Гинекаликс моментално имаат 50 евра попуст на Нифти, 620 евра е. Сакав Veragene, ама во последен момент се премислив, правев Нифти и чекаме резултати. Скрининг ок, приска со low risk, ама сепак одлучивме и пренатален да направиме. Инаку сега се кај Санте плус, преместени се.
Матичната моја не беше сигурна рече дека не било многу и не е страшно. Значи сепак да си отидам на еднокринолог. Таму ти ти препишуваат што да пиеш и ти даваат диета? Фала ти
Пренатален можеш од 10гн нагоре. Јас се одлучив за Биосејв зошто не сметаше клексанот, не го прекинав и во 10+1 го направив, имав над 6% фракција. Мене ми беше битно побрзо да имам резултати за синдромите, на прв скрининг ми беше доцна. Секако тоа мое лично мислење беше, повеќето прават 11-12 недела, јас немаше да бидам стрплива. Резултати имав за 5 дена, исто нешто што ми беше битно од каде најбрзо ќе ги добијам, петок ми земаа крв, вторник требаше да има резултати, но беше празник и неработен ден кај нас, средата одма ми јавија, во резултатот стоеше дека петокот биле ставени во Шпанија за обработка.
И јас го правев Биосејв, почеток на 10та недела и резултати добив за толно 7 дена заради празници. Го рекламираат 3-5 дена, но вработената ми објасна дека реално е 5-7 дена заради транспорт. Мислам даваат и 50еур попуст , ако се јавиш директно кај застапникот и после имаат понуда за матични клетки. Се на се беше ОК.
Мене не ми дадоа попуст :/ а инаку да, ако кај нас се неработни денови менува во денови, зошто им се затворени канцелариите и нема кој да се јави. Ама сепак, побрзи ми беа од другите. Јас имав среќа и со транспортот, дури и порано утрината дојде дечкото со епруветите да ми земат крв (а почнуваат од 9 наутро) ваљда зошто беше петок, да го фатат дхл со време да се испрати примерокот истиот ден одма.
Мамички, тие што сте породени во скоро време на Гак кои работи Ви беа потребни за во болница ? Што спремивте во куферче
Девојки искуство со Уреаплазма и Цитомегаловирус во бременост? Прв пат ми се појавуваат на брисеви, пред 3 месеци брисевите ми беа чисти, сега сум 8ма недела и на брис ми излезе ова... Да нагласам дека резултатите ми ги дадоа одма нареден ден , а до сега секогаш сум чекала минимум 3-4 дена за резултат од микробиологија. Дали е можно некоја грешка , да барам повторни брисеви?
Имаш ли симптоми? Јас би ги повторила... Однеси во Пролече нови или ако можеш приватно. Јас во втората бременост имав ситуација каде имав позитивна уреаплазма на брис, а немав симптоми. Направив нови брисеви приватно, каде бев чиста. Не пиев антибиотик, а бев 12та нед. До крај на бременост немав никаква бактерија. Плус чудно што за еден ден ти ги дале. Обично поради антибиограмот, два дена се чека со позитивни резултати...
Немам симптоми имам исцедок ама тој го имам цел живот и цел живот имам кандида, и сега е позитивна кандида. Прв пат добивам ваков резултат, секогаш поинаку изгледале
Уреаплазмата е на брисот од цервикс. Ама сега па со овој резз од кај ќе знаат кој антибиотик e сензитивен, нема антибиограм?
На ендокринолог оди прво, веројатно ќе ти речат да го мериш шеќерот прво, па после со резултатите ќе видат дали си за терапија или само за диета.
Да чекаме подобри услови на Гак сега со новата директорка или пак исто ќе биде? Денес 30 та недела. Како помина времево. Вчера му викам на мм, дека ќе ми фали мешево, мрдањето на бебуле. Знам дека ќе ја имам најголемата среќа во раце , ама почнав да си плачам за мешето. Почна некоја еуфорија да ме фаќа, па се преиспитувам за се, измешани емоции ме дрмаат ептен јако. Сега на мајка ми пријателк беше, си збориме околу бременоста, што како ми е и ми вика, ти штом влезеш во 9 ти ќе се породиш брзо ми вика. Јас вака А јас па друго ми се врти во глава…за брзо второ бебе… Ама ова само мои замисли де.
Не е чудно што се готови за еден ден, ова е сработено со PCR метода, горе пишува молекуларна детекција, затоа се за еден ден резултатите. На обичен микробиолошки брис со култивирање ќе ги добиеш бактериите, вирусот нема да го детектира.
Дали е 100% веродостоен? Читав дека треба за вирусот игг игм на ова нема ништо,активен е или сум само носител, прв пат гледам ваков тип на резултат малце ми е чудно. И уреаплазмата на другите брисеви сигурно ќе ја детектирало претходно, по 2 пати годишно си правев микро и хпв типизација затоа што имав хпв тип 42 на последните го немав и тој..
Slicno se cuvstvuvam. Vremeto prebrzo minuva… isto i jas se preispituvav… mene mi se vrti 3to vo glava
За IgM и IgG антитела на CMV ќе провериш преку крв. Овде е најден вирусот, јас исто првпат гледам дека се испитува и во брис од вагина. А уреаплазма е најдена секако, ја имаш, ама може да е присутна во помал број и затоа до сега со класичен брис не ја детектирало. Кога е помал бројот од 10^4 тогаш се одговара како негативна, а реално ја имаш.
Здравo, брисот во 36та недела ми искочи позитивен на стрептокока, и докторката каде што ја водев бременоста и матичната ми кажаа да не земам ништо од антибиотик, само на пораѓај дека ќе ми дадат терапија, а др.Котларова која ќе ме пораѓа ми кажа да земам амоксицилин од 500 3х1 5 дена да ги пијам. Дали има некоја која била во ваква ситуација да сподели искуство?
@BellaBibi Сите чекавме 36та зашто матичната кажа барем до таму да ја износиш бебка... Сеа кога сум веќе навлезена во 9ти, 37+2 многу е подруго чувството. А животов хаос. Дома почнаа да реновираат, мм со пријателите, сите пари си ги истрошивме. Ни фалат пари. Бебле доаѓа ние ништо на страна. Јас кај моите на гости... А моите ги спука стомачниот вирус. А јас 24/7 сум со нив. Се молам на мојот имунитет. Ништо друго. Баш онака делириум ме пука еден. До толку што баш ништо не чуствувам. Ми се плаче и хистерија ме пука. У исто време и плачам и се смеам. Мислев дека барем еден ден ќе се опуштам пред да се породам ама сачуј боже... Цел живот викам бебе доаѓа коа си најнеспремен и навистина така искочи да биде во мојот живот. А мешлаков ќе ми фали, секое мрдкање сакам да ми се врами на ум. Језда више стварно станува мачно, ништо неможам да направам, ко лубеница сум, ме штрека секое мрдкање. И башка ми е тапа што ќе е царски зашто сакав одма на второ. Еве бејби бреин уште еден, требаше денес лабараториска крвна да правам а јас си пиев кафе. Госпо на помош