Здраво девојки! Дали има некоја со позитивен coombsов тест и како понатаму се води бременоста ако е позитивен? Поради неажурност на матичниот гинеколог пред 5 години имав спонтан абортус и не добив профилакса инекција, Б негативна сум а сопругот е рх позитивен. Сега сум бремена и многу исплашена. Има ли некоја со слично искуство?
Чекај, која недела си? Нели треба да ја примиш инекцијата. Таа знам покасно се прима во 20 и некоја недела. Еве кумашинкава ја прими веќе породена е. Има многу жени што се негатив. Што матична ќе имаше ништо да не те упати.
Јас сум 14 недела, инекцијата се прима во 28. Не станува збор дали ќе се прими или не, туку моментот што порано при спонтан абортус не е примена, а треба да се прими и тогаш, затоа што може да дојде до мешање на крвотокот на мајката и фетусот. Сега се плашам дека имам антитела и затоа ќе го правам тестот многу порано, по препорака на докторот што сега ме води. Моето прашање е , како се води бременоста и што се прави понатаму, доколку coombs тестот е позитивен.
Има тема негативен РХ фактор во бременост. Мислам дека после пораѓај треба пак примиш. Најубаво да видиш во темата, има доста членки со искуство. Немој да се плашиш, сигурно има некое решение. Да се консултираш и со лекарот за што понатака, знам дека се плашиш, ама се ќе биде добро.
Со првото не се сеќавам мислам бев 28 недела, сега тука прашував ми рекоа во 29та недела. Ме нервира што морам да ги потсетувам. Ќе морам пак да ѕвонам да видам кога ќе ми закажат, бидејќи веќе сум 28ма.
Незнам јас еве два дена се нервирам и незнам што е најпаметно да направам. Му пишав на Јани, ме откачи само со дека е на одмор. Мислев дека барем тој нешто ќе ме посоветуваше. Неможам да ги сватам упорно да велат дека тие не испитуваат генетски мутации и како не признаваат тоа дека е за терапија. Сега глупости антитела ќе ми проверуваат. Јас си продолжив со клексан да боцкам и кога ќе одам на контрола ако треба ќе се карам ама така лесно не ги прекинувам, посебно не сега во поголеми месеци. Ми нема логика и така се осеќам дефинитивно посигурна.
Порачав од Мк кесички Д-маноза и ми пратиле погрешни. На овие читам од позади хибискус содржи, а ве читав тука дека не треба да се конзумира. Иако реков препрашајте дали се дозволени во бременост. Поубаво да не ги пијам така ли ? Спојлер: Кесички
А, нема ли таму Д-маноза никаква? Јас цела 2023-та се борев со ешерихија, пиев и антибиотик, ама и од ова пиев.
Сигурно има, ама пред некој ден ги пратив баш овие на маж ми и реков прашај во аптека вакви или некои слични дали има и таа што работела му рекла нема такво нешто и маж ми запна ајде од Мк ќе нарачаме. Ама сега ќе мора да барам тука во некоја друга аптека, може ги има и во некои поголеми маркети.
Јас сум А-, мм АБ+. Бев секој месец на испитување за кумбсот. Беше негативен а јас имав антитела. На секој резултат од клиника што го зима ме бараа на контрола за 4 недели т.е. Ме следеа цело време. 29та примив профилакса. После пораѓај ако сме различна крвна група со бебле пак ќе ми ја стават. Проблем со спонтани поради непримање инекција е на пример ако сме различна крвна група со бебле и не ми ја стават, и јас повеќе нема да можам да износам бебе т.е. ќе ми го исфрла телото плодот. Засега си во ред. Која недела си?
Некоја со нервозни нозе и раце ? Збудалев мислам дека последниве неколку дена. Б6 почнав навечер, ама нема ефект. Нормална појава во бременост е, ама не се издржува. Ме исцрпува тотално.
Јас сум 14та. Утре ќе направам прв coombs тест. Дали сум ок временски или требаше уште од старт да го направам? Правев прв скрининг во 12та се беше ок со плодот. Се сомневам на позитивен coombs заради непримена инекција при спонтан абортус од порано.