Хахах, леле не знам ни јас, некако мислам дека може само обичниве ора да ги изиграм, другиве не. Ама ќе зирнам за фустанов, фала ти.
Јас фустанов што ти го понудија не би го облекла воопшто а не па трудна, секое тело е различно градено. Јас големи гради и рамбо бицепси имам и ова буквално е ноу ноу. Како и да е можеш да носиш нешто лабавко и широко. Лично искуство, јас 6ти месец правевме матично, си сошив долен слој тесен фустан од памучно трико на прерамки, а одозгоре лелеав фустан од свила сечен под градите. Ги носам и двата фустани и заедно и одделно. Ќе можам да ги носам и одкога ќе се породам. Ако не сакаш да шиеш, провери Камала кај католичка имаат фустани од природни материјали.
Се сложувам, ваков фустан никако имам скоро ист, одамна купен за на одмор го земав. Многу шири и морав со каиш да го носам, за да се види дека имам струк @Feniksgirl Јас би те советувала да тркнеш до Зара, има тесни еластични разни модели и како со набори на средина, а долги. Ќе те соберат до 7 сигурно, а ќе можеш истите и после да си ги носиш.
Сладолед каснав ме изгореа киселини Има некоја друга мака од благото или пак си го заебав желудникот со нешто па сега реагира
Јас од благо си имав ептен киселини цел живот. Сега да не се подречам , ама уште не ми почнале. Знае некогаш да ми се врати храна нагоре, ама тоа е зошто сум легнувала одма. Сега јадам и шетам низ куќа да се сталожи па легнувам.
Абе до скоро си јадев доста благо и сладолед, сега еве неколку дена пожар во стомак полошо нема.. @BellaBibi се надевам ќе те одминат тебе
Не знам хахах моево бебе е изгледа алергично на благо, а каснам толку. И нагони на повраќање дури имам. И тоа еден сладолед што го обожавам сеа нема шанси, никако не можам да го јадам.
Јас па чудно без киселини ми е. Со жолчката што имав камен, бев постојанооо со киселини. Дури и од вода.
Ќе се тешиме со овошје ,па и гастрогард не помага да се чудиш Не се чуди ич, јас се чудев па еве шо ме снајде јас до пред тест да напрам си пиев терапија за желудникот па од бременоста наеднаш ми се смири, баш се си јадев шо немав јадено цела година скоро и ете ти сега..
Дури другарки што имале мака со киселини, ми нудеа гелчиња да ми нарачаат , викам абе супер сум, уште нема ништо. Ај ваљда нема да се појават сега на крај.
Незнам која од вас ги споделуваше овие рефлуСтат во Србија што ги имало, ама ги има и кај нас во Зегин...
Јас ги споделив. Аууу супер. Сега погоре баш за нив зборував. Супер што ги има и тука, барем лесно достапни ќе ни се.
Да, фини се, не се толку гадни како RefluStop на Waya. А и финансиски, Waya-та едно е 54, а овие се 3 за 50 денари. Е сега мислам дека поскапите се малце подобри, ама и овие вршат работа.
18та недела, денес најлош ден. Деновиве повраќав, а денес течна столица два пати и омалаксаност, болка во нозе, кркорење на црева, баш како вирус. Направив крвна слика, др ми рече флаширана вода и да одмарам. Ми препиша електролити, линекс и б6, смеам ли тоа? Б6 мислам е ок.Сега и малку грозница ме тресе дека цел ден на клима.
Има стомачен вирус, многу се болни. Трае неколку дена. Многу помага активен јаглен, две три таблети на ден. Но консултација дали смее во бременост. Другово штом ти го препишала сигурно смее. Полесна храна, избегнувај овошје, јаки зеленчуци. Двопек, чајче, банана земи.
И јас сум 18та, и вчера од нигде негде се исповратив… фала му на бога само вчера беше. Ама се преплашив бидејќи и здив снемав и наеднаш и низ нос повраќав. Вака немам други симптоми, не знам дали нешто и времево дополнително ни влијае.
Женски, до која недела пиевте Дабростон? Јас вчера влегов во 17та недела, а претходната недела кога бев на преглед, ништо не ми рече докторот, а и јас заборавив да прашам од шо само за бебето ми беше умот. Пијам 3х1 од 20мг. ,од 6тата недела поради хематомот кој исчезна до 12та. Тогаш го прашав, ми рече, ако уште пиј ги.