Денес сум баш вака а за во охрид едвај чекам да сменам воздух прееска мажето ме опреми со нови купаќи и шешир ми вика ке бидеш како мадам под сенка а јас ке пливам циркузи
Јас, здравје, планирам во Плодност да се пораѓам, а таму се многу добри по тоа прашање, на другарка ми и листа и направија што ќе и е потребно за бебето, а во тие 3 дена таму даваат се, од памперси и влошки за мајката до ноќници и сите алишта што се потребни за бебето таму и плус ехо, преглед од педијатар и првите вакцини. Буквално ништо не треба да се носи, само комплетче за земање. И плус цело време има сестра на располагање дури и за помош за до вц-то што се наоѓа во собата. Другарка ми исто немаше никакво искуство и буквално се научи таму, па и од првиот ден сама го капи. Жално е само што мора да се плати за третман и помош што треба и во секоја државна болница да го има.
Имам познати и блиски колешки од фах и другарки се надевам ќе биде се во ред... фала за советите срцка
Да ти кажам искрено многу се приврзав за вас и форумов бидејки само тука си се разбираме ние трудничките ве чуствувам како супер пријателки
Добра сум си јас,супер.. Денес сум онака среќничка. Вчера малку имав пак таков испад како пред еден ден со плачки со мм и такаааа ама престанав и си рековме со мм од денес нема плачење,нема нервирање и ке се пазиме за најдоброто на бебуш (се знае на кого) Ти добра си? Си уживаш денес? А да инаку,без чоколади нема враќање..
И јас истоо...дури мм се смее и вика се си на тоа форумот да не има некои мажи таму хахаха јас му викам само со труднички си пишуваме уживај @Mariangel како што ми се отечени нозеве среќа што сум денес слободна и одмарам накај 20 ќе ми дојде една пријателка и таму кај 22 ке излезам дури до тогаш кулирам
@kristina.k јас со сигурност ќе се пораѓам во Плодност имам и пријателки што се породија таму и се презадоволни....инаку докторкава не знам ни јас како се вика,знам само дека е специјалист кардиолог и идела последната сабота во месецот.Јас сум во 9 часот,можи ќе се начекаме...да се запознаеме
Девојчиња добро вечер од мене, ретко пишам ама ве следам. Се надевам шеткате по ладов јас денес бев на контрола, 36 недела ситниме. Докторката задоволна, 2500 грама, вода има, расте. Одмарам во меѓу време па за 2 недели пак на контрола. Бев и кај "матичната" таа што работи со фонд и нешто ме напна и измеша со процедура за рефундирање пари од фонд за клексан. Знае некоја од вас како иде тоа? Пуно пари се за да ги простам...
@m.i.g ништо мила јас сум во 11.30. Се надевам добро ќе поминеме. А за пораѓајот до сега сите се задоволни кои биле таму, немам слушнато некој да се пожали. На часови дали ќе одиш? Мене ми рече докорката кон 30-31 недела да се јавам за да почнам, има време сега сум 23+5.
Јас сум 24+4 малку сум пред тебе. Бидејќи не сум од Бт го прашав Таше дали да вежбам ми рече можи, ја прашав сестра Снешка кои вежби и ми објасни што смеам а што не.
оф бре ич не збори ссакам да се движам да трчам како со првата бременост ама не бива дали е од жешкото незнам (првото во декември ми е родено) си мислам како ќе имам сила да раѓам
Мешиња, во денови кога бебчо многу мрда, клоца или се превртува ( ми се чини се во едно прави ), имате ли после чувтсво како да ве боли стомакот онака однатре од клоцањето? Некако тапо
@sweet.woman мора да се издржи, денес овде е малку поладно и одма осетив разлика, прошетавме побрзо се движев, полесно дишам- инаку носот ми се затнува и ќе се спие подобро вечерва. И јас да прашам за мрдањето, денес на страна бев легната и бебето клоцаше во исто време и десно и лево странично. Долу беше последно со главчето, кој знае како е сега штом стига од една до друга страна??
И мене ме поднаболува стомакот при клоцкање, особено кога стојам или одам. Понекогаш е како скокот од внатре. Денес прашав и докторка ми рече дека е нормално да наболува, скокотка и да има чувство на влечење, де додека при промена на положба или одмор престанува болката.
Леле бе луѓе колку ме извадија од памет брееееееее од уши не ми искачаат тие зборови ептен сум исплашена и со секакви филмови во глава Дојде една пријателка на мајка ми и синчето на едната кломпа му се скина каивчето па ја соблече а другата ја носеше интересно му беше едно 30 мин. и вчера и денес па таа кога го виде ми се врти и ми вика иди одма соблечи му ја и таа или облечи му ја и другата од старо останало како демек ако носел на едно ноџе обувка на друго не тоа значело ќе бил сираче со еден родител со кој памет еј и тоа на трудна жена да каже бе абе од кожа ме извади човече ептен сум уплашена имате ли чуено за вакво нешто
@Pcelka94 па ти не се вознемирувај за такви работи и сама кажа останало од старо, а во какви нелогични работи верувале порано да се чудиш. Заборави на тоа, како да не ти рекле, секакви работи од суеверни луѓе ќе слушнеш, ако е се вистина треба да се затвориме дома цела бременост и од се да се пазиме, а да не збораме па од ко ќе се родат.