Problemot e ustvari doktorite što ne sakaat da prodolžat, sekako te sečat, sekako si vekje na operacija, mene lično polesno bi mi bilo taka. Ama sekako doktor rešava
Мене на пораѓај (цаарски) ми извадија 3 миоми од надворешен ѕид, без претходно договарање (на ГАК). Така да може ако сакаат
Изгледа ти биле помали. Мојот е скоро 8 цм, и докторот ми вика дека ќе има многу обилно краверење ако треба да се извади миомот...
Ние сме тука со неделите мислам дека, плус минус некој ден, ако не се лажам. Ќе издржиш, ќе издржиме. Јас пред некој ден сред ноќ и се изнаплакав од мака со неспиењево и што се боцкам секој ден ( мислиш единствена сум , па драми си правев во главата). Бебе си расте и се истегнува. И мене ми е камен стомак на моменти. Од под гради, до доле и странично до ‘рбетот сум оптегната. И јас слаба сум. И килажава рачунај си го орави своето. Бебе се врти, фаќа позиции , ама скоро па и да немаат веќе место. За клексаните. Со штипка јас не успеав, зошто немам месо , туку на ивица од врата или столб ако имаш низ дома, се лепам до раката и наоѓам место за боцкање. Не си стиснала убаво, затоа истекла крв. Еве слика колку се гледа, како се лепам на столб и боцкам. Дури и со лева рака се испраксирав.
Не сакаат ни на другаркава, ни во систина ни на државно. Миомот е полн со крв и може да се доведе трудницата до животнозагрижувачка состојба. Може да искрвари и не се препорачува. И затоа ќе ја породат и самиот миом ќе се намалел така и кажале па после ќе можело лапароскопски. Едниов доктор и спомнал дека може и при доење само да исчезне.
Мене ме одбија за биопсија уз царски. А и со право и причина. Ем се изложуваме на дополнително крварење , ем дополнителни болки, ем дополнителна терапија поради која ќе неможе да се дои.
Кај мене па се нафаќа Димитров за биопсија. Дека имам најверојатно ендометриозни цисти на двата јајници, ама мора да се потврди со биопсија, за да бидеме сигурни дека е еднометриоза, а не некоја друга не дај Боже малигна промена, иако тумор маркери ми се мирни. Па ми рече ако е царски, обавезно ќе земе примерок за биопсија. Ама за отстранување на миомот не сака.
@nikja Што направи со непцата? Отечени ми се и мене од внатрешниот дел и ми пулсираат, на нерви ми одат. Ти се смирија ли тебе, што ставаше?
@mariz ти се среди ли дијастазот после втората бременост? Мислам, дали се подврати во нормала стомакот или остана нешто? Јас имав со првото, а гледам дека и сега е исто, ме плаши тоа дека ќе се провлече прилично пошто мене и бременостите ми се блиски. Не ми се врати во нормала мускулатурата, а пак трудна
Не.. и со вежбање малку, имав уште 2цм дупка измеѓу мускулите. А па стомакот рамен и после 2 деца родени, даска. Мака со тоа не сум имала, брзо ми се враќал и по пораѓаите...
Миличка мене Генгигел ми помогна. Околу 600 денари е ама помага. Само види дали е дозволен за трудници. Исто така можеш и со чај од камилица да се плакниш, и четка ultra soft обавезно.
20 недела, ама не удари туку јасни движења, ти се превртува во стомак, се движи лево десно... И по некој удар веројатно има или штуцање.
Плодова вода 4см, тоа било на долна граница. Последните два прегледи (во 32 и 35 недела) ми е 4см. Да го мислам и ова сега или нема потреба?