И моето бебе од сам старт не одговара една недела со менструалниот циклус, туку секогаш ми пишува на наодите дека според менструација е една вредност, а биометриски е секогаш минус една недела од тоа и нема никаков проблем. Не е убаво тек ако недај боже не се поклопува биометрискиот раст со текот на неделите кога ќе навлезеш во понапредна бременост.
ЛаЧикита, не ми кажаа ништо такво, јас правев на ГАК, рекоа дека се е во ред. После тоа бев на рутински преглед кај матичниот кој следеше само срцева акција. Најдобро ти е да се консултираш со матичниот.
па не знам ева јас мислам дека е се во ред затоа што првиот пат кога бев беше 14.1мм според него бев тогасш у 6 недела по 3 недели кога отидов тоа беше денес бебушот беше 15мм и според него 8 недела...коментар беше малку мало,е сега како правилно треба не знам... у петок идам на друго место па таму ке се распрашам повеке.фала за помошта па што да конзумираме од јадење пиење највеке за да пркнат бебушките?
Спојлер http://tvoebebe.com/BREMENOST/ishranabrem.php отвори го линкот и детално се ти е објаснато за исхраната во бременоста.
Па првите 3 месеци, си бара само здрав начин на исхрана со многу витамини и избегнување на брза и вештачка храна и газирани сокови. Ако се храниш здраво и квалитетно, ќе си пркне како треба, без посебни форсирања во јадењето. Гледај само редовно да конзумираш млеко, јогурт, месо,риба, јајца и житарки.
Големи количини на овошје и зеленчук најдобро свежи мислам дека е најдобрата храна, содржат огромни количества на витамини, минерали и еден куп хранливи состојки.
Forko i mene nedelite ne mi se sovpagaat,gin.rece deka podocna nastanalo oploduvanjeto.Taka spored posledna mens.sum 13,5 nedeli,a spored ehoto 12 nedeli.Megutoa toa ne e problem,bebceto si se razviva i sega e 64,5 mm.Taka da uzivkaj si i ne se grizi za nisto.
чикита знаеш сега ова приватниве болници малце и од финансиски аспект ке ти речат да одиш и на друга контрола за срцето него мене друго тука ми влезе во очи да види дали се затворила преградата мегу коморите јас знам дека треба да биде затворена преградата и некои бебеиња се раѓаат со отворена прграда и ги пракаат на операција ако до 3 година не се затвори е сега незнам точно до која недела треба да се затвори јас мислам дека до28 треба да е затворена ако има некоја на форумот по упатена нека ни каже али ти не се секирај нели ти кажал оти се е во ред тогаш узивај си и отиди на второ мислење колку да ти се разјаснат некои работи што не можеме и ние тука да ги објасниме форко сите гинеколози тоа го викаат да се јаде рановрсна храна со многу овошје и зеленчук млеко и млечни производи месо и да се практикува варено или печено да се избегнува пржено тесто сендвичи пици тостови благо газирани сокови она што сите си го знаеме како здрав начин на хранење
Големи количини овошје и зеленчук, меѓутоа внимавај на миењето на истите. Избегнувај салати во ресторани,посебно марули, гледај дома повеќе да јадеш свежи работи, ако треба премивај ги и по 3 пати, се што може да се лупи, исчисти го, бидејќи голем дел се полни со пестициди. Лошо измиена салата може да има лоши последици, затоа внимавај на внесот на салати и овошје надвор.
Форко не се секирај и кај мене има разлика според големина на полдот и староста на ехото, односно е помало.Тоа е заради касна овулација. Инаку мамички се сакам да прашам и забравам дали некоја од вас има пиено Ревита во бременоста? Јас седев со една женичка која сега е трудна 2 пат и ми кажа дека во првата бременост пиела само Ревита никакви други витамини и дека во бременоста воопшто не ја фатила грип, а и детенцото што го родила вели дека е многу напредно за негова воздраст и смета дека тоа е резултат на Ревитата.
Една моја цимерка пиеше Ревита, по мое мислење џабе си ги даваше парите, не се поправи и не се поправи, постојано беше болежлива и имаше мигрена. Оние што пијат Ревита сигурно не јадат лоша храна, така да не е само до Ревитата јас познавам неколку луѓе кои пијат Ревита и сите тие многу внимаваат на исхраната, така да мислам дека не може една Ревита да доведе до толку многу напредок.
