од 13та навака сум екстра, ама уште имам аверзија кон одредени храни и мириси. Поготово дезедорансот и гелот за туширање на маж ми
Гледај ако продаваат пола на пазар за да ја видиш внатре, ако е жар црвена знали дека е добра и зрела, ние така земавме и топ беше. Вчера во веро имаше половинки ама апла беа бледо розе, се познава дека не се зрели и не земавме.
Јас гледам тука туна повеќето не јадете, па ја цела бременост 2 пати неделно туна салата јадев со тунана од Кам. Бонус во 9ти коа се фрлив на 7ца, гиро, скара на кило, пица Џакомо, пастрмајлии купечки, а да не зборам што цела бременост по кафани сме, салати се потепав од јадење. Никој не може да ме убеди дека нешто од храна е поштетно од гнасниов воздух што го дишам во Скопје. Па јас останав бремена во октомври, па 6 месеци се надишав отров, па до туната и марулата дошло.
Кога ви кажуваат постелката кај ви е, преден или заден ? Или треба сама да си прашам? Како повеќе се осеќа бебето?
Мене еден доктор ми рече да не јадам праски и лубеница заради килажа и шеќер а се мислев да се ставам на режим со лубеница
https://www.instagram.com/p/C8FdQ-qgani/?igsh=NTc4MTIwNjQ2YQ== Po ova gledav deka i kaj mene e dolu samo a 23 sum jas od koga ja gledav dali ke. Se po javi
Леле и јас исто со стекот, толку ми се згади во прво тромесечие уште неможам да го јадам ниту готвам, освен некој на скара да ми го испечи така ке поткаснам .. Притисоков пак ми паѓа, 100 со 60 моментално ко да лебдам
Рано ми е ама денови имав од стар одмор само 8 .. патолошка ми дојде 45дена пред термин до 03.06 и од 04.06 одмор до 13.06 .. несакав од новиот да зимам ќе го чувам за после породилно да поседам со бебо ..
Никаков не можам стек, маж ми правеше пред некој ден во airfryer, го натерав на балкон да го прави, ќе умрев од само што го гледав жив во фрижидер. А тој пустиот си сака стек, не можам да му забранам да купува. Инаку исто, моментално 100 со 50, закована на креветот уста не ми се отвара, само вода пијам и таа со сила. Не знам што да направам веќе.
Мене нозеве почнаа да ми откажуваат,неможам да се движам Дали од топлото незнам,а што ќе се прави до ноември