Жени што ќе се прави со неспиењево? Еден саат дали сум спиена и сега пред малце дремнав уште еден саат. Не се издржува веќе.
Ти наспиј се чим те тера на спиење, немај гајле Исто и јас, само сабајле од 4 конечно залади па жмурев у двор. Нека заврне дожде некое да го исчисти воздухов не само што е топло туку пече нос го осеќам дека е многу загадено.
Во колку легнуваш? Пробај покасно да легнеш, после 00 часот. Јас претходно ради утрогестанот ќе го ставев во 22.30 и легнував, ќе ми дојдеше дремка и после полноќ до сабајле дежурав. Сега ќе ставам утрогестан но на тел гледам Нетфликс нешто, вртам интернет и се држам будна до покасно. Пак се будам да речеме накај 2, за до тоалет и ќе се провртам во кревет саат време, но пак задремувам и склопувам барем неколку саати сон. Претходно дали саат два спиев.
Читам за болкиве и сакам да прашам..и мене ме фаќаат стврднувања од 26 недела ама на 2-3 дена и траат 5-10 секунди, неважно..Е сега, завчера и минатата недела ми беа долги и болни проследени као со менструална болка. Тогаш бев на дежурен, ниту отворена ниту ништо немаше, само бебе многу активно. Сакам да прашам, 33+1 сум, дали постои можност да ме фатат природни болки вака рано иако бебево ми е уште карлично свртено нагоре и стомаков ми е скроз горе залепен со градиве? Постариве ми викаат се наближувал пораѓај кога стомакот ќе паднел доле и така се знаело дека е и со главче надоле спремно Имаат некаква врска овие 2 работи или или слабо?
После 00 легнувам. Ми се спие, ама неможам да заспијам. Ај што се будам 6-7 пати за во тоалет , ама никако сон да ме фати. Таман негде после 6 сабајле ќе задремам, па ќе почне аларм да ѕвони за се по ред и толку е.
Другарка со демек спуштен стомак беше скоро еден месец, па на пораѓај и го буткаа бебето надоле од што беше високо. А бебе може да ти се сврти и ден пред пораѓај. Тоа никој неможе да знае.
Таман по книга те фатиле лажните контракции, мене од 23та недела па бев на ЕМГ. А бебле мене ми се сврти уште 26та недела, па ти ја разбирам паниката со прашањава, ама немора да значи. Менструалните болки се вид на грчења и ширења на матката, башка бебле што ме чачка доле. Мене ме полудеа цела бременост, се осеќам ко да ќе добијам. Беспотребна е паниката, нормално е све... Се дур не се жустри болките се е во ред.
Јас па во ништо вакво не верувам (не значи дека сум во право). Шо да кажам кога мене стомакот ми остана доле, највеќе бебе го осетив 2-3цм над папок, буквално у скут ми е стомакот. Последниве 10 дена за прв пат го осеќам и погоре ама пак најчесто доле, а сум веќе 36+. Никогаш никој не ми спомнал дека е доле плодот, цервикс долг над просек, болки у кичма никакви цела бременост, а богами и спиењето ми е супер. Следи си само болки на исти интервали и со посилен интензитет, со друго јас не би се замарала.
Да, знам дека во пракса е така, меѓутоа мене 2ца лекари ми рекоа тешко од причина што со главчето е скроз горе, а таму мене матката ми има форма како конус - вака /\ ( крива матка ја викале )..плус и постелката е баш во тој ќош. Кога бев на дежурен ми кажаа дека болките се најверојатно од движењата што бебуш пробува да се сврти, а не може. И некако и јас осеќав дека се се во едно место исти движења - десно од папокот. И матичната истото ми го вика бременост ко по книга Срцева акција, гадењето, лажни контракции и сите 500 симптоми ми се појавија како во учебник што ги пишувало, точно во тие недели Даа, јасно, да не се неиздржливи и постојани..Се се тешам - ајде уште малку остана
Честитки мамички @sani99 @Christina16 да ви се здрави и живи бебушките а вие да си имате побрзо опоравување
Јас се породив денеска, пре пре лесно поминав, малку сега боли епизотомијата ама ќе се издржи и тоа. Болки имав слаби ама на редовен интервал и од првата болка за 5саати максимум (вкупно со се тие дома 4саати) се роди мојот син Посакувам на сите по ред лесен пораѓај како мојот да имаат
Да си прашам...утре влегувам во 5ти месец...знам дека е нормално да се осеќаат затегнувања, болки, штрекнувања итн. поради ширењето на матката, досега само од страните осеќав, но пред малку баш по средината ме штрекна ко струја, подолу од папокот..и то 2 пати за неколку минути. Лежев на грб, не знам дали од то или нешто (ќе)се дешава Не знам дали да одам на доктор? Имам трауми од спонтаниот