Ама нели тебе ти паѓа шеќер, низок ти е, зошто тогаш да пазиш на храна и да мериш цел месец? Бар така те разбрав јас. Јас сум утре на контрола, но не ми рече цел месец да мерам него неколку дена пред да дојдам кај неа, а во тек на месец само по некогаш да правам контрола со апаратчето. Уште цел месец по 6 пати на ден да се боцкам ми фали.
Од последен оброк поминаа 11ч. Не јадев нешто што е со висок гликемски индекс. Претежно и така ми се движи шекерот мене. Блиску горна граница. Со инсулинска рез сум
Утринскиот шеќер и мене ми беше 5.7, зависи вечерта што си изела и колку касно, не се замарај со тоа, битно со оптеретување ти се супер резултатите.
Леле ќути не прашувај, срам ми е да кажам дека 2 месеци не сум била на контрола Добро е вака, поминаа мачнините и повраќањето еве и пеколните температури поминаа, се држам. Имам уште некои 2+ месеци, едвај чекам да поминат. Туку кога сум тука да прашам, имате ли болки во горниот дел од стомакот? Претходно не сум имала таму болки, прв пат приметив кога една недела бев сама со децата, се преморив, го кревав нонстоп малото. Сега од сабајле сум добра ама дека во движење цел ден и попладне веќе почнува да боли.
Можно ли е гадењето да ми се појави дури во 7ма недела? До сега немав никаква аверзија освен сензитивност на мириси, денес мислам ми се превртува желудникот при помисла на храна а не пак да каснам нешто. Едвај каснав ориз и мислам ќе умрев од гадење, а жива гладна сум
Па тогаш и се појавува. Кај мене траеше до 12та недела, немав повраќање ама одсабајле кога ќе станев како кнедли да имав во желудник, а навечер ме мачеа киселини. Почнав да сонувам ѓевреци и компири, да ми течат лиги на теста а тоа ништо не ми е на јеловник во нормала. Никако не си, и кога си најадена и кога си гладна. Јас обично одсабајле секогаш доручкував некако полесно ми беше. Нема спас, ова блаженава состојба и не е така блажена.
Дали лажни контракции би можело да се причина за скратување на цервикс? 23 недела сум, пред месец ипол ми беше 52 сега е 33 грлото на матката
Јас јадам луто, со првото исто јадев тогаш прашував тука и имаше поделени мислења. Да не се претерува нели. Јас одсекогаш јадам луто, сега гледам и да се воздржувам да не претерувам толку многу. Ама послатко ми е кога е луто.
Мене ме боли. Јас па префрлам на тоа дека баш таму ми е едната од раните од оперецијата на жолчката. Жени, кој беше магнезиумот од ДМ? Бев прееска и блеев и незнам кој беше и си излегов. Ако може некоја да прати слика.
Па како што имам читано неможе лажните да го кратат, ама нека кажат и поискусните. Јас ги имам уште од 16та недела, сега сум 28ма и овие последни денови ги имав ептен често секој ден. Доктор што ти вика? Со вагинално ли ти го мереа?
I mene utrinskiot mi bese 5.7 sega vo petok sum vo bolnica i na rezim plus aparatce da meram ne sum vo mk jas
Да, вагинално. Ми појача магнезиум (веројатно поради лажните) и мирување ми рече. За две недели на мерење повторно. Но, не знам од што би се тенчел..