Не после еден час ми рече, пишано ми е и на ливче. На гладно, па 1 час после доручекот, пред ручек, 1 час после ручекот, пред вечерата, 1 час после вечерата и пред легнување да мерам. Два, три пати до сега профил имам правено.
Кои се вредностите за шеќер, денес земав резулати ама ми го немаше матичниот 1.-4.8 2-11.8 3- 8.7 Ми рекоа на граница, сега нз дали на строга диета да се става во или само да пазам
Обично се: 5.1 на гладно 10.0 после еден час 8.5 после два часа Секоја лабораторија различно, вака некако отприлика би требало. Зборувај со доктор, подобро оди со приоритетен упат на ендокринологија, па може ќе ти дадат терапија (глукофаж), може ќе ти речат само диета.
Жени, кај да најдам помал црн балон и конфети розеви или сини, сакам да и направам импровизиран балон за gender reveal на братучетка ми, има 7 години и многу се радува хаха. Ние сами ќе го дознаеме полот а врз основа на тоа ќе земам конфети таква боја, само балонот да не е проѕирен. Ќе најдам на бит пазар нешто такво?
Би требало да има во СУК Импекс, магацинот што е, ако нема таму одма после него, кај што има надвор вештачки цвеќиња а внатре има исто така свашта. Е сега само еден балон дали ќе успееш да купиш е прашање на пакување, ама сигурно ќе најдеш. Во СУК Импекс сум сигурна дека има црни балони, пакување од 100 балони за 200 денари. Пред да влезеш во продавничката во ходникот се балоните. Мислам дека имаше и готови за gender reveal. Само да ги надуваш.
Пиши на Google СУК Импекс, точна е локацијата сега проверив. Одма после театарот накај полицијата кога одиш. Од 9 отвараат, или 9ипол
Јас со првото си го сватив сериозно и ептен пазев. Мене ни тогаш не ми рекоа да се боцкам да проверувам, само Докторот ми рече да исфрлам благо, бел леб, тестенини. Дури ми напомна како може и благо само да не бидат некои ептен калорични торти. Ама јас скроз се исфрлив. Еве и сега тргнав од исхрана бел леб, благо, тестенини, ориз, компир,газирано и грицки. Е сега овие два дена малку повеќе леб црн имам јадено и тоа да намалам па ќе видам на следна контрола ќе ми каже ли некој нешто. Овошје вчера јадев едно јаболко, ама послето имав и втора ужина неколку јагоди и 10тина лешници. Најубаво е само по една ужина да имам така ? Ајде ќе се уходам полека полека. Фала ти за одговорот.
А твојот на граница ли беше шеќер кога проверуваше или повисок малку? Дека гледам построга исхрана имаш и пиеш глукофаж.
Апдејт од мене. Контракциите се бракстон, според матичната (дека не се регуларни), а и цервикс е добар, не сум отворена. Ме стегна и таму, ми помодре скамени стомакот... Бебево е доле, испод папок цело и може затоа и ме мачи. А 9 дена е напред, 33+4, одговара за 34+6. Наде вика ова бебе ќе оди до 4кг Како за женска, машала топче. Образи огромни уште сега има Рече да не се грижам, дека ќе терам. Став за природен пораѓај побарав... рече не се знае тоа, не знаеме како би се однесувала матката при контракции и каков ќе е ѕидот кај што е сечена кога ќе раѓаш, особено со големо бебе. Тоа вика Јане најубаво ќе си види. И така, брисеви земаа, пон ќе се готови. И после тоа да си фатам ред со Јане Инаку како падна една трудница од скалите кај матичнава... најверојатно и се слоши, се истркала буквално до доле Се надевам добра е, ептен сите се исплашивме...
Да, добра сум. Тогаш се напив фамосан, утредента пак на гладно и не се напив пак, немав потреба. Ама и благо немам каснато од тогаш
Баш ми е мило Ќе си тера уште девојката нема каде да брза. Добро е штом сакаш ти природно, јас некако се плашам. На последната контрола ме прашаа како би сакала, јас реков царски. Мада и тоа ме е страв, бидејќи имам некое мало искривување на 'рбетот и многу ме болеше кога ме притискаше со прстот да види каде да боцка. Ама ајде имам јас уште време, па после ќе размислувам. Ама ќе се издржува
Резултати од кај матична стигнаа денес од уринокултура. Ми имаше пишано порака дека ми има препишано антибиотик за да го купам. Ги отворив и гледам Ешерихија и Ентерококи. Ова испаѓа како 1000 на милилитар така ли? Малку сум смотана Сепак ете не за џабе ме пече... Скоро пиев антибиотик пред 1 месец, сега ќе мора пак. Да си тражам од аптеката и некој пробиотик ? Спојлер: Бактерии
Јас со сколиоза сум, а спинална од прва ме боцнаа среќа. Не ми е страв ни така, ни така. Сакам природно да пробам... Ама како речат така..