се прават ли последните брисеви ако имаш закажан царски рез, читав дека се прават до 35 недела, а докторката ништо не ми спомна,веќе сум 36 та
се прават ли последните брисеви ако имаш закажан царски рез, читав дека се прават до 35 недела, а докторката ништо не ми спомна,веќе сум 36 та
Здраво, некоја со слично искуство за положбата на постелката. Од денес сум на мирување. До сега беше добро поставена, немам крварење на редовен преглед виде матичната.
Се прават секако. Јас можеби ќе сум царски, чекам да ми кажат... ама брисеви си правев. Ама знам дека нема врска, мора да се направат и вака и така..
Ќе мигрира до крај постелката. Како расте бебе, расте и таа. Мене исто таа недела доле на грло ми беше, јас и прокрварев... после мирував, терапија, во 22ра беше 2цм подкрената од кај грлото и на секој нареден преглед беше поместена.
Мене со првото Докторот што ме породуваше ми рече нема потреба да ги правиш да даваш дополнително пари, тогаш се пораѓав Ремедика. Што знам јас тогаш го послушав, не дека е така попаметно што знам.
Мојов од Ремедика па ми рече да ги направам. Иако е со став повеќе за царски (ради претходен царски, големо бебе)...
Што знам мене тогаш Ефремовски ме пораѓаше и баш така настрана ми рече нема потреба дека се знаеше царски, вели да не даваш пари плус. Ама гледаш секој различно, а тука здравје имам уште време ама ќе видиме како ќе ми кажат така ќе правам.
И мене ми рекоа ако си сигурно со царски нема потреба. Јас сите ги направив, не само за стрептокока. Јас би ги направила во секој случај.
Стигаат кај матичен. Е јас си ги испринтав од Мое Здравје ги симнав, зошто во Ремедика ќе ми ги побараат..
Никако не успеав да се најавам на мое здравје си ја забораив лозинката ама чим стигаат кај него добро е да не одам во болница. Едит: се најавив, требаше да се пожалам овде за да се сетам
Од клечење можи да ми биди нешто? Си чучнав и ја миев кантата за ѓубре и после дури се сетив Осеќам малку како мрдање на мускулите долу. Се надевам нема да има последици 18та недела сум.
Неее, па како вежбаат трудници. Уживај, мене Димчев чврги ми маваше у стомак да мрдне цуцава моја хахах ама не попушташе, терсене ништо страшно, ако ти смета не прави така веќе, плус уште сме со мали мешиња, е тек понатака ќе биде војна
Јас редовно клечам за непто,дури и обувки облекувам такс без седнување. Некој ми кажа не било добро да клечам, ама читав и нема ризик за бебето или мајката освен болка на и така ослабнати лигаменти. Обично и squat како вежба е безбедна за трудници.
Хаха во право сте, уште не смета мешето А и одма ми текна на чучњеви во вежбањето. Ама мене уште од почетокот ме исплашија тогаш со хематомот, па претходно спонтаниот, пази се ова она, демек високо ризична бременост и така со страв...иако јас добро се осеќам, фала Богу, а и бебето засега е ок. Да, ослабнати лигаменти се во прашање. Ќе си пазам од денес, нелагодно ми е сега. Свекрвата одма ме искара. Фала ви
Тек ќе почне доле од лигаментите да те боли, сеа овој триместар највеќе растат, стануваш и стомак хаха. Не знам коа ми порасна ставрно, и маж ми вика ауу колкав ти рипнал хахах.