Спремај се. Навечер особено кога треба да спијам…. Ама се ќе помине. Така си се тешам на секое станување.
Togas da si znam da si spremam uste sega druga soba za spienje inace ke me iseli maz mi od doma ako mu stanuvam navecer
Женски помош ме тресат трески омалаксана сум затната со болно грло не ќе да е ова од јадење ладна лубеница и пиење ладно .. кажете што да земам да пијам предпоставувам смеам се 36недела веќе сум ?? И дали да идам на дежурен во Чаир ..
Иди на дежурен во некоја поликлиника. Ако ти е вирус, да идеш во Чаир каде има родилки не е баш ок. Парацетамол напиј се. Некој спреј за грло што е дозволен во бременост.
Температура имаш ли? Напиј се парацетамол, цеден лимон, можеш пантенол да шмукаш за грло, ефикасни се.
Не немам температура мерев 37.2 по мене тоа не е .. незнам веќе ни сама што да правам .. од каде сега ова баш сега ..
Не реков јас дека и е скратен, напротив членката имаше пишано разлика од две недели за кои Докторката и препишала терапија. Затоа и реков дека нејзиниот е добар за таа недела и дека може лошо е и измерено, не толку прецизно. Мојот секако не ми го ни мерат тука, немам појма колку е.
Врие од вирус периодов, пропратено и со дијареа и повраќање кај некој. Кај свеки комплет сите ги фати во рок од 5 дена.
Е нас не помина тоа.. од температура, грло, нос, повраќање, дијареа, омалаксаност... оп коронче испадна 4,5 дена траат симптомите, а кашлицата и повеќе...
Ксжи ми мила шѕо ти дадоа да пиеш? Мене докторот што ќе ме пораѓа ми рече парацетамол (чекам да ми врати на колку саати размак), витамин ц 1000 тоа пијам цела бременост да му пратам лрвна и црп и да земам панцеф 5дена од 400 ..
Да, јас напраив на 4,5ти ден некаде од симптоми и имав бледа цртка. Изгубив 3,4ти ден мирис, па наредниот ден и вкус. Вкусот брзо ми се врати, а мирис не осеќав цела недела. Дури сеуште мислам не ми е скроз вратен... Маж ми што ништо никогаш не фаќа од мене и децава, го окрка и он. Скроз истите симптоми како мене ги помина, само не изгуби мирис и вкус... Пиј многу течности, лимон и портокал цеди, супа јади, парацетамол смееш и одмарај.. што и да е, ќе помине за 4,5 дена Јас имав 50 црп, многу кашлав и затоа антибиотик ми дадоа. Парацетамол на 6ч..
Чекам и јас да видам крвна и црп .. ме фати страв незнаеш се надевам ништо нема да биде .. 38.9 имам темп сега ..
Дали ако одам сега ќе можам да земам резултати од институт за јавно здравје? Пошо веќе треба да има а нема ни кај матичната, она ми кажа да одам да ги земам сама. Можам или има некое време посебно за превземање?
Ги земав денес брисевите, не знаат ни они зашто не ги имаат ставено резултатите. Иначе се е супер и дефинитивно болката е мускулна, матката притиска коа се шири и фаќа некои нерви изгледа. Така да лакше се дише.
Леле истото и мене ми го рече сега матичната за резултати од торчот. Се напнав, да морам да се малтретирам по пеколов. Ако знае некој нека каже.
Ништо не прават… коа дојдов дремеа, имаше девојка пред мене за исто дојдена беше, и само што ми ги даде ги прикачи и на мој термин.. и сеа ги имам и на апликацијава… искачав до кола… ќути службенава па имам паркинг без пари блиску… иначе пекол е надвор… и до 14 работат.. ама даваат резултати и пред 13 пошо пишува од 13-14 резултати само.