Здраво феминки, еднаш пишував за истово ама не сум мирна. 26+2 сум бремена и леукоцитите ми се константно високи дури и по испиен сумамед*2 и панцеф вчера пак 20. Направени брисеви, уринокултура се чисто, проверка на стоматолог, нема никаков проблем. Јас немам никакви тегоби и докторката ми вика не знам што да правиме више имаш сосем нормална бременост. Ваш совет од искуство дали да испитам уште нешто бидекќи веќе ќе полудам. Читав дека можело и на стрес да е, а самата ситуација ми ствара стрес. Да напоменам дека црп исто така мирно. Се извинувам на долг пост.
Јас колку што знам во бременост не се испитуваат леукоцити,нека ме поправи некоја членка ако грешам,нормално е да се високи имаш страно тело во тебе.
Можно е и јас приметив дека имам како пецкање и печење при бришење на влез од вагината. Ама јас го ставам со месеци сабајле и навечер. Истото се мислам дали да направам брисеви. Викендов пробав ги пиев а доле ставав пробиотик вагинално и одма ми се среди. Еве пак ги ставам и исто нелагодност.
Ако немаш никаква тегоби нема проблем, си испила доста антибиотик така да било која инфекција би се средила. Плус штом црп мирно, чисти брисеви, немаш простор за паника. Можеби самото тело така реагира на бременоста.
Поделени мислења има околу испитување на леукоцити некаде вика дека се испитува некои не, а седиментација дека не се испитува. Во секој случај фала ви за мислењата, морам малце да се опуштам пошто сум свесна дека и пред да бидам бремена секогаш ми биле на горна граница, 9, 10 па можеби организмот така ми ги носи ама сепак не сум мирна.
Сосема те разбирам, иста сум и јас за се имам овертинкинг, само нешто мислам и се сеќирам. Ќе биде се во ред, без гајле
Zdravo. Ve molam, dali nekoja od vas se soocuvala so kratotrajni no jaki vaginalni bolki vo bremenost? Ne mislam povrsinski tuku podlaboko
Вчера вечерта имав јаки грчеви во стомакот , по пола саат се смирија и толку беше а од сабајле имам повремени болки во кичмата ем се смируваат ем се повторуваат пак... докторката ми рече утре рано сабајле да одам на клиника ама којзнае ако ме фатат до полноќ не знам , немам вакво искуство ни со првото дека тогаш ми ставија провокации и ме следеа и право се породив ама сега дека сум дома не знам што попрво би правела а да не утнам
Лелее тебе те чекав да видам како иде, кај и да е ќе завршиш ти веќе ајде со лесно Нема никој друг вака при крај како нас?
Јас имам повремени такви болки, како да се кине нешто како да бебе сака да излезе па бара пат. Матичната минкажа дека се нормални такви болки се додека не станат неиздржливи. Сега на следна контрпла сигурно имцервикс ќе ми мери, мене ми беше страф да не е тоа знак дека се скратува па затоа заболува.
Што катастрофа станало ја Гак за 2 години кога бев последно... Внатре хаос гужва и мажи и жени Пред мене една трудница пред породување стои едвај,мажите како волови на столици седнати И Ечеше македонска народна музика
Некоја со менструални болки во 32ра недела? Баш така појаки се овие два дена, како да во секој момент ќе добијам
Јас 3 дена по ред со страшни болки во кичма и дијареа сабајлечки, а вчера и со краткотрајни грчења (како баш со контракции бев), на 5,6ч ме стегна камен стомакот и ме пушти по 30сек. Денес бев на лекар и ме ставија и на цтг. Бебе беше страшно активно, каишите шетаа горе доле... лудуваше буквално. Контракции немаше, ама матката беше во некој грч постојано од активноста на бебево... Ми рекоа повеќе да мирувам, многу било вознемирено... плус што си носам пониско, трета бременост, царски еден претходно... За две нед да одам пак. 32+1 сум јас. Мене во третово тромесечие па ми се слошува. Ај бев болна, од тоа плус ми беше. Денес пак ми се лоши, пред малку црева истурив... се утепав од повраќање
@HeLenna @mariz мене прв пат вака вечер поарно да си појдам и јас на дежурен ако не се смират оти неможам ни да лежам ни да седам си боли ниско долу
Ја мислам и топлово не утепува... нели секако не е добро топло во бременост за меше (изложеност на сонце, топла када нели не смее). А до некаде мора да се отиде, а веќе е жешко од сабајле до вечер Еве во најтоплото имам термин за тироидната... Немаше друг термин, само тој слободен... Отиди до лекар ако не се трпи..
Ништо чудно и од жешкото, вчера бевме излезени, од сабајле со големово со базенот по надвор се сварив Леле и јас сум утре од сабајле за тироидната, без термин само контрола ми пишала.. Мм на работа ќе треба сама да одам со такси и да си чекам ред, паника ме фаќа од самата помисла на жешково да чекам во гужвите таму нема шанси да одам четврток ке појдам по ручек со него, ако сака ќе ме прими ако не ми е гајле, секој месец ја провервам се е во ред терапија не примам, никогаш не сум примала само после короната е зголемена на ехо, ама ми се смачи веќе