Ти реков лиии Сега уживај и воопшто не му ја мисли.. Се си доаѓа на свое место,гледаш и сама дека нема простор за нервози
Така е Господ нека не чува сите труднички од лошо и тие што се во исчекување да ги израдува одмарај и за мене хахаха јас не одмарам ич освен на пладне во горештината додека спие синко саат ипол
Јас сум женски уште отечена во нозете ама барем спијав цела вечер.Станав во 7 часот сабајлево и сум супер фала богу...вчера ми се јавија од Плодност дали сакам да правам ехокардиограм и му реков дека сакам,ми закажаа за в сабота па ќе пишам што ќе ми кажат.Инаку сакав да ве прашам дали некоја има носено USB на преглед за да и го снимаат прегледотМинатиот пат докторката ме праша дали носам нешто за да ми го сними прегледот,ми рече ако сакам нареден пат да си носам да ми го префрли....
Eee i jas imam eden kup rabota-se preselivme vo nova kukja,ama i da sakam nemozam mnogu da rabotaam deka me boli stomak i poveke sedam i lezam i kazuvam sto treba da se srabotiama da pomine dobro prvo tromesecie pa ke si teram jas
Ако има кој да ти помага најубаво излежавај си цела трудноча да збереш енергија за откако бебчето ќе се роди
Инсталирај си на теледон ако имаш андроид безплатна апп се вика my pregnancy today на babycenter и секој ден ти дава инфо за се, а кога ти се полни неделата пр.денес си полни 16 ти излегува известување и те потсетува. Мене ми е мн од корист, и кај мене така се погоди па неделите ми се поклопуваат полни во ден недела и секоја недела кун 11 ссбајле ми свирка.
@m.i.g и јас сум во сабота во Плодност закажана кај докторката од Ох за срцето, малку се плашам. Може ќе се начекаме. Мене ми немаат спомнато ништо за USB не знаев дека може.
Гледаш Моник Супер, големо да си расте мажето, ти олабавено и само Ај па ко ќе дојдиш во Охрид можда ќе се видиме. П.С. ради тие информации може да е машко/женско ама не со сигурност, јас се мислам или ептем пред пораѓај да ми кажат или дури кога ќе се разбудсм од породувањето да ми е surprise
@kristina.k која докторка од Ох за срцето? И само Ск се наоѓа таа? И ај каже те ми мамички колку често ги чувствувате бебушите? Јас се отрув само кока кола пијам и пак не осеќсм, мада 15 недели сум, од претходно се сеќавам на цело движење во 9ти месец на 3ипол килско бебе се гледаше и комшиите да видат хехе ама за почетоциве се заборавало бре.
Бубале не знам за Ск дали прегледува, во Плодност во Битола прави скрининг на срце и сите што биле на втор скриниг за органи во Плодност ги известуваат на која дата ќе е таму, ама мислам еднаш месечно доаѓа. Не знам како се вика искрено.
@flower30 колку што можеш лежи и одмарај сега, уште си во рана временост, ако можеш да си го дозволиш тој луксуз в0баш само за мочање станувај. Нека поминат критичните денови. Јас прошк0ла бременост скоро цела ја лежев и тоа по болници, а крајните 2 месеци и на работа одев сред лето пешки, опасното помина, а и оваа макар две недели се обезбедив и лежев од 8ма до 10та. Да прфне и да се закачи убаво и ќе немаш гајле. Со лесно само
Еееее па малечко е уште што му се секираш Јас прв пат го осетив 16 или 17 недела не се сеќавам точно ама беше како грепкање од внатре и превртување Од 23-24 недела негде почна активно клоцање ама ептен тогаш и мм можеше да го осети со рака на стомак Е сега веќе клоца растура Ај уште малку па тесно ќе му стане и ќе престане да биде толку активен
Јас одев и денес бев споивме два часа кај сестра соња четири се вкупно часа ама сее опфаќаат и еве иако јас медицина учам никој не ни објаснувал така и мноогу жени кај неа поминале и сите имале мн лесен пораѓај благодарејќи на нејзините совети и знаење...сите што се од Скопје и Штип јавете и се 076526502 Може нема да ви крене одма но бидете упорни од сабаје подобро звонете.часовите се БЕСПЛАТНИ но се БЕСЦЕНЕТИ да не ги пропуштите @kristina.k единствено убавко во игротеката ми се малите дечиња посебно бебињата а тие од 7-8 мес ги земам во раце од мерак и некое ми тегне блуза хаха јас гради големи изгледа мерак ги фаќа хаха ептен ми се мили едвај чекам да си го гушнам синко
А јас пак многу малку сум била во контакт со бебе, се ќе ми биде ново и ќе се учам сега. Немам држено во рака новороденче, стално ми било страв, ама ми велат ќе си дојде природно со моето, а за другите работи ќе научам на часовите си велам.
Еден совет за прворотките. Дури имате слободно време читајте за новороденчиња, доење, капење, повивање, облекување, совети од мајкиж видеа и сл, бар да си се припремите со корисни информации и да се потковате од сега место ко јас шо праев преоптеретена читав ссмо за породување, дишење, тантар пантар а самиот чин ко ќе чукне часот, нарочно прв пат кога раѓаш ќе заборавиш ина дишење не пак нс правилно дишење. Не да ве плашам ич не ми е цалта чим трето раѓам закључете сами, ама поентата ми е подобро нешто корисно читкајте него да барате кога ќе сте со расплакано бебе, па тогаш мајката кажува едно свекрвата друго бабите трето...општ хаос Од мое искуство бар, најтопло ви препорачувам што повеќе можете да си правите сами, нека ви помагаат со пеглање, ручек и домашни работи а за бебето завземете став мајка сум јас и јас ко шо ќе речам, за да си немате мака ко мојата
Пелена немам сменето....никогаш ,на пракса гинекологија само ги носев новороденчињата на сестрите за бањање а ми било страв да ги бањам...толку мали кревки ...души...друго за цицањето ах дали ќе цица како ќе биде ќе ме болат ли градите ??? илјада работи...дали ќе плаче многу...не сакам да плаче како ќе го преоблекувам толкуу малечко.... Поима немам од ништо
Многу е битно да ти се погоди персоналот во болницата, тие први моменти ти треба поддршка помош и разбирање, а не ко мене шо ми се дереа... боли а таа ми вика ее ко го праеше убо ти беше!?! јас се тресам да ја наместам да цица таа ми се дери така ли се држи дете!?! Па од кај да знам , боже пази. Кој ќе си се пораѓа во приватна блазе си му, ем сопругот ти е тука, ем те третираст ко човек. Или ако нелој ти е познат на државно. Да не забегвам од темата, ама и самиот взаемен инстинкт ќе си го направи своето, бебето ќе си побара да цица, ќе се поврзеш со него и колку и да се плашиш посилно од тебе ќе биде чувството дека ако не го пресоблечеш или не го искапиш му е полошо и ќе со направиш тоа ќе видиш. Слатки моменти, најубави. Тек како мириса новороденчето..ммммм милина