Ќе те цитирам дали знаеш кога пуштаат термини кај Димчев? Кога да ѕвонам? Сакам втор скрининг кај него. Уште ми е рано, 15та недела, ама да планирам со време. И уште нешто, на бројчето на веб страната закажувате или има друг број за кај него?
На бројчето на веб страната, преку тоа закажав. Иначе од од понеделник од 19 ти јули е на одмор. Знали би требало да пуштат термини следна недела. Јави се три недели пред скрининг така може да упецаш.
@Feniksgirl цервикс ти мереше вагинално или ? Дали ти му побара да мери или дел од вториот скрининг? Инаку и јас сум утре, почеток на 21ва недела. Малку сум анксиозна дали се ќе биде во ред ☹️
Он ме праша дали сакам, реков сакам. И вагинално ми мереше, така и најверодостојно се мери. Се ќе биде во ред, опушти се. Само позитивно. Он уште одма коа ќе влезеш, те седнува и одма те прашува како си, како се чуствуваш.. префин е.
Леле и јас… 19+ сум и еве седам и ми тече… не знам стварно, Димчев ми вика ништо не е најнормално нешто, кај некој порано. Ама како поминуваат неделиве мене ми се зголемува мислам…
Само што си дојдов од кај матичната и си го видов моето сонце Машала за една недела колку ми пораснало, многу разлика има. Срценцето му е 160 отчукувања во минута Си го изнасликав, изнаснимав и цело време си ги гледам сликите и видеата Почнало и да личи на мало човеченце, ептен јасно се гледа.
Се топам на самата помисла Дури за на 31ви Јули сум закажана пак, многу далеку тоа леле ќе скренам. И тогаш дирекно скрининг. Ќе правеме и пренетален, тоа од која до која недела можеше да се прави мила?
Па од 10та веќе може, ама заради фетална фракција јас правев во 12 та. Сите ме советуваа да почекам скрининг па и така направив и одма после првиот се боцнав. И имаше доста фетална фракција 16и нешто беше. Да сега веќе така ќе биде на месец, после скринингот исто. Зависи и кај сакаш да правиш, ќе те советуваат секаде различно.
Фала мила. Има ли некој пренетален што е подобар од друг или сите се океј и функционираат на ист начин? Гледам цениве на сите му се се скоро исти.
Види во темава за пренатални, има доста искуства, јас во Биотек правев. Ама има доста лабаратории, секаде различно се чека. Јас сум задоволна од Биотек. Ама најубаво разгледај си повеќе искуства.
Океј се сите во глобала. Се разликуваат во палетата на испитувања кои ги нудат, и во различни држави ги испраќаат обработка. Зависи колку пари ти се даваат, и што сакаш да испиташ. А за искуство - секој различно. Најдобро јави се, распрашај се да ти објаснат и каде ти вика интуицијата - таму направи. Јас два пати се боцкав Панорама, не изолираа доволно фетална ДНК. Потоа Нифти Про во Гинекаликс правев, и се помина во најдобар ред. Ние зедовме пакет и за матични клетки, и заедно со пренатален знаат да направат пакет и попуст да дадат фирмите. Така да јави се, и види кој што ќе ти понуди.