Мамички и мешковци, имам едно прашање , дали знаете кај се наоѓа тој магацин што Меу го има спомнато, во Скопје кај што може да се купат работи за бебушки а биле доста ефтини. Јас скоро се имам ама ми фалат уште некои работи па гледам комплетчиња за изнесување од болница, ќебенца, јорганчиња, пешкирчиња бенкици, шпикозни но цениве се вртоглави. Бев и во Сити,на третиот кат се е за бебушки ама тоа е таму огин и пламен. Нешто земав од Стружанка, нешто од старосватицата и од снаа ми ама сакам уште некои работи да ги доземам а сум растргната меѓу купување на намештај за нов стан, техника и бебешки ствари, а и плус сега мм треба да уплаќа учество за станот што да ви кажам МФ не ме спасува Купивме и количка релаксатор и транспортер, креветче имам и душече ама постелнина докупував од Стружанка, па ме интересира ваше искуство и некоја информација. Имате информации каде може да се набави за бебушкиве наши а да не е огин. ? Поздравче
Јас досега за сите бебиња купувам од Џамбо, си ги снабдувам со се од таму по доста ефтини цени, а богами квалитетот не е лош, секако не се, она што го одбирам е доста квалитетно и ефтино. Пример, на внука ми и купив шпихозни од Џамбо за 300 денари, цело лето ја топлеа, додека пак и донесоа на поклон од Окаиди едни 1200 денари, буквално ист квалитет, а не ја топлеа воопшто бидејќи и беа многу тесни сите модели им се такви, тесни иако со возраста се совпаѓа, а нели знаеме дека колку поширочко е облечено толку потопло и е, тоа инжинерски е докажано, воздухот е најдобар изолатор Едит: Инаку побарај во на Меу мислењата или малку поназад, има мислам опишано кај се наоѓа.
Таа продавница е во улицата кај полициската станица на Бит пазар, значи после полициската станица по улицата од лево, HIM се вика продавницата. Има евтини работи, ама колку се квалитетни не знам. На таа улица има повеќе продавници за бебешка облека, од лева и десна страна, не можеш да ги промашиш. Има неколку и на уличката што е од Бит пазар до женски пазар. Ако веќе одиш натаму во Бебето има убави работи, ама поскапи за разлика од претходните, па вреди и таму да поминеш.
И јас се согласувам со тебе Ревитата не може да прави чуда ако не се храниш здраво, ама викам нели да се распрашам за да ја земам како додаток и неа па можеби ќе ми го подобри имунитетот оти овие недели ме фати грип, ми се јави кандида,а гледам да се хранам здраво секој ден обавезно јадам по 1 кисело млеко, 2-3 јаболки и плус салати, а пијам и Пренатал.Ама нешто се ми се јавува никако да пркнам.Те и во 5 месец влегов и немам качено килажа само 3 кила преку сила.Да ме гледаш од стана ако не кажам дека сум трудна нема шанса да ме познаеш.За јадење немам некој голем апетит не јадам многу и викам да не е до тоа.Тражив ја по аптеките не ја најдев.
Ви благодарам мешковци утре се пуштам во поход на Битпазарска страна да видам и таму што има и да средам прво се за бебуш па после да се фрлам на средување на другиве работи. Господ да ми е на помош да не се породам во лифт изнесувајки ствари за вселување Поздравче имајте убав ден
Внимавај, немој да се предозираш до толку со витамини, и тоа не е на арно. На другарка и се појавија портокалови флеки на рацете од предозирање од витамин Ц и витамин Д, не дека е нешто фатално, ама може да ти се појави дијареа, може да се случи да не можеш да заспиеш, несоница да те фати, мене еднаш ми се случи од предозирање со витамин Ц од мандарини, по изедени 4 кила мандарини во еден ден и испиено 2 литра Цедевита, мислам дека и белките во очите ми станаа портокалови.
Ивановичка сеа ме стави во мисла . Јас имам само облеки за бебето земени од внук ми,според списокот од сестра ми, се останато допрва деновиве се договарам со мајка ми и свеки што и како ќе купуваме. Планираме до крај на 8 месец да бидеме комплетирани, во моментов немам ни пола од ова што наброја ти Јас ќебенце и мекички шпилкозни ко за зимско бебе земав од Џамбо, доста евтини беа, само за машки нема голем избор, ќе треба се исто да купиш, а инаку се наоѓаат доста работи за евтини цени. После дуќанот на Енци Менци мене се ми се гледа џабе
е вие веке речиси се сте купиле јас имам само едни патичиња и едно кебенце го купивме кога дознавме дека е машко... а здравје боже планирам некаде ноември ке купам тоа што ми треба, се мислам да одам до пп во тритекс имаат убави работи за бебенца и ефтини се, и друго што ми треба. количка нема да купуваме сега, ке купиме понатака и така зимава нема да ја користиме... п.с сите сме тука некаде со неделиве, ехех
мешенца ставив слика од мојата цуцка како што ви ветив да не речете дека сум ве заборавила skrieno-katce/moda-za-klinci-i-klincezi-t5211/450.html#p1345641